- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.235
- Поени од реакции
- 6.374
Баш, од збор до збор!Те сфаќам се што сакаш да кажеш, но не се залетувај(те) уште од сега со бомбастични шпекулации и пишувања. Го закопа Пелистер, а поголеми се шансите нас да ни избегаат повеќе играчи од нив. Сигурен сум дека имаш одредени извори и дека мислиш се најдобро, но реалноста е сосема поинаква.
На Пелистер ова им е врвот, парите им се тие и погоре тешко дека ќе мрднат, но и вакви какви што се се појаки од цела лига. Нас јапонецот ни е пола тим, без него што мислиш колкави ни се шансите за титула? Ние имаме многу повеќе дупки за крпење од нив, а ако си отиде и Јасухира тогаш и кратер останува да пополнуваме. Сериозен клуб плаќа 30-40.000 евра за него, а се ослободува од Гојковиќ, Мојковиќ и слични шарлатани кои имаат придонес во играта колку еден младинец. Сериозноста (парите) ќе ги видиме наскоро, односно со изборот на голман.
Никој не очекува клубот да се среди за две недели и да освои титула, но не ја палете непотребно ситуацијата уште толку со потценувачки постови, а после кога ќе се залепат дел од битолчаните одат сите теми во три лепе.
Нешто што додатно треба да се напомене и да не се заборави е дека и на Михајло кога повторно го превзема клубот пред некоја година, по откажувањето на Сергеј му ветуваа брда и долини. Од град Скопје, од Агенција за Спорт, Лотарија, градоначалници итн. и знаеме како тие ветувања на крај завршија.
Намерите на Борко можеби се најдобри, но парите нема да ги дава он од свој џеб.
Последно уредено: