Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.088
Поени од реакции
81.013
кој си гласал за европски фронтови и сили ќе си иде во ЕУ, кој гласал за Милошевиќ ко нас ќе иде во Северна Кореја

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.211
Поени од реакции
20.929
Еве искочи Гаши со објава и кажа дека Македонија е негова татковина , а тоа што било претходно пренесено во медиумите за Косово дека било негова татковина е грешно и дека кажал само неговите родители биле од Косово ..

Реално вчера Мицкоски кажа ако кажал нешто такво да се извини , еве си кажа Гаши сега точно и прецизно дека сепак Македонија е неговата татковина ..

Мицко доби плус од мене за ова , за разлика од Заев и Ковачевски кои никогаш не побараа од оние од дуи да се извинат , иако и фудбалче си играа во влада ..

Прегледај го приврзокот 419554
Очекувам од Вистиномер, како независни борци против лажни вести и спинови, една детална анализа за наводната изјава на Гаши дека Косово е неговата татковина, убаво и прецизно да ни објаснат дека била спин, лош превод и тенденциозно извртена од медиумите.

Исто како што ни објаснија дека Ѓоковиќ не ја читал книгата на Груевски во авион.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.674
Поени од реакции
3.610
кој си гласал за европски фронтови и сили ќе си иде во ЕУ, кој гласал за Милошевиќ ко нас ќе иде во Северна Кореја

Баш ме интересира како Украина ќе влага во ЕУ. Дали со све руските тенкови или?
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
876
Поени од реакции
2.790
кој си гласал за европски фронтови и сили ќе си иде во ЕУ, кој гласал за Милошевиќ ко нас ќе иде во Северна Кореја

Да бевме држава , со ова мочање врз нас ќе враќавме апликација за членство или пак ќе замрзневме статус .
Ова е срамота .
Кои будали испаднавме . 20 години ! процес за членство .
Молдавија и Украина ! пу бе пу !
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.360
Поени од реакции
37.200
"Оноа" со помош за 3то и 4то дете како да сме Уганда беше многу јака мерка, затоа и грујо рокаше со пропаганда со статистиката дека го зголемил наталитетот во државава. Имаше и лудаци што се палеа со тоа, а не знаеја што следува. :toe:

На крај испадна дека ги зголеми капацитетите на косоварите во западниот дел и нормално, дуплирање на циганските гета во секој град.

Супер мерки, мора да се признае. Зголемување на наталитетот. :pos:
Прегледај го приврзокот 419562
Па да правевте повеќе деца, наместо да чувате кучки по дома може и ќе успееше нешто од ова.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.787

Ne bese bas takva prvobitnata zamisla ali blagodarenie na SDSM stana takva kako sto stana oti vie nesto se bunevte. Ke se setis sto bese rabotata za so se bunevte?
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.672
Поени од реакции
5.294
Па да правевте повеќе деца, наместо да чувате кучки по дома може и ќе успееше нешто од ова.
3 деца не се чуваат со 400 евра плата... Сам неможеш со таа плата крај со крај да сврзеш.
Реално треба да се гледа на работите. И да се најде вистинскиот проблем.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.007
Поени од реакции
8.576
Да бевме држава , со ова мочање врз нас ќе враќавме апликација за членство или пак ќе замрзневме статус .
Ова е срамота .
Кои будали испаднавме . 20 години ! процес за членство .
Молдавија и Украина ! пу бе пу !
Цело време на нашите политичари им ја продаваа бајката со исполнување на Копенхашките критериуми како услов за пристапување кон ЕУ, како на тешки будали и наивци.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.755
Поени од реакции
8.300
3 деца не се чуваат со 400 евра плата... Сам неможеш со таа плата крај со крај да сврзеш.
Реално треба да се гледа на работите. И да се најде вистинскиот проблем.
Бројот на деца е комплетно независен од материјалните услови. Бројот на деца, највеќе зависи од општествената култура и организација,

Има една студија, која ја читав,која правеше споредба на проектите кои ги започнале Европските држави помеѓу Првата и Втората Светска војна ( и плус Шпанија после втората светска војна ), за да го кренат наталитетот, кој опаднал драстично.Па просечната Европска фамилија одеднаш чувала по 3-4 деца, наместо претходните 5-6.4

Главната споредба беше помеѓу Советскиот Сојуз, Германија, Франција, Англија и Шпанија.

Советскиот Сојуз тргнал од истата претпоставка, дека кога ќе се санираат последиците граѓанската војна, и ќе се подигне материјалниот стандард на луѓето, ќе почне повторно да се подига стандардот. Се случило комплетно спротивното и како се подигнувал стандардот на живеење, наталитетот опаѓал со уште поголема брзина. Па се префрлиле на Германскиот модел каде што почнале да даваат како финансиска помош така и одликувања за имањето на повеќе деца, и се случило истото како и секаде на друго место. Наместо слоевите од општеството кои им било потребно да го зголемат наталитетот, наталитетот се зголемил само кај тие што веќе имале по 6 деца.

Германците финансискиот аспект го надополниле со давање на парите само на мажот и медиумска пропаганда за про-мајчинство кај жените. Повторно руралните Германци кои веќе имале по 5-6 деца, го зголемиле бројот на 7-8 додека наталитетот во урбаните средини продолжил да опаѓа.

Французите и Англичаните имале само медиумска кампања и истата била комплетно неуспешна.

Шпанците го имале најуспешниот метод на подолг рок каде што они имале државно подпомогнато религозно културно влијание за да се зголеми наталитетот.

Советскиот Сојуз уште пред војната направил промени и можете да видите според наталитетот на сите држави во Варшавскиот пакт дека имале доста голем успех:

  1. Драстично намалување на абортуси, а во најуспешниот дел од програмата биле и забранети.
  2. Неофицијално врзување на имањето на стабилни семејства и деца со професионален успех. Едноставно ако не си женет/мажен, немаш деца, тогаш имаш многу ограничен простор за напредување во кариерата. Ако тие што се нај-кариеристички настроени можеш да ги примораш да имаат барем 2 деца, тогаш позитивен наталитет ти е осигуран. Исто так драстично го отежнале разведувањето.
  3. Де-сексуализација на општеството, колку е по-експлицитна сексуалноста, толку е помал наталитетот.
Ако го комбинираш ова со рурализација, каде што имаш мали заедници каде што има цврста контрола на кој што прави ( СССР го правеле комплетно спротивното ) и со тоа и притисок од околината да направиш одредени работи, тогаш немаш потреба ниту од медиумски кампањи ниту финансиска помош. Наталитетот ќе биде сигурно над 2.

Успеав да ја најдам кој сака нека ја прочита:

1717778057082.png
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.014
Поени од реакции
4.567
Ако оваа држава е национална држава закон за наталитет и трето дете треба да има само за Македонци, но за жал не сме држава и секој мајмун кој има своја матична држава ни плаче за дискриминација а нашите политичари им ќутат, порано во уставот пишување и дека автоматско македонско државјанство добива секој Македонец по род, и тоа треба да се врати.
 
Прво социјални проблеми да средуваме , треба прво основата да се стабилизира како политичките проблеми . Без политички проблеми немаш стабилна социјалност .
Имаме проблем со надворешни соседи како Грција и Бугарија кои се поврзани со ЕУ па до внатрешни политички проблеми со Албанците и пола етничка Македонска линија која е вазалска .
Цел социјален проблем е заради бегање на народот надвор и економската состојба затекната заради политичка нестабилност .
Груевски ерата беше најдобра зошто доведе до стабилност во политиката и не е само ЕУ еднонасочни . Груевски играше со Истокот така . Аеродромите ги држеше Турција,Кина ги држеше автопатите, американски,белгиски,британски инвестиции во економските зони, план беше и како Кипар со даночните фри зони .
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.211
Поени од реакции
20.929
Советскиот Сојуз уште пред војната направил промени и можете да видите според наталитетот на сите држави во Варшавскиот пакт дека имале доста голем успех:
  1. Драстично намалување на абортуси, а во најуспешниот дел од програмата биле и забранети.
  2. Неофицијално врзување на имањето на стабилни семејства и деца со професионален успех. Едноставно ако не си женет/мажен, немаш деца, тогаш имаш многу ограничен простор за напредување во кариерата. Ако тие што се нај-кариеристички настроени можеш да ги примораш да имаат барем 2 деца, тогаш позитивен наталитет ти е осигуран. Исто так драстично го отежнале разведувањето.
  3. Де-сексуализација на општеството, колку е по-експлицитна сексуалноста, толку е помал наталитетот.
Ако го комбинираш ова со рурализација, каде што имаш мали заедници каде што има цврста контрола на кој што прави ( СССР го правеле комплетно спротивното ) и со тоа и притисок од околината да направиш одредени работи, тогаш немаш потреба ниту од медиумски кампањи ниту финансиска помош. Наталитетот ќе биде сигурно над 2.

Успеав да ја најдам кој сака нека ја прочита:

Прегледај го приврзокот 419574
Замисли да треба да трпиш некоја психопатка дома да ти се качува на глава цел живот, само затоа што на некој комунистички диктатор му текнало да го отежни или забрани разведувањето. Или обратно, некоја да трпи ќотек цел живот само затоа што Сталин така сакал.

Да си се родил како Никола Тесла, ама да мора да работиш на нива цел живот, бидејќи Сталин рекол нема кариера и посветување на наука ако немаш деца.

Забранување абортус? Луѓе кои не можат ни самите себе да се издржуваат, да бидат приморани деца да чуваат, да гледаат како и сопствените деца им мизеруваат заедно со нив.

Не се ова проекти за наталитет, туку проекти за создавање топовско месо и продлабочување на мизеријата на населението. Ова нема никаква примена во современиов свет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.357
Поени од реакции
40.172
Димче е тој Сталин што Боро го бара. Малце да ја среди државата, мора утре предвремени избори да се спроведат за овие реформи да пројдат. Да им дадеме шанса на децата желни за докажување.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Еве, математички прецизно:
436.407 гласови од ВМРО-ДПМНЕ + 106.937 од Вреди + 56.232 од ЗНАМ = 599.576 гласови, вкупно

Во проценти:
- 72,8 % - ВМРО-ДПМНЕ
- 17.8 % - Вреди
- 9,4 % - ЗНАМ

Кој сака, нека пресмета дали ваква ќе е дистрибуцијата на новата власт во однос на министерски места, заменици-министри итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom