Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Делумно се согласувам. Има и такви, ама во моментов има проблем за сите, едноставно сите ги скратија буџетите.Кои луѓе беа отпуштени? Ги отпуштивте ли најдобрите девелопери?
Точно, ама мојот прв коментар беше насочен кон сениор девелоперите, кои реално се мал процент од индустријата.
Тука не зборам за Станко кој работел 10години во фирмата, па го стаиле "сениор" демек за да напредува. Нормално е кога фирмата ќе дојде во криза да го бркаат Станко бидејќи сигурно има некој со 3-4 години искуство што може истата работа да ја работи а зема 50% помала плата.
Муабетот ми беше дека ако стварно добро си ја работиш работата, станеш професионалец, тогаш веројатноста криза од ваков калибар да ти направи штета е значително помала отколку ако си mediocre. Дека многу од тие пораки што ги читаме на linkedIn од типот "I lost my job" се луѓе кои биле mediocre, пример за Peter Principle.
Сеа нормално има и квалитетни луѓе кои "настрадале", ама сметам дека нивниот број е значително помал. За жал немаме статистика за квалитетот на луѓето што се отпуштани.
Да додадеме тука дека и големите компании си прават чистка после ненормалното вработување што се случи во Короната. Овие чистки не знам колку се поврзани со кризата, мислам дека повеќе се темелат на тоа што големите играчи си направија нереални проекции за workload-от што ќе го имаат после короната.
А за искуството и вештините, некои луѓе не ни имале прилика да станат подобри/да научат од сериозни проекти, а се бистри и ок како кадар, едноставно не се поклопиле коцките да им се даде шанса.
Коментарот за цените ми се однесуваше и на тоа што го добиваме ние од клиентите. Се почесто доцнат плаќања на фактури и тоа од клиенти кои вртат милиони на месечно ниво, на бидовите фрчат мизерија суми од азиски фирми (со среќа да докажеш дека не ги бива и дека ти нудиш подобар квалитет), плус истите отвораат фирми во земјите каде работат и вработуваат тамошни продавачи, па американецот на состанок гледа друг Американец, а цел тим е во Пакистан.