Ако имаше волја да се реши ситуацијата ќе се решеше многу порано. Како прво, природно е ситуацијата во ФК Вардар да ја решава Град Скопје. Како што секој факинг клуб во државава е воден (или во некоја доба од постоењето пред да најде приватен спонзор) од соодветната општина во која припаѓа, така и нашата општина како основач на клубот, треба да си ги засука ракавите.
Прво, не знам што курац мислеа од дпмне кога ја ставија оваа рошлава како кандидат за градоначалник. Да беше коцката кандидат, досега Европа ќе игравме
Ако се сакаше да се реши ситуацијата, ќе се решеше од моментот кога добија мнозинство во совет. Најважна работа што мораше одма да се потегне е отворање случај за криминалното приватизирање на терените на Вардар во парк. Па разгледување на долгот, како е направен, колкав е фиктивниот дел, целосно чешлање во работата на претходниот сопственик.
Ама како ќе чешлаат, кога сите поттрчковци на Самс се/беа нивни членови. Па истите после и продолжија да работат и до ден денес работат во академијата Парк на Самс. Да имаше некаков сенс за решавање на проблемот, први што за уши ќе беа донесени да си ги решат минатите долгови ќе беа Симев и компанија трутови.
Али реалноста е дека ќе чекаме прво да се отарасат од ова дунстеров што ни го накалемија за градоначалник, па после Град Скопје да го помага клубот.
Друга работа е по која цена ќе го спасуваат клубот? Што ќе сакаат за возврат? Дали повторно ќе се оди на одложување средби и колку ќе се приближуваме до старт на сезона, толку поголем ќе биде стравот од распад и ќе добијат клуб во кој Комити нема да имаат сопственички пакет?