3 деца не се чуваат со 400 евра плата... Сам неможеш со таа плата крај со крај да сврзеш.
Реално треба да се гледа на работите. И да се најде вистинскиот проблем.
Бројот на деца е комплетно независен од материјалните услови. Бројот на деца, највеќе зависи од општествената култура и организација,
Има една студија, која ја читав,која правеше споредба на проектите кои ги започнале Европските држави помеѓу Првата и Втората Светска војна ( и плус Шпанија после втората светска војна ), за да го кренат наталитетот, кој опаднал драстично.Па просечната Европска фамилија одеднаш чувала по 3-4 деца, наместо претходните 5-6.4
Главната споредба беше помеѓу Советскиот Сојуз, Германија, Франција, Англија и Шпанија.
Советскиот Сојуз тргнал од истата претпоставка, дека кога ќе се санираат последиците граѓанската војна, и ќе се подигне материјалниот стандард на луѓето, ќе почне повторно да се подига стандардот. Се случило комплетно спротивното и како се подигнувал стандардот на живеење, наталитетот опаѓал со уште поголема брзина. Па се префрлиле на Германскиот модел каде што почнале да даваат како финансиска помош така и одликувања за имањето на повеќе деца, и се случило истото како и секаде на друго место. Наместо слоевите од општеството кои им било потребно да го зголемат наталитетот, наталитетот се зголемил само кај тие што веќе имале по 6 деца.
Германците финансискиот аспект го надополниле со давање на парите само на мажот и медиумска пропаганда за про-мајчинство кај жените. Повторно руралните Германци кои веќе имале по 5-6 деца, го зголемиле бројот на 7-8 додека наталитетот во урбаните средини продолжил да опаѓа.
Французите и Англичаните имале само медиумска кампања и истата била комплетно неуспешна.
Шпанците го имале најуспешниот метод на подолг рок каде што они имале државно подпомогнато религозно културно влијание за да се зголеми наталитетот.
Советскиот Сојуз уште пред војната направил промени и можете да видите според наталитетот на сите држави во Варшавскиот пакт дека имале доста голем успех:
- Драстично намалување на абортуси, а во најуспешниот дел од програмата биле и забранети.
- Неофицијално врзување на имањето на стабилни семејства и деца со професионален успех. Едноставно ако не си женет/мажен, немаш деца, тогаш имаш многу ограничен простор за напредување во кариерата. Ако тие што се нај-кариеристички настроени можеш да ги примораш да имаат барем 2 деца, тогаш позитивен наталитет ти е осигуран. Исто так драстично го отежнале разведувањето.
- Де-сексуализација на општеството, колку е по-експлицитна сексуалноста, толку е помал наталитетот.
Ако го комбинираш ова со рурализација, каде што имаш мали заедници каде што има цврста контрола на кој што прави ( СССР го правеле комплетно спротивното ) и со тоа и притисок од околината да направиш одредени работи, тогаш немаш потреба ниту од медиумски кампањи ниту финансиска помош. Наталитетот ќе биде сигурно над 2.
Успеав да ја најдам кој сака нека ја прочита: