Уште еднаш кај овие да не си стапнал за лабораторија!
Ајде сега фино лепо за к**** здравје да ти пикнат едно црево во сите дупки за да го "прегледаат" CA 72-4.
Таква лабораторија се пушта по потреба а не за к***** здравје пошто е неспецифична и води до обемна непотребна и мачна за пациентот дијагностка.
...дијагностичката лабораторија работи по упат од лекар и не е нејзина работа да коментира дали треба или не треба такви анализи, а и најважно им е и да си ја наплатат услугата, па што повеќе лабораториски анализи толку ќе си наплатат!
...докторот е тој што пополнува што треба пациентот да направи лабораториска анализа, ама со претходно објаснување на пациентот (како што пишуваш во следниот коментар), макар и народски да каже ова ќе направиме да провериме тоа и тоа, ова ќе направиме да ни даде насока за тоа и тоа, за да може и пациентот кога веќе ги земе анализите и самиот ќе види каде има повисоки и пониски вредности од референтните да не се испаничи и беспотребно да си накалеми некоја психолошка состојба.
... и како што е референтната на туморскиот маркер Ca-72/4 до 9,6 U/ml, а пациентот има малтене дупло односно поточно 15,42 U/ml, доволно да го извади од памет уште пред да го посети докторот ако прочита некаде, дека ете таа покачена показателна вредност е можност на рак на желудник, па и докторот може ако се стрефне некој без искуство да го измалтретира за секакви други дополнителни испитување, како што пишуваш ти да ги испита сите дупки одозгора со гастроскопија или одоздола со колоноскопија!
...CA 72-4 е антиген произведен од клетките во телото најмногу од стомакот, но може и од други места, па го има присутен во крвта со што се детектира со лабораториска анализа, но треба прво да се елиминира дека пациентот не е уживател на дроги, ниту дека е страствен пушач на цигари, затоа што само тие две работи знаат да го покачат тој параметар во крвта.
...така да покачената 15,42 U/ml не е дијагностичко значајно и докажан малигнитет, ако се нема дополнително искажани симптоми и други поврзани состојби, затоа што покачено може да биде да речеме при болести на коските, проблеми со гастринтестиналниот тракт, панкреатитис, белодробни заболувања, кај жените појава на цисти, заболување на млечните жлезди.
...еве да речеме WBC 4-9 (леукоцити)кај тебе малкуцка пониско 3,6 (leukopenia), причина?
...може си поминал некоја вирусна инфекција (CRP 2,49 mg/L референтна до 6 mg/L) и ете може од некои лекарства си го надразнил желудачниот епител, па малку го покачил туморскиот маркер CA 72-4 15,42 U/ml, а може и други работи, па импровизираме во одредување вака без да знаеме што мака те однесе на доктор, може си веган, па имаш недостаток на Б12 витамин што може да биде причина на воспаление на крвни садови (дополнително недостаток на бакар, фолати), може имаш воспалителни црева, може имаш автоимуни заболување реуматиден артрит,
...и на крај ако веќе се сомнева нешто околу желудникот (повторно претпоставка) како не ти одреди испитување на Хелико бактер пилори, ама вака да постираш лабораториски анализи без никаков вовед од твоја страна, твоја здравствена состојба и ситуацијата зошто те натера да идеш на доктор и да направиш анализи, може само да претпоставиме напамет без основни