Како против дволичност и лицемерие?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 април 2021
Мислења
3.725
Поени од реакции
12.127
Сите околу нас имаме поединци кои проповедаат едно, а практикуваат друго, и верувам дека многу од нас тоа не прави да се чувствуваме фрустрирани, изнервирани и раздразливи, а веројатно некои од нас и изневерени заради блискоста со тие луѓе.

Ме интересира како вие се справувате со такви ситуации и како постапувате со лицемерните луѓе? Како се спротивставувате на лицемерието без да го зголемите конфликтот? Дали воопшто се воздржувате од зголемување на конфликтот? Дали постои начин да се повикаат луѓето на одговорност во таква ситуација, а притоа да се одржува почит и разбирање? Каде е границата меѓу љубезност и лицемерие? Дали може да бидете пријатели со лицемерен човек?
 
...најчесто им давам до знаење нивното лицемерие директно во лице, ма колку сакаат да бидат блиски, ако сум во право, но ако некогаш погрешам знам да се извинам, но најчесто се сите такви дволични, па поради таа моја директност често не сум омилена, но со време токму поради такво давање до знаење се добива стравопочит, што е доволно за мене да си седат настрана.

...пријател со лицемерн човек може во вистинска смисла само ако и јас сум како него лицемерна, поинаку не може, но заемно почитување како личност мора да се има, а уште полошо е ако знам дека е лицемерен, а преќутувам и ја голтам дволичноста во име на неконфликт тогаш не сум јас таа вистинската, така да кај мене нема таков пропуст, сечам од корен веднаш, барем не се нервирам понатака.

П.С.
една од најлошите особини на едена личност е лицемерието т.е. дволичноста!
 
Ако не ти е од било какво значење едноставно како што спомнаа погоре, изолација или со природен речник таквата особа поможија со нула, ако поради било кој причини мора да се има контакт и не може да се избегне ( пример роднина ти е или нешто колега на работа каде што мораш секојдневно да се гледаш во очи) тогаш прилагоди се на ситуација, едноставно не ги земај за сериозно, како да не постојат, веќе кога им го знаеш карактерот, лесно е, им го прифаќаш и живееш со тоа.
 
Не суди ги луѓето, дури и како биџонсица да им го "плеснеш во лице" тие тоа само ќе го филтрираат тоа во главата и само ќе те изнервираат.

Со тие само службено ако веќе мора и како да не постојат.

...најчесто им давам до знаење нивното лицемерие директно во лице, ма колку сакаат да бидат блиски, ако сум во право,
Секогаш. За да им укажеш дека ти нив ги познаваш подобро отколку тие тебе.
 
...така си е тоа лесно да се игнорира како да не,
блискоста значи некој што значи нешто, не мора да биде роднинска врска, а ниту колега, што ако е дечко, вереник, маж кој извесен период доста успешно се криел, а дволичноста избила покасно кога веќе ни значи нешто и не' прави да сме фрустирани од помислата дека е таков? а? ајде дај клоца да ве видам, не може, ама да се „тресне директно во лице“ ќе се тресне или ќе се оправи или...или ...ќе размислам што понатака!
 
Како што си идат годините, сфаќаш дека изолација на токсични личности е драгоценост.

Изненадувачки добар дел од нив своеволно се самоизолираат изминативе 5 (ПЕТ) години и повеќе.

Многу им благодарам, животов стана многу подобар и без нив.
 
...така си е тоа лесно да се игнорира како да не,
блискоста значи некој што значи нешто, не мора да биде роднинска врска, а ниту колега, што ако е дечко, вереник, маж кој извесен период доста успешно се криел, а дволичноста избила покасно кога веќе ни значи нешто и не' прави да сме фрустирани од помислата дека е таков? а? ајде дај клоца да ве видам, не може, ама да се „тресне директно во лице“ ќе се тресне или ќе се оправи или...или ...ќе размислам што понатака!
Така ќе ги смениш?

Screenshot_20240610_020225_Lite.jpg
 
... ако ни значи ќе се потрудиме барем да се ублажи таа лоша особина!
Како се радил човек, така и ќе си остане, ти него не можеш да го промениш.
 
Сите околу нас имаме поединци кои проповедаат едно, а практикуваат друго, и верувам дека многу од нас тоа не прави да се чувствуваме фрустрирани, изнервирани и раздразливи, а веројатно некои од нас и изневерени заради блискоста со тие луѓе.

Ме интересира како вие се справувате со такви ситуации и како постапувате со лицемерните луѓе? Како се спротивставувате на лицемерието без да го зголемите конфликтот? Дали воопшто се воздржувате од зголемување на конфликтот? Дали постои начин да се повикаат луѓето на одговорност во таква ситуација, а притоа да се одржува почит и разбирање? Каде е границата меѓу љубезност и лицемерие? Дали може да бидете пријатели со лицемерен човек?
Кој те повреди?

Јас лично сум со крстот на чело (наивен) и да сакам не можам да се сменам. Никогаш на некој свесно не сум му наштетил на било кој начин.

Иначе, било кој кон мене со ружи, јас му враќам со ружи. Кој по мене со камења и јас враќам со камења, не дозволувам на никој да ме гази и понижува.
Обично ваквите луѓе се големи нарцисоиди и манипуланти и на крајот ќе излезиш ти виновен доколку се спротиставиш.
Најубаво со ваквите гниди се справуваш така што му плескаш се во лице и ги одебуваш што подалеку. Едноставно.
 
...ако си заљубен во таква особа и ова особина на дволичност покасно ја сознаваш, што ќе направиш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom