@pupumashala битен е Тол кај климите. Тоа значи Temperature operating limit или до која најниска надворешна температура производителот гарантира дека климата ќе даде некаков капацитет на греење.
Точно ако Тол е -15 климата е сепак декларирана за средна зона бидејќи ладна зона започнува од -22, но сепак е битно.
Битна е исто Тбив или тоа е најниска надворешна температура до која климата ќе успее да даде доволно капацитет на греење за да го задоволи Pdesignh без дополнително греење. Да ги задоволи топлинските загуби.
Она што ти објаснуваа за Charmo као има 3.2kW за средна зона на -10С, ама ај прашај ги колку деклариран капацитет има на -10 и уште колку дополнително греење фали за да ги задоволи тие 3.2
На тоа Charmo Тбив му е -7 а Тол -10 што значи на -7 веќе го има дадено максималниот капацитет. На -10 капацитетот е доста намален треба дополнително греење во просторијата, климата работи максимално што пак значи дека често влегува во дефрост.
Друго што рече дека само греач на тацна е доволен за да климата влезе во ладна зона, односно да биде т.н. нордик модел, е неточно.
Нордик климите имаат дворедни/троредни изменувачи на надворешна и внатрешна, поголемо количество на фреон, електронски експанзионен вентил, компресори со два клипа, подобра електроника...
Сето тоа крева на цената а исто и тоа што има на внатрешната. Дополнителни филтри за филтрација на воздух, јонизатор, вифи, сензори за температура, влажност, движење во просторијата, поквалитетна пластика која не крцка многу при промена на температура...
Колку пари толку музика