Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.767
Поени од реакции
8.380
За време на истиот тој комунизам е стандардизиран јазикот и азбукаата со која денес се служиш,
прогласена автокефалноста на Црквата во која одиш на венчавки и крштевки
Скопје е изграден повторно од темел по земјотресот 63та, не дај Боже такво нешто денес да се деси, ќе просиме од ЕУ и НАТО хуманитарна помош од која 80% ќе заврши у џеб на поединци кои глумат патриотишта.
Не ја преместувај целта, значи дискусијата беше не-еднаквиот економски развој во Југославија со фокус на Македонија. Не беше за јазици, цркви, итн.. Да се задржиме на единствената точка за материјален развој во твојот коментар а тоа е реизградбата на Скопје после земјотресот.

Знаеш дека буквално Скопје било реизградено со просење по целиот свет така? Од тука и доаѓа делот за Град на Солидрарноста. Универзална Сала, МКЦ, болниците се тоа е изградено од странци, според странски проекти. Железничка, Градски Ѕид, дел од болниците повторно странци. И со оглед на тоа какви биле оригиналните проекти, а што се изградило дали се крадело или не ќе оставам на другите да одлучат. Впрочем денешните лопови не се паднати од небо туку се деца и внуци на тогашните властодршци.

Од слични системи, Јереван има метро, а Ерменија нуклеарна централа, Тиблси има метро, Минск има метро, али затоа во Скопје од 1946 до 1990 не можеа ниту стадион еден да изградат, ниту државна болница.

Се прашувам да беше земјотресот во Словенија каква ќе била реакцијата од Југословенската држава, нешто имам сомнеж дека нашите градежни фирми ќе работеле 24/7 во Словенија и тоа од "солидарност".
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.666
Поени од реакции
8.124
Факултетот на кој претпоставувам дека си студирал е направен за време на комунизмот, автобусот во кој се возиш секој ден е направен за време на комунизмот (исклучок овие 2 спратните, кои гледаме колку се исправни), железницата, болницата во која се лечиш, школото во кое ти учат децата.. единствено што не е од комунизмот е стиропорниот барок, спомениците и фонтаната во која мали деца се бањаат на сред плоштад у Скопје, ете толку.

Треба благодарни да бидеме што 50тина години у држава живеевме па колку толку денес не изгледаме као Бангладеш.
Од 91ва па наваму за колку места е паднат УКИМ на Шангајска листа?
Здравството од 91ва па наваму колку е пропаднато, образованието,транспортот?
Возовите нови од Грујо уште по шини од турско и комунистичко време ги возат, иако се почесто со стари возови се вози, и тоа само кога воопшто има возен ред.
Поштата колку е пропадната да не зборам, еден пакет од алиекспрес на шалтер 3 саата не можат да најдат, уште во тефтерче запишуваат, и после ќе збори тој каков бил комунизмот.
Не сум комунист, ама периодот од 45та-91ва е ренесанса и просветителство во споредба на ова од 91ва па наваму.
Вистината боли.
Ако е за така Грујо направи повеќе факултети од сите на Тито заедно. Плус купи автобуси за кои ние не моравме да црнчиме и склопуваме во ФАС 11 Октомври сами и да се лажене дека сме продуктивна економија а не црнечка која е само маска дека се работи нешто, а уствари загубар пошто немаат ФАС никаде надворешен пазар.
Автоматски споено мислење:

Болници, хидроцентрали, рек, брани еден куп, железница сега не може ни да ја одржавааат да искосат трава околу пругите.

Еве @Kadaif како од медицинска струка нека наброи 2 болници што успеаа да ги направат сегашниве во независна државата ? Една болница почнаа пред 8-9 години Штип ете уште тапкаат во место, а другите не може ни да ги реновирааат
Ниедна болница не е направена од федерален буџет во тоа време, туку од општински! Не е тоа дадено на тацна од ќопавиот загорац!

Сите големи капитални проекти ја одминувале Македонија со мочани 5%
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
576
Поени од реакции
1.358
Скоро 35 години поминаа од распадот на Југославија, кој ја спречи Македонија да намали разлика со Словенија или Хрватска? Нашата најголема индустрија е производство на изговори….
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.412
Поени од реакции
37.619
За време на истиот тој комунизам е стандардизиран јазикот и азбукаата со која денес се служиш,
прогласена автокефалноста на Црквата во која одиш на венчавки и крштевки
Скопје е изграден повторно од темел по земјотресот 63та, не дај Боже такво нешто денес да се деси, ќе просиме од ЕУ и НАТО хуманитарна помош од која 80% ќе заврши у џеб на поединци кои глумат патриотишта.
Не знам зашто децениската борба за сопствена држава пред комунизмот ја занемаруваш и го величиш комунизмот, како божем нашите предци седеа со скрстени раце и само чекаа Тито да ги извади од нафталин и да им даде држава. Никој нас не ни дал држава, нашите дедовци и прадедовци со нивната борба и жртва ја заслужиле и ја основале. Тоа што сме го создале во држава како Југославија, не значи дека ни е дадено на тацна, туку некој засукал ракави го искористил моментот и го сработел. Живеете со поданички менталитет кон Југославија, сметате дека нашиот народ ништо не создал туку некој друг ни дал, и после се лутите кога ќе дојде некое татарче и ќе ви рече вие сте Бугари.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.094
Поени од реакции
4.707

Секоја чест за коментаров.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
112
Поени од реакции
297
Џабе плукате по Тито и Југославија, од ништо нешто направија, од турски вилает држава изградија, не може да се споредат овие денес со нив, распродаваат и тоа малку што остана, што од фабрики што од име на држава и идентитет,
никој не вели дека било идеално, рај на земјата, далеку од тоа, но од 91ва наваму само пропаѓа секоја институција во државата, народот гладен со национализам се храни, без осет за здрав патриотизам, шовинистите се мислат дека се некои квази патриоти, глуп народ јака власт, за ВМРО и СДС нема зима со ваков народ како нас, ќе не стрижат све до Судниот Ден.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.767
Поени од реакции
8.380
Споредба на БДП на секоја република во Советски Сојуз , првата цифра е колку и било БДП нивно производство а колку после федерални реинвестиции, Русија и Белорусија биле единствените републики кои префрлале повеќе пари одколку што добивале назад:

$17500 per capita while consumption only $11800 per capita. Only other republic with negative ratio (i.e. money went out of republic) was Belorussia with GNP of $15600 and spending of $12000.

Ukraine $12400 and $13300

Kazakhstan $10100 and $17700

Uzbekistan $6600 and $17400

Litva $13000 and $23300

Azerbajan $8300 and $16700

Georgia $10600 and $41900 it seems we have a champions here

Turkmenia $8600 and $16200

Latvia $16500 $26900

Estonia $15800 and $35800

Kirgyzia $7200 and $11400

Moldavia $10000 and $13400

Armenia $9500 and $29500

Tajikistan $5500 and $15600

Забележете дека и најсиромашните републики кои имале мизерно производство, како Таџикистан, после префрлањата од федералната власт имале БДП трошоци по жител имале повисок од просекот.

Од друга страна, еве ја статистиката за Југославија:

Ова табела претставува капитални инвестиции како дел од Федералниот буџет:
1720614999067.png

Па можете да видите како % за капитални инвестиции за најразвиените републики расте секоја година, додека во случајот на Македонија и Косово имаме намалување од 33% , од 14.1 на 9.5%.

Тоа нормално се рефлектира и во растатот на БДП, па имате ситуација каде:
1720615129974.png

Словенија влегува во југославија со 162% од просечниот БДП на југославија во 1947 а во 1978 има 205%.
Македонија влегува со 70%, а во 1978 има 68%.

Македонија, Косово, Босна, како што реков реално најнапатените Црна Гора, од Југославија виделе само уназадување на нивниот стандард на живот во споредба со просекот што порано го имале. Црно Горците стигнале од 94% да паднат на 71.

Косово, регионот за кој што ни се кажува цело време како е екстрeмно богат со рудни богатства, најплодната почва на Балканот, итн ... Имале 29% од просечниот БДП.

Македонија во 1960 имала стапка на невработеност од 18%.
 
Последно уредено:
Член од
2 април 2023
Мислења
112
Поени од реакции
297
Не знам зашто децениската борба за сопствена држава пред комунизмот ја занемаруваш и го величиш комунизмот, како божем нашите предци седеа со скрстени раце и само чекаа Тито да ги извади од нафталин и да им даде држава. Никој нас не ни дал држава, нашите дедовци и прадедовци со нивната борба и жртва ја заслужиле и ја основале. Тоа што сме го создале во држава како Југославија, не значи дека ни е дадено на тацна, туку некој засукал ракави го искористил моментот и го сработел. Живеете со поданички менталитет кон Југославија, сметате дека нашиот народ ништо не создал туку некој друг ни дал, и после се лутите кога ќе дојде некое татарче и ќе ви рече вие сте Бугари.
Никој ништо не занемарува, и овде не е поентата дека Тито самиот ја ослободил и изградил Македонија како Супермен, поентата беше дека без комунизмот, партизаните, Југославија, Македонија уште ќе беше турска покраина, најголем успех ќе беше 10 дневната Крушевска Република, никој не ги занемарува жртвите на отпорот за ослободување на Македонија, кои никогаш не биле поголеми од локални востанија и отпори, што е реално недоволно да се направи една држава.
Никој не го величи Тито или комунизмот, само реално кажувам што како е, тоа што 33 години анти-комунистите и „големите патриоти“ не беа способни државата да ја сочуваат (за развивање ни да не зборувам), не ви е крив ни Тито, ни комунизмот, ни Југославија, за сега да плукате по нив.
Автоматски споено мислење:

ѕуг.jpeg
Мрачниот комунизам да не дојдеше 45та, монархија да владееше, уште ваква ќе беше мапата на Југославија.
Тито/Југославија/комунизмот да беа толку лоши, немаше да го описменуваат народот, тоа е буквално последно нешто што би правел, со цел полесно да се контролира населението.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.550
Поени од реакции
28.982
Автопатите се правеа со аргатлук на младинците кои ги имаа сите 5ки.

Сите тие општински и стамбени згради се направени од нашиот народ со пот и труд, а не се дадени на тацна од ќоравиот загорац. Тој само си праел бункери од милијардите кои му ги даваше Америка и си ги плаќаше курвите од Холивуд, ебејќи ги по вилите со мермер од Бразил. Додека македонскиот граѓанин газеше кал и во град и во село.
за зграда е потребна арматура, бетон, цигли, и проектант, што биле обезбедени од федерален буџет.

Баш седни со тие што ги граделе тие објекти, да видиш што муабет ќе ти направат.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.767
Поени од реакции
8.380
Никој ништо не занемарува, и овде не е поентата дека Тито самиот ја ослободил и изградил Македонија како Супермен, поентата беше дека без комунизмот, партизаните, Југославија, Македонија уште ќе беше турска покраина, најголем успех ќе беше 10 дневната Крушевска Република, никој не ги занемарува жртвите на отпорот за ослободување на Македонија, кои никогаш не биле поголеми од локални востанија и отпори, што е реално недоволно да се направи една држава.
Никој не го величи Тито или комунизмот, само реално кажувам што како е, тоа што 33 години анти-комунистите и „големите патриоти“ не беа способни државата да ја сочуваат (за развивање ни да не зборувам), не ви е крив ни Тито, ни комунизмот, ни Југославија, за сега да плукате по нив.
Мора да направите мала разлика, македонските комунисти/партизани =/= Југославија.

Македонската борба за независност ако победат комунистите/партизаните била завршена работа не заради Југославија туку заради Македонските комунистички дејци кои издејствувале во Комитерната Македониците да бидат запишани како посебен народ со посебна држава. И од тука произлегува и заложбата на Советскиот Сојуз за Мајскиот договор каде што сите македонски револуционерни организации и фракции ќе се обединат, како и инструкциите на Комитерната до БКП, КПЈ и Грчката Комунистичка Партија да признаат оделна Македонска држава.

Ако се гледа улогата на КПЈ и на Тито во Македонија, целата нивна борба е тоа дали КМП/Покраинскиот комитет за Македонија ќе биде под организација на КПЈ или на Бугарската Работничка Партија. Затоа и се игнорираат сите партизански акции во периодот се до 1943 кога успеваат да ги стават македонските комунисти под капа на КПЈ со благослов на комитерната, во најголема мера дека БКП се покажала како комплетно неефективна.
 
Последно уредено:
Член од
2 април 2023
Мислења
112
Поени од реакции
297
Офицерските домови на пример во Скопје и Битола се најубави, живио краљ и отаџбину.
Која црна инфраструктура, опљачкани сме највеќе од сите екс ју републики.
Офицерскиот дом во Скопје беше рушен во земјотресот, инаку изграден периодот 1925-1929год.
Скоро 100 години подоцна истиот повторно се гради во центарот на Скопје, и никако да го завршат и после 10 години, изгледа пред 100 години имале појака технологија.
Ете толку од денешната развиена Македонија која комунизмот и Тито ја уназадувале до 91ва.
домск.jpg
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
646
Поени од реакции
525
Словенија била отсекогаш (т.е. од втора половина на 19 век кога кај нив започнала индустријализацијата па до 1944) поразвиена од Македонија. Нашата нулта година е 1944 зошто ние тогаш прв пат почнуваме да градиме фабрики. Предходно сме имале само работилници со најмногу 20 вработени кои започнуваат да се отвараат кога сме бановина. А претходно во турско сме имале само занаетчии. А словенците во 19 век имаат фабрики и рудници какви што ние ни денес немаме. Ние почнуваме да се развиваме во комунистичка, социјалистичка средина а се што било до тогаш вредно било национализирано и е спречен развојот на приватниот сектор, но словенците почнуваат да се развиваат во капиталистичка економија.

Они во Југославија (1944 год.) влегуваат со речиси целосно писмено население и доволен број високо образовани лица, а ние почнуваме од нула, школување на мајчин јазик од прво одделение. Незнам во повоениот период колку траело основното, средното и високото образование но ако траело како денес првата генерација на дипломци кои од самиот почеток се школуваат на македонски јазик се појавила дури во 1960 година.

Во 1963 Скопје е уништен и нажалост ресурсите се трошат за негова обнова. Обновата е сосема друга тема бидејќи градот баш од таа 1963 година се развива на погрешен начин.
Инаку и Љубљана имала земјотрес ама тоа е 1895 година и уништени биле само 10% од градбите и полесно се извлекла. А ние сеуште живееме во постземјотресно Скопје. Љубљана има термоцентрала на јаглен уште од 1898 година, а ние во Битола успеавме да изградиме дури во 1982 година.

Словенија градовите гу урбанизира, а Макединија градовите ги рурализира.

Словенија граничи со богата Австрија и Италија, а Македонија граничи со сиромашна Албанија, и со земји во развој како Грција и Бугарија.

Еве колку се просечно силни републиките и покраините во 1975 година.
Average strength of Yugoslav economy as a deviation from the main (Yugoslavia = 100 %) indicat...png
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.767
Поени од реакции
8.380
Прегледај го приврзокот 423210
Мрачниот комунизам да не дојдеше 45та, монархија да владееше, уште ваква ќе беше мапата на Југославија.
Тито/Југославија/комунизмот да беа толку лоши, немаше да го описменуваат народот, тоа е буквално последно нешто што би правел, со цел полесно да се контролира населението.
1720619321095.png

Вообичаеното е кога имаш неразвиени региони да инвестираш повеќе во нив за да ја израмниш ситуацијата во целата држава, еве ја табелата и горе ја споделив во Југославија го имам спротивното, имаш зголемување на инвестициите во најразвиените, а имаш драстичен пад на инвестициите во најнеразвиените.

Најразвиените одат од 35,8% на 43.7%, а најнеразвиените одат од 14.1% на 9.5%. И ова не е празна статистика се гледа и на терен. Отворете википедија и видете ги датумите за изградба на капацитети или инфстраструктура. Скоро се е завршено до 1958 и потоа има второ зголемување во периодот после 1985, впрочем и кој е најголемата причина за Словенското незадоволство зошто биле договорени буџети со кои приоритет ќе бидат неразвиените региони.

И за крај Централна Азија била далеку, далеку по нецивилизиран дел од светот одколку Македонија. Дел од народите таму немале писменост воопшто на својот јазик и живееле во племенски номадски заедници. Па тоа не го спречило Ташкент да има Метро, целиот регион да има комплетно енергетска и патна инфаструктура и поврзаност со сите соседи.

Тие жалопојки за неписменост се само тоа, огромен број на држави се сретнале со истата ситуација на почетокот на 20тиот век и сегде била ситуацијата решена во исто брз процес, независно од системот и настапила индустријализација.

Еве колку се просечно силни републиките и покраините во 1975 година.
Прегледај го приврзокот 423218
Знаеш што е тажното, повторно горе е ставена слика од табелата:

1720619365076.png

Словенците почнале со 162% а стигнале до 205%
Македонија почнала со 70% и завршила на 68%.
Црногорците тргнале од 94% завршиле на 71%.
Косоварите почнале од 49% и завршиле на 29%.

Тоа ти е чиста индикација дека имаш комплетно нерамномерно развивање. А во услови на цетнтрално планирана економија, тоа значи дека истото се прави намерно. Дека овдека нема ни стагнација овдека имаме намалување на стандардот на живот на пола федерација во споредба со просекот. Додека имаме максимално инвестирање во една република.
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.360
Поени од реакции
21.883
Od ucilista, do univerziteti, do opstinski zgradi, do stanbeni zgradi, do avtopati, do aerodromi.

Ne go sakam komunizmot, ama ima zosto postarite generacii go sakaat Tito.
Kako toa Tito za site pozitivni raboti se zema kako zasluzen a za site negativni toj nema vina? Dosta vekje so velicenje na Tito. Imal za nego srekjni okolnosti inace kulata dur bese ziv ke se raspadnese.
Автоматски споено мислење:

За време на истиот тој комунизам е стандардизиран јазикот и азбукаата со која денес се служиш,
прогласена автокефалноста на Црквата во која одиш на венчавки и крштевки
Скопје е изграден повторно од темел по земјотресот 63та, не дај Боже такво нешто денес да се деси, ќе просиме од ЕУ и НАТО хуманитарна помош од која 80% ќе заврши у џеб на поединци кои глумат патриотишта.
Vo pravo si deka vo vremeto na komunizmot se desija nekoi raboti ama prasanje e dali toa se desi radi komunizmot ili bilo slucajno toj politicki sistem. Mnogu raboti se desija zatoa sto Makedoncite za prv pat imaa nesto kako drzavnost i delumno sloboda kulturno i kako nacija da se istaknat. Nekade togasnite okolnosti pomognaa nekade iskocija. Mislam mnogu raboti i onaka ke se razvivaa komunizmot nema vrska so toa. Naprotiv mislam ni napravi i ogromna steta kako narod ama toa e opsirna tema.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom