Младиќу,
од твоиве дописи, дури и ако се повикуваш на стихови од Светото Писмо, се‘ уште не ти е јасно кој Е Исус и со каква задача Он беше пратен на Земјава од Неговиот Отец Небесен.
Туку, кога сме кај стуховите, ај најди го и стихот во кој Он му вели на Филипа дека кој Го видел Него (Исуса...), Го видел и Отецот Небесен.
За да ти станат рабојќето троа појасни, нели...
Еве го стихот...
Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе?
Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот
Ама не е спорно ова,зборам за сосема друго.Но,мислам дека ти или верниците синот божји го сметаат дека тој е негде надвор од нив,некој таму човек ,кој бил во историјата и кој треба да дојде,некогаш.
Не така,да се разбереме, мислата да ти биде дека сите сте синови божји ,па и ти.А кога мислата произлегува од твоето постоење или секој од себе да му биде појдовна точка, мозаикот за синот божји и бог ќе добие една целина.
Така да кога ти постирам цитат,тргни од себе
„Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене,
ако не му биде дадено од Мојот Отец.”
Отецот треба да ти даде,а не синот..синот си ти.
Или кога вика
Ако некој сака да врви по Мене,
нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене;
25. зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде
Го покажува патот како да го одиш,ова да се одречеш од себе е истото што Исус вика..нека биде волјата твоја(кон Отецот),а на моја.
Ти си синот на земјата,а додека синот е на земјата треба да го чекори патот кој Исус го покажа и да ја бара славата на отецот,а не на синот.Дали ме разбираш?
А што правите вие-верниците...направивте идол од синот,како да е некој таму далеку и се молите на некој во вашите мисли за кој мислите дека не е во вас,внатре.
Може те буни она дека синот е еден,а со очите гледаш многу мажи,па си викаш како кога еден е!Прво не гледај со телесните очи,треба да развиеш духовни очи!Тие гледаат поинаку.
За бројката размислија вака...жена како зачнува?
Мажот исфрла семе милиони и сите брзаат кон матката привлечени од неа,но еден ја оплодува.Затоа трчај(оди го патот на Исус) за да друг не ти ја земе наградата!
Додека си на земјата прославувај го отецот ,за да кога умреш и воскреснеш,отецот те прослави тебе,давајќи да седнеш од десната страна на престолот.
Отецот дава на еден,а ти ќе дадеш на сите,односно отецот привлекува еден,а ти ќе ги привлечеш сите!
Тоа е тој круг,и тие се едно.
Еве ти цитат...Исус што вика!
И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.