Демографија

Член од
30 јануари 2014
Мислења
786
Поени од реакции
508
Успеав да блокирам неколку членови на почитуваниов форум , се надевам ќе имам малку мир, па во најдобра намера да искористам да изнесам неколку мои размислувања во врска со демографската состојба во Македонија.

Намалување на наталитетот е светски феномен кој веројатно ќе трае некое време. Никој досега не успеал повторно да го зголеми (одвен можеби некои централноазијски држави, али дали се работи за флуктуација или е навистина нагорен тренд останува да се види), па тешко и ние да успееме. НО може да се стабилизира да не оди состојбата кон полошо.

Намалувањето на населението за некои држави е мал проблем за некои голем. Мал е за големи држави како Кина, Јапонија, Бразил, затоа што имаат голем биолошки потенцијал и можат да функционираат. НЕ е голем проблем ни за богатите држави кои можат да увезат луѓе (САД, Франција, Британија, Русија, ...). НО за мали држави е особено опасно. Макеоднија има помалку од 2 милиони а само Македонци 1,2 милиони, можеби и помалку. Постои огромна, огромна опасност и тој милион и нешто едноставно да исчезне. Или да станема малцинство. Не мислам дека албанците не загрозуваат (и кај нив паѓа наталитетот, видете ја само Албанија), колку брановите на имигранти од Африка и средниот и блискиот исток. Сега ги бркаат од Турција, тие ќе почнат да бараат нова „татковина„.

Уште една работа на која сакам да се осврнам е тоа дека за намалување на нашата бројност најголемо влијание има иселувањето, а не толку намалениот наталитет. Многу народ се исели и се иселува. Под итно мора да се усвојат мерки како да останат тие луѓе. Како? Тешко, но мора нешто барем да се обидеме како народ и држава. На младите мора да им се даде некоја опција, да имаат добро платена работа, да имаат добро образование, добро здравство, култура. Не знам дали е можно селото да се спаси, таму се семејствата побројно од градските. НЕка живее добро земјоделецот. За се тоа е потребна квалитетна власт која ќе води сметка за секој човек а не само а своето членство. Најважно е да има правда во општеството, парите ќе дојдат. Ние никогаш нема да влеземе во ЕУ и тоа треба јасно да се каже а не дека е правиме напори, ќе градима мостови, итн. А и не ора да влеземе, ама можеме да ги користиме нивните пари. На некој начин мораме да се стабилизираме на оваа бројка па постепено да раснеме
Автоматски споено мислење:

Добро за човек вчера што пиша Асад дека хемиско оружје употребувал, нормално ќе бара игноре опција кога ќе нема да му оди нешто по терк :icon_lol:
Vidi, po malku i ne mi e gajle što se slučuva tamu. No tie borbi, razoruvanjeto na Alep, Homs, itn, hemijsko oružje imalo ili ne, ne e bitno, dovedoa do golem bran na izbeglici koi trgnaa kon Evropa, bidejki glupavata Merkl gi primi namestot da se zatvorat granicite. Od toj bran koji se ušte trae zagrozeni sme i nie. Eto toa mi preči. Za mene Asad ili ne Asad isto mi e, da beše mir lugeto ke si ostanea tamu
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.583
Поени од реакции
1.674
Намалување на наталитетот е светски феномен кој веројатно ќе трае некое време. Никој досега не успеал повторно да го зголеми (одвен можеби некои централноазијски држави, али дали се работи за флуктуација или е навистина нагорен тренд останува да се види), па тешко и ние да успееме. НО може да се стабилизира да не оди состојбата кон полошо.
Не мора да бидеме како Колумбо и да ја откриеме Америка. Веќе има примери на етноси што немаат проблем со ова, започнуваќи од Амиши, Мормони и Хациди.

Намалувањето на населението за некои држави е мал проблем за некои голем. Мал е за големи држави како Кина, Јапонија, Бразил, затоа што имаат голем биолошки потенцијал и можат да функционираат. НЕ е голем проблем ни за богатите држави кои можат да увезат луѓе (САД, Франција, Британија, Русија, ...). НО за мали држави е особено опасно. Макеоднија има помалку од 2 милиони а само Македонци 1,2 милиони, можеби и помалку. Постои огромна, огромна опасност и тој милион и нешто едноставно да исчезне. Или да станема малцинство. Не мислам дека албанците не загрозуваат (и кај нив паѓа наталитетот, видете ја само Албанија), колку брановите на имигранти од Африка и средниот и блискиот исток. Сега ги бркаат од Турција, тие ќе почнат да бараат нова „татковина„.
Големите или малите држави ќе си ја имаат истата судбина. Пензискиот фонд е Понзи систем, каде мора да има повеќе деца од моментално воздрасни за да работи. Без тоа тој пензиски систем ќе пропадне, ама нема да биде тоа преку ноќ, за тоа треба генерации. Ама ако не се санира за брзо, ќе треба пензионерите да се вратат на работа оти нема да има повеќе фонд за нив. Пензиските години ќе одат нагоре, како во Шведска 70-72 години за пензионирање, ама работата е што медицинскиот систем е партал во Македонија, незнам дали ќе ги подржува постарите пензионери за да може да продолжат да работат. Седиме на кубасица динамит, и си свиркаме како ништо да не било.
Уште една работа на која сакам да се осврнам е тоа дека за намалување на нашата бројност најголемо влијание има иселувањето, а не толку намалениот наталитет. Многу народ се исели и се иселува. Под итно мора да се усвојат мерки како да останат тие луѓе. Како? Тешко, но мора нешто барем да се обидеме како народ и држава. На младите мора да им се даде некоја опција, да имаат добро платена работа, да имаат добро образование, добро здравство, култура. Не знам дали е можно селото да се спаси, таму се семејствата побројно од градските. НЕка живее добро земјоделецот. За се тоа е потребна квалитетна власт која ќе води сметка за секој човек а не само а своето членство. Најважно е да има правда во општеството, парите ќе дојдат. Ние никогаш нема да влеземе во ЕУ и тоа треба јасно да се каже а не дека е правиме напори, ќе градима мостови, итн. А и не ора да влеземе, ама можеме да ги користиме нивните пари. На некој начин мораме да се стабилизираме на оваа бројка па постепено да раснеме
Младите ќе продолжат да се исселуваат се додека работиме на принцип татко Владика синот Поп. Знаеш колку другари имам што се вратиле Македонија да отворат бизнисче и се соочиле со рекет, а тој рекет е често од политички афилијации. За 2-3 години им пропаѓа се, затоа што Македонија изгледа не сака бизнис, и си се враќаат назад во Америка/Австралија етц.

Наместо да ги плукаат евреите на форумов, барем да научеа малце од нив, како се брка бизнис. Кога еден евреин ќе отвори продавница, одма соработува со други евреи за купување/продавање на стоки, ги гледав како работат Хацидите во Бруклин, машини за пари правење. Затоа имаат по 5-6 деца. Ако еден од нив дојде до пари, прави сигурно за да и другите евреи влезат во тој бизнис, не се кријат, не таат, не ќутат. А во Македонија, бизнисмените сакаат паши да изиграваат, гледаш со мечки од по 200-300к евра, а соработка со никој. Епа за десетина години од мечка ќе дојдат до питачки стап, и тоа ќе биде заслужено.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.693
Поени од реакции
32.743

Што е заедничко за сите нив? Минимално или непостоечко влијание од социјалниот инжинеринг врз кој е изложено мнозинството од сите други.
Амиши, Мормони и Хациди/итн. Они не гледаат филмови/серии/портали каде се величи криминал/неморал/дрогирање/проституција/итн. Децата не им учат во училишта каде се пере мозокот со ретардации, не нивните деца они си ги учат на традиционални вредности... Во меѓувреме обичните плебси како @savan не пазат на ништо од ова, инфантилно се љутат зошто некои зборуваат за позадината на сето ова, и се чудат зошто децата им растат во ваква лоша средина за живеење.
Автоматски споено мислење:

Успеав да блокирам неколку членови на почитуваниов форум , се надевам ќе имам малку мир, па во најдобра намера да искористам да изнесам неколку мои размислувања...
Хаха, па отвори блог па уште помирен ќе бидеш... Ако нема секција за коментари. :D
А најубаво да не објавуваш ништо никаде, само локално снимај на диск во компујутерот. Никој нема да ти противречи, и да ти покажува дека си билмез кој мисли дека живее во sandbox (а всушност само опитно глувче во реалниот свет).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.840
Поени од реакции
6.332
Причините за нискиот наталитет кај нас се многу различни од оние во Јапан или Данска. Можеби достигнување на риплејсмент норма од 2,1 е тешко можно, но поправање на моменталната слика можеби не е невозможно. Значително поправање на економската положба на потенцијалните родители е на прво место. Каква таква сигурност во траењето на работниот однос е на второ. Почитување на работно време и законски денови за одмор исто така. Трудничко отсуство према закон, како за државни така и за приватни работодавци. Тек после тоа доаѓаат некакви мерки како онаа за трето дете или плаќање помали давачки или било каков стимулативен пакет.
Во Македонија ретко ќе најдете лица кои не сакаат да бидат родители, луѓето сеуште сакаат да имаат деца, далеку сме од декаденцијата на запад, тука имаме сериозни проблеми кои наликуваат на оние од третиот свет.
Немајќи го проблемот на млада популација која не сака брак и семејство, потребно е релативно малку за да овој проблем биде надминат.
Поправањето на економската слика би повлекла со себе и поправање на демографијата. Тоа може делува чудно ако се знае дека западни и источни земји се срозаа демографски при највисок стандард но тука на Балкан секогаш важат малку поинакви правила.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.075
Не мора да бидеме како Колумбо и да ја откриеме Америка. Веќе има примери на етноси што немаат проблем со ова, започнуваќи од Амиши, Мормони и Хациди.

Големите или малите држави ќе си ја имаат истата судбина. Пензискиот фонд е Понзи систем, каде мора да има повеќе деца од моментално воздрасни за да работи. Без тоа тој пензиски систем ќе пропадне, ама нема да биде тоа преку ноќ, за тоа треба генерации. Ама ако не се санира за брзо, ќе треба пензионерите да се вратат на работа оти нема да има повеќе фонд за нив. Пензиските години ќе одат нагоре, како во Шведска 70-72 години за пензионирање, ама работата е што медицинскиот систем е партал во Македонија, незнам дали ќе ги подржува постарите пензионери за да може да продолжат да работат. Седиме на кубасица динамит, и си свиркаме како ништо да не било.
Младите ќе продолжат да се исселуваат се додека работиме на принцип татко Владика синот Поп. Знаеш колку другари имам што се вратиле Македонија да отворат бизнисче и се соочиле со рекет, а тој рекет е често од политички афилијации. За 2-3 години им пропаѓа се, затоа што Македонија изгледа не сака бизнис, и си се враќаат назад во Америка/Австралија етц.

Наместо да ги плукаат евреите на форумов, барем да научеа малце од нив, како се брка бизнис. Кога еден евреин ќе отвори продавница, одма соработува со други евреи за купување/продавање на стоки, ги гледав како работат Хацидите во Бруклин, машини за пари правење. Затоа имаат по 5-6 деца. Ако еден од нив дојде до пари, прави сигурно за да и другите евреи влезат во тој бизнис, не се кријат, не таат, не ќутат. А во Македонија, бизнисмените сакаат паши да изиграваат, гледаш со мечки од по 200-300к евра, а соработка со никој. Епа за десетина години од мечка ќе дојдат до питачки стап, и тоа ќе биде заслужено.
Sto e karakteristicno za ovie etnosi? Ne funkcioniraat vo moderniot svet, izbegnuvajki gi site pridobivki i negativnosti so doagjaat so toa, od kultura do tehnologija.

Na site im e jasno deka toj zivot producira mnogu deca, problemot e sto niedno opstestvo nema namera da se vrati tamu.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.693
Поени од реакции
32.743
Проблемот со вас, е што напредокот во науката и технологијата неодвоиво ги поврзувате со социјалниот инжинеринг за перење мозоци. Тоа се две различни работи кои не се условно поврзани.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.075
Причините за нискиот наталитет кај нас се многу различни од оние во Јапан или Данска. Можеби достигнување на риплејсмент норма од 2,1 е тешко можно, но поправање на моменталната слика можеби не е невозможно. Значително поправање на економската положба на потенцијалните родители е на прво место. Каква таква сигурност во траењето на работниот однос е на второ. Почитување на работно време и законски денови за одмор исто така. Тек после тоа доаѓаат некакви мерки како онаа за трето дете или плаќање помали давачки или било каков стимулативен пакет.
Во Македонија ретко ќе најдете лица кои не сакаат да бидат родители, луѓето сеуште сакаат да имаат деца, далеку сме од декаденцијата на запад, тука имаме сериозни проблеми кои наликуваат на оние од третиот свет.
Немајќи го проблемот на млада популација која не сака брак и семејство, потребно е релативно малку за да овој проблем биде надминат.
Поправањето на економската слика би повлекла со себе и поправање на демографијата. Тоа може делува чудно ако се знае дека западни и источни земји се срозаа демографски при највисок стандард но тука на Балкан секогаш важат малку поинакви правила.
Ova e klasicnk drapanje madinja. Pricnite se isti nasegde, od makedonija do kina do juzna amerika. Uslovite nikogas ne bile sjajni vo mkd, a iseluvanje imalo sekogas. Normalno deka nacelno nikoj nema da ti priznae deka nejke deca. Okulu mene ima eden kup lugje vo rani 30ti so nemaat deca, a imaat mnogu posobri uslovi od ostanatite.
Автоматски споено мислење:

Проблемот со вас, е што напредокот во науката и технологијата неодвоиво ги поврзувате со социјалниот инжинеринг за перење мозоци. Тоа се две различни работи кои не се условно поврзани.
Ne sum ja kriv so ne moes da najdes asalen primer osven amishite koj ne koristat telefon i struja. Normalno togas deca kje prais. Problemot nastanuva koa imas tolku mnogu stvari za praenje, so na deca ne ti teknuva.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
786
Поени од реакции
508
Има уште еден фактор за намалениот наталитет кој во комбинација со останатите фактори доста влијае, а тоа е стравот кај луѓето од тоа што ќе се случув во иднина. Дали климатските промени ќе ја уништат планетата, дали ќе дојде до нуклеарна војна, дали ќе пропадне социо/економскиот систем кој е сега на сила итн.
Некому ќе му изгледа дека овие стравови се претерани но се постоечки и многу истражувања ги покажале (посебно кај тн генерација Зед).
Луѓето чувствуваат дека еден систем кој популарно се нарекува либерален капитатлизам (јас мислам дека поточно име е плутократски или олигархиски капитализам, но не е важно името) е при крај на своите можности и ограничувања. Се прават обиди он некако да се санира, нешто да се промении, дел од богатството кое е во рацете на 1% од населениоето да дојде и до другите и така да се продолжи неговио животен век. Но не иде, олигарсите не даваат ни трошка (кога ќе победи Трамп и десницата во Франција, Германија и во другите важни држави таа нееднаквост ќе се зголеми уште повеќе) што води кон крах и неодрживост на системот.
Најлошо е што никој нема план каков систем ќе го замени денешниов. Колку јас што можам да спознаам, освен политичкиот исламизам друга кохерентна и теоријски втемелена идеологија не постои (Кина е само еден вид на постоечкиот плурализам, „капитализам со човечки лик„ ѕа Русија не сакам да трошам букви). А тоа е враќање во средниот век. Што нема да биде невозможно, развојот на човештвото не мора секогаш да биде праволинијски и стално напреден. Големи регресии се случувале и после падот на римското царство, за време на инквизицијата, после Првата светска војна, можеби ќе се случи слично и сега.
И затоа некој ќе си рече; „подобро да имам помалку деца, полесно ќе го пребродиме овој период, кој знае што не чека„.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Новата религија на Западот има во својот центар депопулација. Целата идеологија на нивниот јавен наратив носи во една точка - депопулација.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.333
Поени од реакции
4.930
Успеав да блокирам неколку членови на почитуваниов форум , се надевам ќе имам малку мир, па во најдобра намера да искористам да изнесам неколку мои размислувања во врска со демографската состојба во Македонија.

Намалување на наталитетот е светски феномен кој веројатно ќе трае некое време. Никој досега не успеал повторно да го зголеми (одвен можеби некои централноазијски држави, али дали се работи за флуктуација или е навистина нагорен тренд останува да се види), па тешко и ние да успееме. НО може да се стабилизира да не оди состојбата кон полошо.

Намалувањето на населението за некои држави е мал проблем за некои голем. Мал е за големи држави како Кина, Јапонија, Бразил, затоа што имаат голем биолошки потенцијал и можат да функционираат. НЕ е голем проблем ни за богатите држави кои можат да увезат луѓе (САД, Франција, Британија, Русија, ...). НО за мали држави е особено опасно. Макеоднија има помалку од 2 милиони а само Македонци 1,2 милиони, можеби и помалку. Постои огромна, огромна опасност и тој милион и нешто едноставно да исчезне. Или да станема малцинство. Не мислам дека албанците не загрозуваат (и кај нив паѓа наталитетот, видете ја само Албанија), колку брановите на имигранти од Африка и средниот и блискиот исток. Сега ги бркаат од Турција, тие ќе почнат да бараат нова „татковина„.

Уште една работа на која сакам да се осврнам е тоа дека за намалување на нашата бројност најголемо влијание има иселувањето, а не толку намалениот наталитет. Многу народ се исели и се иселува. Под итно мора да се усвојат мерки како да останат тие луѓе. Како? Тешко, но мора нешто барем да се обидеме како народ и држава. На младите мора да им се даде некоја опција, да имаат добро платена работа, да имаат добро образование, добро здравство, култура. Не знам дали е можно селото да се спаси, таму се семејствата побројно од градските. НЕка живее добро земјоделецот. За се тоа е потребна квалитетна власт која ќе води сметка за секој човек а не само а своето членство. Најважно е да има правда во општеството, парите ќе дојдат. Ние никогаш нема да влеземе во ЕУ и тоа треба јасно да се каже а не дека е правиме напори, ќе градима мостови, итн. А и не ора да влеземе, ама можеме да ги користиме нивните пари. На некој начин мораме да се стабилизираме на оваа бројка па постепено да раснеме
Автоматски споено мислење:

Vidi, po malku i ne mi e gajle što se slučuva tamu. No tie borbi, razoruvanjeto na Alep, Homs, itn, hemijsko oružje imalo ili ne, ne e bitno, dovedoa do golem bran na izbeglici koi trgnaa kon Evropa, bidejki glupavata Merkl gi primi namestot da se zatvorat granicite. Od toj bran koji se ušte trae zagrozeni sme i nie. Eto toa mi preči. Za mene Asad ili ne Asad isto mi e, da beše mir lugeto ke si ostanea tamu
Добро мислење.

За волја на дискусијата, барем да смени на квалитет кон подобро, ќе пробам да напишам нешто со кое можеби не би се согласиле.

Движењето на населението и менувањето на одреден тип на луѓе на одредена територија било во постојана промена низ историјата. Народи денеска што живеат на една територија, нема да бидат на истата по одреден број години. Бројката исто така.
Од таа гледна точка, не мора да значи дека земји како Кина и Јапонија ќе немаат проблеми, а земји како нас ќе имаат.
Во Кореја и Јапонија, според нив, ситуацијата е лоша и им требаат луѓе доколку сакаат да ја одржат економијата, развојот итн. Јапонија веќе 20 години нема економски раст како што има остатокот од развиените земји. Недостаток на работна рака, старо население итн. Кина е во истите проблеми, само ќе бидат задоцнети и многу полоши.

Инаку, низок раст (ТФР испод 2.1) европските земји доживуваат уште од крајот на шеесетите. Британија на пример има ТФР испод 2 во 3тата и 4тата деценија од 20ти век, потоа следуваат 3 децении раст, па повторно одат испод ТФР 2.

Интересното е што денеска, земји што имале висок раст (муслимански, дисконектирани од Запад/Исток по влијание), економски неразвиени, имаат огромен пад на растот, нешто што се случува за многу крако време, не повеќе од 10-15 години.

Мое мислење е дека овие земји ќе ги имаат најголемите проблеми. Неразвиени економии, население што мигрира, ТФР испод 2.
Западните земји одамна имаат ТФР под 2, но имаат добро развиени економии и одлична основа за во иднина да прават какви сакаат планови. Тука е секако и имиграцијата, но небитна би рекол, како што може да се види во примерот со Јапонија до одреден степен.

Новата религија на Западот има во својот центар депопулација. Целата идеологија на нивниот јавен наратив носи во една точка - депопулација.
Не е точно. Тоа е наратив само на еден мал дел од политичкиот спектрум.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
786
Поени од реакции
508
Од таа гледна точка, не мора да значи дека земји како Кина и Јапонија ќе немаат проблеми, а земји како нас ќе имаат.
Се согласувам со тебе. Не мислев дека тие нема да имаат проблеми но тие проблеми не се од егзистенцијална и итна природа како нашиот случај. Нас може да не нема за многу брзо време, тие имаат време да издржат подолго. Кај нив повеќе се работи за криза на старење на населниоето, кај малите држави и општества криза се работи за изумирање. Затоа мерките се различни кај нас и КИна или Јапонија.
На пример, во Кина во пензија се оди со 60 години, жените со 55 години. Доволно е да ја подигнат границата на одење пензија и веќе имаат доволно работна сила за неколку децении.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.075
Новата религија на Западот има во својот центар депопулација. Целата идеологија на нивниот јавен наратив носи во една точка - депопулација.
Toa bi imalo poenta dokolku Rusija, Kina imaa podobra demografska slika. Ama nemaat.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
786
Поени од реакции
508
Новата религија на Западот има во својот центар депопулација. Целата идеологија на нивниот јавен наратив носи во една точка - депопулација.
Мене повеќе ми изгледа дека до депупулација е дојдено спонтано а не намерно, на сила се оние фактори кои веќе се споменати овде. МОжеби во некои круго се посакува депопулација на африка и азија, но не верувам дека некој од британските лордови сака депопулација на Велика Британија, или САД или Франција....
А и наративот е променет за 180 степени, не сретнувам многу текстови за пренаселеност, поввеќето во масовните медијуми се пронатални.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.693
Поени од реакции
32.743
Новата религија на Западот има во својот центар депопулација. Целата идеологија на нивниот јавен наратив носи во една точка - депопулација.
Не е точно. Тоа е наратив само на еден мал дел од политичкиот спектрум.
Toj т.н. „мал дел од политичкиот спектрум“ е всушност цел свет минус САД и вазалите од ЕУ.
Досега и на најокорелите навијачи за Рамбо филмовите им е јасно колку е часот, само западните и нафо екипици останавте да се држите до ставот дека не постои социјален инжинеринг кој со децении работите ги движи и насочува во правецот во кој се денес.

Демек демографските проблеми биле резултат на простеритетот и развојот на цивилизацијата. Од тој аспект и по таа логика гледано, овде во МКД колку што сме сме „просперитетни и развиени“ би требало природен пораст да имаме изразен во двоцифрена бројка.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Не е точно. Тоа е наратив само на еден мал дел од политичкиот спектрум.
Не. Станува збор за јавен наратив кој се турка по масовните медиуми, образовниот систем, економските односи, армијата, правосудниот систем и тн.

Исто како во стаљинистичка Русија, си има политички комесари по фирмите и институциите, кои се грижат за идеолошката подобност на: вработените и фирмата/институцијата.

Прилично јавно и масовно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom