Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    688

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.844
Поени од реакции
26.429
Трамп вчера се роди пак само бидејќи ја мрдна главата. Од кога стана и ја крена раката, ги доби изборите. Со таа тупаница ја запечати судбината на Украина. До година ова време прашање е дали Украина ќе постои, се надевам дека грешам!
Постои поинтересно сценарио, а тоа е САД да излезе од НАТО и да ја остаи Европа водена од Либтарди да се прпелка во гомната. Сметам дека и ова е опција која има веќе излезено од устата на Трамп.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.234
Поени од реакции
4.844
Тоа е причината за војната. Ако не се постигне тоа со војната, Русија ја изгубила. Ништо не направила. Односно, тоа би бил мировен договор кој неминовно би довел до нова војна, многу наскоро.
Суштински, не би било тоа мировен договор, туку пауза за подготовка.

Мислам дека не може да постои некаква НАТО-антируска Украина во било кој мировен договор, колку и квадратни километри да држи.
Целосно се согласувам.
Прашањето ми е, како Русија реално ќе ја постигни таа цел?

Или ај да го поставам вака прашањето,
Како после 2 и пол години релативно рововска војна со силни дефанзивни линии и на двете страни, каде Украина е силно поддржана од Западот - финансиски и воено, каде фронтот се поместува незначително и каде во Украина веќе постојат надворешни структури од НАТО земји, Русија ќе ја постигне таа цел?

Или ај вака, најопипливо:
Колку територија или до каде Русија треба да и земи територија на Украина за Русија да ги постигни овие цели?
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.092
Поени од реакции
3.638

Ocigledno Rusija saka da go fati zapadot na kondicija.. ili ke prekine vojnata koga ke dojde tramp i ke im ja otstapi pola ukraina na rusija ili rusite ke vojuvaat dodeka ne krahira ukraina, odnosno dodeka ne snema vojnici i oruzje..
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.738
Прашањето ми е, како Русија реално ќе ја постигни таа цел?

Или ај да го поставам вака прашањето,
Како после 2 и пол години релативно рововска војна со силни дефанзивни линии и на двете страни, каде Украина е силно поддржана од Западот - финансиски и воено, каде фронтот се поместува незначително и каде во Украина веќе постојат надворешни структури од НАТО земји, Русија ќе ја постигне таа цел?

Или ај вака, најопипливо:
Колку територија или до каде Русија треба да и земи територија на Украина за Русија да ги постигни овие цели?
Од погрешен аспект тргнуваш, цела војна никако да разбереш дека територија во војнава има само тактичка важност.

Што се тиче твоите прашања и „дилеми“, еве го одговорот:

Автоматски споено мислење:

Друг муабет е тоа што некој во Пакс Американа сериозно се преценил и воено индустрискиот комплекс на западните не може да го држи ова темпо на војна на истоштување. Дури и Украина да има бескрајно многу луѓе за мелницата на месо, што секако дека го нема... Од другата страна некој на руска страна изгледа сето ова солидно го испланирал, врз база на фактичка состојба а не врз база на фантазиите кои западните ги имаат за сопствените можности. Во контраст, некој од западна страна со цел памет се обидува воено да уништи воена велесила - во време додека во САД и вазалните држави наголемо се спроведува социјален инжинеринг за суштински општествени промени и поделби преку дегенарација, со сите тие нивни DEI вработувања итн.

Видовме завчера како функционираат DEI вработувањата во обидот на атентат на Трамп. Тек ќе гледаме ако продолжат вака работите.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.226
Поени од реакции
85.902
Невозможно е Русија да прифати мировен договор во кој стои Украина во иднина да може да е член на НАТО... Една од причините што влегоа во војна е баш ова. Не знам што треба да се случи (можда украинциве да влезат во Москва...) па да прифатат такво нешто русиве
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.738
И било што од тоа само со гаранции, не само ветувања. Е сега какви гаранции би биле тоа којзнае, пошто со западниве ниеден договор не вреди ни хартијата на која е испринтан.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.772
Поени од реакции
8.859
Не знам што треба да се случи (можда украинциве да влезат во Москва...)
На фундаментално ниво ова у Украина е борба помеѓу две идеи, помеѓу мултиполарност и хегемонија. Постојат два тренда у таа насока а тие се раст на страната на мултиполарноста и пад на страна на западот, тоа е тоа што ја одлучува иднината.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.234
Поени од реакции
4.844
Од погрешен аспект тргнуваш, цела војна никако да разбереш дека територија во војнава има само тактичка важност.
Ок, јасно ми е, како што пиша @Björn таа територија ќе (може да) служи за размена за добивање други цели.

Прашањето ми е како Русија реално ќе стигне до тие цели.
Популациското редуцирање на Украина засилено од војната нема да има ефекти во наредните 5-6 децении според твојот график.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.738
Ок, јасно ми е, како што пиша @Björn таа територија ќе (може да) служи за размена за добивање други цели.

Прашањето ми е како Русија реално ќе стигне до тие цели.
Популациското редуцирање на Украина засилено од војната нема да има ефекти во наредните 5-6 децении според твојот график.
Па одговорот е очигледен: Постигнувањето на целите ќе се направи со победа во војната.
Противник кој нема војска не може да војува.

Графикот не зема во обзир дека војната сеуште трае, а Украина веќе и деца регрутира (копиљачката со минофрлачот нема повеќе 20 години, ако и толку). Влоговите се толкави да ЕУ вазалите почнуваат да воведуваат и служење задолжителна воена обврска. Пази за што и за кој навиваш, пошто следни сме и ние овде. Само што овде наместо Азов регрутери ќе бидат УЧК.

Од исходот на оваа војна ќе завистат многу понатамошни ГОЛЕМИ случувања тектонски промени во геоплитичкиот поредок. Наведените цели на РФ се најмалата и најневажната работа во сето ова... Територијата па уште помалку. А да не се лажеме, кога ќе заврши војната ќе има и територија и ненаведени покрај наведените барања. Но сето тоа е ништожно покрај вистинските влогови кои се во игра.

Или тебе уште не ти е јасно зошто западните навалуваат за ова како да е крај на светот? На некој начин и може да биде, за тие најодговорните па затоа го ризикуваат целото Човештво. Но ајде да не ширам премногу, веројатно те изгубив уште на првата реченица.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
252
Поени од реакции
364
Постои поинтересно сценарио, а тоа е САД да излезе од НАТО и да ја остаи Европа водена од Либтарди да се прпелка во гомната. Сметам дека и ова е опција која има веќе излезено од устата на Трамп.
Не може Трамп да ги извади САД од НАТО без одобрение на Конгресот на САД. За тоа се погрижија демократите со посебен закон пред неколку месеци. Не знам точно каква е сега процедурата, но знам сигурно дека Трамп не може своеволно тоа да го направи.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.481
Поени од реакции
36.442
Па одговорот е очигледен: Постигнувањето на целите ќе се направи со победа во војната.
Противник кој нема војска не може да војува.
.
Нема да се случи тоа. Тоа ти зборам јас и хјуман цело време.

Ништо не покажува дека Русија ќе ја порази воено Украина и ќе ја принуди на неутралност и капитулација. Нема таков воен капацитет Русија после две и пол години војна.
Автоматски споено мислење:

Помина времето на давање гаранции од страна на Западот. Дури ни кај нас не веруваат на гаранциите од Западот, околу тековниве проблеми.

Нема прекин на војната додека Украина не стане неутрална и демилитаризирана. Териториите се само платежно средство преку кое ќе се постигне тоа. И не, после минскиот и другите договори, не постои иднина во која Кина или Русија ќе прифатат некакви си западни гаранции за било што, било каде. Не само во Украина. Помина времето во кое западниот збор значеше нешто. Премногу пати го прекршија својот збор. До мир ќе се стигне преку механизми кои ќе гарантираат неутралност и демилитаризаија на Украина.

Ако, на пример, Украина на преговарачка маса успее да изгуби пола територија, ама успее од Русија да добие дозвола за евроатлански интеграции (секако на НАТО мислам), тогаш е на коњ и може да рачуна дека ја добила војната. А Русија ништо не направила.
Тоа “нема прекин на војната”, не е толку едноставно да се каже. Украина прави се за оваа војна да ја кошта Русија многу. Затоа и се нападите на Руска територија, воени бази, бродови, радари и слично. До кога Русија може да со дозволи да е до гуша заглавена во ваква гадна војна.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.738
Нема да се случи тоа. Тоа ти зборам јас и хјуман цело време.

Ништо не покажува дека Русија ќе ја порази воено Украина и ќе ја принуди на неутралност и капитулација. Нема таков воен капацитет Русија после две и пол години војна.
Ништо, а?
Ај по трет со најбаналните моменти. За стратегии и логистика јасно ми е дека не сме (сте) на потребно ниво да дискутираме.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.234
Поени од реакции
4.844
Па одговорот е очигледен: Постигнувањето на целите ќе се направи со победа во војната.
Противник кој нема војска не може да војува.

Графикот не зема во обзир дека војната сеуште трае, а Украина веќе и деца регрутира (копиљачката со минофрлачот нема повеќе 20 години, ако и толку). Влоговите се толкави да ЕУ вазалите почнуваат да воведуваат и служење задолжителна воена обврска. Пази за што и за кој навиваш, пошто следни сме и ние овде. Само што овде наместо Азов регрутери ќе бидат УЧК.

Од исходот на оваа војна ќе завистат многу понатамошни ГОЛЕМИ случувања тектонски промени во геоплитичкиот поредок. Наведените цели на РФ се најмалата и најневажната работа во сето ова... Територијата па уште помалку. А да не се лажеме, кога ќе заврши војната ќе има и територија и ненаведени покрај наведените барања. Но сето тоа е ништожно покрај вистинските влогови кои се во игра.

Или тебе уште не ти е јасно зошто западните навалуваат за ова како да е крај на светот? На некој начин и може да биде, за тие најодговорните па затоа го ризикуваат целото Човештво. Но ајде да не ширам премногу, веројатно те изгубив уште на првата реченица.
Скокаш неколку чекори кон тие тектонските промени.

Да, на Украина и е редуцирано населението од 90та. Уште повеќе со одземањето на дел од териториите од страна на Русија плус бегалците. Но сеуште останува голем дел што војната нема да го потроши. И нема начин, бидејќи претежно е рововска војна со високо утврдени позиции, чие освојување бара поголеми жртви кај напаѓачот. Дури и 100 000 да губат годишно (што е прекумерно), можат да тераат така 2-3 децении.
Жени во војната (како и секоја) има од самиот почеток.

Да сумирам, Русија нема да ги оствари целите преку редуцирање на Украинското население.
Затоа те прашувам пак, како Русија планира да ги постигни тие зацртани цели?
Па после може да зборуваме за "тектонските" промени.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.662
Поени од реакции
20.745
@Vanlok
Ај да се класдимо дека минимум још три пута моеш да га стаиш тфит сс тој дете?
Добро што ти е курац сс тфитер,океј е.Миљон пут едно исто постираш.Ќораф ли си?
И да,досадан си сс Пакс Американа,Дап,Нафо екипица и овј ебан емотикон.:unsure:
Бива те за овија работе,ама не биди пролиф.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.477
Поени од реакции
12.270
Тешко им се пишува на Русите откако ќе превземе Трамп. Незнам од кај тоа дека ќе им ја даат Русија на тацна и тн. Трамп им споеба Вагнерци во Сирија.
Зарем до сега поука се нема, тоа што го говорат во предизборието е само да се изманипулира масата. После кога добиваат функција за да бидат лајкува и од медиуми секогаш контра работат на се тоа што го ветиле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom