Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.560
Поени од реакции
5.643
Додека чекаме нови вести околу состојбата во ФК Вардар време е за мала анализа од тоа што досега гледаме од тимовите во првата лига и како би била ситуацијата :)

Да почнеме од овие екипи што сега влегоа , екипата на Беса веќе почна да се засилува , го потпишале голманот Захов и некој странец од Ѓорче исто зеле , најавуваат и други солидни играчи.Очигледно некој таму решил да фрла добра пара и веројатно нема да бидат екипа која треба да се потцени ..

За Пелистер пратам дека бараат спонзор , но тешко им оди и засега нема ништо, така да најверојатно ке останат само на парите од општина Битола која ке даде скромен буџет и очекувам да се борат за опстанок ..

Од другите екипи , Струга и Тиквеш до сега некако највеќе се засилуваат и најавуваат борба за врвот , исто тука се Шкендија и Гостивар кои сигурно ке нападнат за титула.

После падот на Дуи , очекувано беше Воска ова лето да паѓа, до сега Захов и најдобриот стрелец кај нив Адам Марушич официјално се надвор од клубот , така да Воска сигурен сум дека оваа година ке оди 2 лига ..

Шкупи почна да ги продава најдобрите играчи , таму ситуацијата не е сјајна после оваа лоша сезона каде што не изборија место за Европа и очекувам да бидат уште послаби од лани ..

Работнички и Брера ги гледам во некоја средина на табела ..

Така да иако е се уште рано и работите може да се променат Воска и Пелистер со овој ростер се први кандидати за втора лига .

За Вардар реков чекаме вести што ке биде , со овој моментален тим веројатно би завршиле средина на табела , но сепак да почекаме да видиме дали ке влезат нови пари и со тоа нови играчи :) ...
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2019
Мислења
484
Поени од реакции
2.522
"со овој моментален тим веројатно би завршиле средина на табела"
Пак си претерал со фантата од сабајле :D :D Со овој тим не само што не би завршиле на средина, туку и би се бореле за жива глава, моменталниов тим па и дополнително ослабен без Глишиќ кој каков таков беше наш најдобар играч ланската сезона и Панта кој се уште се мисли дали да продолжи со фудбал или не, не би можел ни до средина на табела, рачунај на сметка на Брегалница и Ѓорче имаш претешко гостување кај беса кај што нозе ќе искршат само за да ни скинат бодови и стандардно кај Пелистер каков и да е, дерби ќе си е дерби, така да лигата ќе биде уште потешка...
Средина на табела, легенда си :D
 
Мислев на овој моментален тим и барем со 1-2 играчи , напаѓач ни фали очајно :) ..

Па искрено не се согласувам дека сме толку слаби , од наредна сезона се враќаат Мицевски и Лемос и ете за 50 % појак Вардар , за еден месец тренирање би требало да ја вратат формата :)
 
Лемос пред декември тешко дека би се вратил на тренинзи, со натпревари здравје би почнал втора полусезона... Панта (Мицевски) ти пишав и погоре, не знае дали би продолжил со играње фудбал, така да едно 4-5 играчи... сега за сега сме далеку од средина на табела Кирца...
 
Член од
23 април 2022
Мислења
277
Поени од реакции
1.250
Додека ние чекаме "што ќе биде" играчите не чекаат и си бараат чаре. Претежно мислам на играчите кои ги посакуваме, а кај и да е тоа ќе биде и со нашиве кои играа (полусезонава)
Фудбалскоот пазар не признава "да почекаме, да видиме

Од тоа што го знам три наши пика отидоа на друго место, а прашање на ден е за уште три...
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
177
Поени од реакции
923
Додека чекаме нови вести околу состојбата во ФК Вардар време е за мала анализа од тоа што досега гледаме од тимовите во првата лига и како би била ситуацијата :)

Да почнеме од овие екипи што сега влегоа , екипата на Беса веќе почна да се засилува , го потпишале голманот Захов и некој странец од Ѓорче исто зеле , најавуваат и други солидни играчи.Очигледно некој таму решил да фрла добра пара и веројатно нема да бидат екипа која треба да се потцени ..

За Пелистер пратам дека бараат спонзор , но тешко им оди и засега нема ништо, така да најверојатно ке останат само на парите од општина Битола која ке даде скромен буџет и очекувам да се борат за опстанок ..

Од другите екипи , Струга и Тиквеш до сега некако највеќе се засилуваат и најавуваат борба за врвот , исто тука се Шкендија и Гостивар кои сигурно ке нападнат за титула.

После падот на Дуи , очекувано беше Воска ова лето да паѓа, до сега Захов и најдобриот стрелец кај нив Адам Марушич официјално се надвор од клубот , така да Воска сигурен сум дека оваа година ке оди 2 лига ..

Шкупи почна да ги продава најдобрите играчи , таму ситуацијата не е сјајна после оваа лоша сезона каде што не изборија место за Европа и очекувам да бидат уште послаби од лани ..

Работнички и Брера ги гледам во некоја средина на табела ..

Така да иако е се уште рано и работите може да се променат Воска и Пелистер со овој ростер се први кандидати за втора лига .

За Вардар реков чекаме вести што ке биде , со овој моментален тим веројатно би завршиле средина на табела , но сепак да почекаме да видиме дали ке влезат нови пари и со тоа нови играчи :) ...
Кире, со моменталниов состав сме печени за втора лига и тоа фатени рака-под-рака со Пелистер, по пат може и пајдушко да изиграме... Каква црна средина на табела, кај нас тројца играчи се 95% од тимот, а еден веќе си отиде. Како што пишав и претходно, тимот се прави овие денови, на крај од јуни/почеток на јули веќе е прекасно и тогаш се носат играчи како оној Бразилецот од четврта бугарска лига - ќустендилски регион. Остај ја Воска, еден Јашароски е Халанд за сите наши напаѓачи, далеку сме ние од Воска. Во овој момент, согласно шпекулации за спонзори и најава на играчи, заедно со Пелистер сме најслаби во Прва лига.
 
Од зимоска кога дојде Михаилов и новите играчи Вардар покажа дека може да игра со секој , па дома ја победивме Струга 1-0 и тоа без Лемос , исто и со Шкендија ја надигравме и на 1-0 промашивме неколкку зицери по што во 80 минута ни следеше казна за 1-1

Еве ке се согласам дека и Маџари притисокот од публика играл улога во тие бодови за Вардар , но сепак сметам дека со Лемос во прв тим па и со здрав Мицевски со тој тим од зима без проблем ке обезбедевме опстанок ..

Во нашава лига 2-3 играчи можат да направат разлика , знаеш и сам дека ни една екипа не отскокнува со квалитет , па еве гледај ја табелата колку тие екипи од средина беа со бодови над Вардар , и со Брера и со Работнички блиску бевме, а сепак на полусезона Вардар беше скоро последен ..

На Вардар моментално на овие играчи му треба добар напаѓач , сега лев бек на местото на Глишич и уште 1-2 играчи за да бркаме повисок пласман ...

Иначе се согласувам , времето тече и во фудбалот треба на време да се купуваат играчи , но ете ке си чекаме кога ке одлучат "главните" за парите ..
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.642
Поени од реакции
2.095
Карчески би бил добра замена на позицијата лев бек. Само изгледа дека тој цели кон ангажман во странство. Некако очекувам Горазд да донесе играчи со кои има соработувано во претходните клубови. Исто и Виктор Серафимовски би бил добар избор за зацврстување на средината.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
172
Поени од реакции
404

Ако биде така нека проба и Каланоски да го земе, мислам дека му истече договорот со Силекс. Иначе ко за беља работа, стално дава голови и пружа добри партии против нас, ако избега во друга екипа од првенствово пак ќе нѐ пуни...
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.642
Поени од реакции
2.095
Ако биде така нека проба и Каланоски да го земе, мислам дека му истече договорот со Силекс. Иначе ко за беља работа, стално дава голови и пружа добри партии против нас, ако избега во друга екипа од првенствово пак ќе нѐ пуни...
Не знам дали Каланоски би сакал да дојде, инаку би бил добар избор. Ќе видиме што ќе се случува во престојниот период.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
484
Поени од реакции
2.522
Јашароски колку што знам го раскина договорот со Воска, слободен играч е, ама не би ме чудело да потпише со беса, шкупи…
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.622
Поени од реакции
70.300
Јашароски колку што знам го раскина договорот со Воска, слободен играч е, ама не би ме чудело да потпише со беса, шкупи…
Не сака да игра за Вардар, шверцер е во душа :D

Како што кажаа погоре, додека се чека да се реши ситуацијата, не само што сите добри македонски играчи ќе потпишат договори со други клубови, туку и овие што ги имаме ќе си заминат. Може и тренерот да го загубиме.

Али важно уште некои веруваат дека може со магично стапче да се реши се'. Ќе дадела оваа општина толку, онаа онолку. Тоа додека помине на ребаланс на буџет, парите што ги ветуваат градоначалнициве или не ги добиваме или ги добиваме по пола година и повеќе. Изгледа уште луѓето мислат дека играчите ќе чекаат и ќе веруваат на празни муабети, додека во лигата имаш турски спонзори што им даваат плати какви што Самс даваше на времето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom