Такво примирје ќе ја направи Украина како Тајван.
Само во нафо влажните сонови...
Прво Тајван нема уште долго да биде амерички сателит. САД слабее додека другите зајакнуваат, и САД е само експедициона сила без можност да води голема војна против макар малку поспособен противник. Да не банализирам со Талибаните, таму Америте повеќе беа влезени за да прават пари (од опиум) и кога работите станаа поскапи од профитот едноставно се спакувиаа и со отидоа дома. Пардон, немаа време ни да се спакуваат. Но гледај сега друго племе во сандали и чаршафи ги понижува, за нив и за нивните вазали е запрен сообраќајот низ Суец, а на Израел им го банкротираа единственото пристаниште во Црвено море. Двоцифрен број на Рипери им срушија, бродови потопуваат, итн.
Второ... Тајван е Тајван, за САД е важен не само како сателит и испостава туку и заради технологија и производни капацитети. Украина им е само кypтон, за еднократно користење и потоа се фрла. Никогаш нема да биде тоа што беше Тајван. Попрво ќе биде радиоактивна пустина, ако се случи некое чудо и таква промена на парадигма да западните почнат да добиваат таму.
Не знам според која воена доктрина сметаш дека било кој може до недоглед пола планета далеку да држи сателит против воена сила која има копнена граница со тој сателит, и таква граница која нема природни препреки кои се озбилни пречки за конвенционална војна. Ваљда последица од твоите аматерски гледишта и светоглед.
Ендгејмот на западните беше создавање услови за државен удар внатре во РФ. Буквално немаат шанси за тоа, и некој сериозно ја усрал работата во планирањето кај Пакс Американа... Со оглед на кадарот кој сега го имаат, не е ни чудно. Тек ќе гледаме сеир и циркузи со нив. Што е добро за нас Македонците... Многу е добро.
Русија нормално нема да прифати примирје зашто тогаш е готова работата до Украина. Едини спас е да ја капитулираат. Они не можат едно село да земат со месеци а камоли цела Украина.
Да, така војуваат. Полека и со минимум жртви. Колку што е можно, се разбира. Гинат и они нормално, ама дали третина од населението им го имат снемано во РФ? Од друга страна за Украина проекциите се дека 70% население ќе изгубат (само 70% ако војната заврши сега веднаш)... Што мислиш до кога ќе можат да ги бранат сите села со топовско месо?
Не дека ќе се свестиш, ама којзнае.