Ги држеа да... Ченто најголемиот идеолог за Обединета Македонија и рамноправност на Македонците во Југославија во затвор, стреланите Партизани кои нејќеа на Срем, туку на Солун брутално убиени, на Панко Брашнаров гробот не му се знаеше до пред некоја година, Христо Татарчев основач и прв претседател на историското ВМРО го избркаа ,,господата со шеширите" од кафана во Ресен (човекот во сопствениот роден град не можел да се врати да живее), Неџат Аголи исто на Голи Оток завршил, Венко Марковски, Петре Пирузе... да продолжам ли? Па еве и да било подобро во тоа лажно ,,братство и единство" (вештачко створено убедување), зошто во 90те имаше војна? Од многу љубов ли? Страшно што се случува со македонската нација... Отидете во Србија, Хрватска, Босна, Словенија, па дури и во Црна Гора 90% од луѓето ќе речат дека Југославија била лоша и дека си сакаат независна држава. Има дури и ликови кои се потсмеваат на Словенците дека биле ,,европјани" уште тогаш во времето на СФРЈ. За разлика од нас Словенците си ја сакаат државата и не кукаат по некакви си бајки како ,,братство и единство". Не дај Боже некој да направи анкета на улица во сред центар на Скопје или било кој град на тема: Дали сте за независна Македонија или за враќање во Југославија? Лично јас како Македонец ќе се срамам од тие одговори...