Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво екипа
Нуб сум на форумов, глеам споделувате инфо за градење, па да ве прашам:

Сакам да дигам спрат, колку би ме коштала квалитетна карабина од околу 130m2 (се околу изградбата, без дозволи и такви чуда) ?

Фала на сите
Имаш плоча или сега ке ставаш?
 
200 еури од м2 нека те фане, да ти гради фирма. Плус минус тие се цените.
 
Нема плоча, ќе треба да се става.
1/Бетонски работи...шаловање и бетонирање на темелна плоча цм ,
..Ш и Б на цокле
..Ш и Б на подна плоча и Х против влага
...Ш и Б столбови ,носачи ,парапети и црклажи
2/ Армирачки работи
3/Sидарски работи надвор з и внатрешни з
4/кровопокривачки работи....шо како,олуци,лимарски работи,снегобрани ти реков ми рече
5/бетонски работи на кошуљица...
6/гипсени работи.....
7/ малтерисвење и мољерај комплет
8 фасада
изработка стреи
....
керамички работи
хидроизолатарски работи
греење?
гледај да најдиш добра фирма не по 2 шо работет.....карабина се прајт од 3 недели до 8 макс
со среќа
 
Нема плоча, ќе треба да се става.
Мене 120м2 карабина со рамен кров (панел од 5см) ме фати 28.500евра, со се мајстори.
Плочата ми е од стиропорни монти малку поскапи се од обичните, арматура се ми е 12 и 16ка и отиде околу 5 тона, ама ова забиси дали ти ке вадиш столбови на веќе постоечкиот објект, јас несакав да ми се копа внатре па така имам распон на греди од 7,5метра
 
Искрено, не се разбирам премногу во делов со градење карабина, ама мислам дека ќе има потреба од надворешни столбови, секако доколку нема некој компромис, наместо столб, нешто друго
 
Затоа ти треба проект со статика со се зашто мајстори ко мајстори на се се нафаќаат а старата градба штом нема плоча значи не е предвидена да носи спрат што значи треба стопи и столбови плус ги врзуваат и доле со темели столбовите за да спречат ширење при ерозија и земјотреси
Види ако си спремен да фрлиш едно 60к евра за спратот ондак одвој уште 1500е за проект + комуналии во зависност кадет градиш ама барем си раат и од безбедност и од впишување на спратот во имотен лист
Што и да одлучиш со среќа нека ти е а богами и трпение ке ти треба :D
 
јас несакав да ми се копа внатре па така имам распон на греди од 7,5метра
:eek:
(знам дека е лесно возможно, ама и носечките стубови и гредите треба машала проектирани и изведени да се за ова.. па уште и велиш надградба е, па претпоставувам на веќе постоечки столбови се наддавани!?)
 
Не бе друже какво наддавано се од ново од надвор, столбовите 40х40 ми се :D Дефакто можам старата да ја турнам сега ако сакам
Искрено и претерано е ама за себе кога правиш не жалиш
 
Замислата ми е да биде исто како кај тебе (горе-доле), да има надворешни столбови, добро инкорпорирани со долниот спрат, да не пречат, горе плоча и да се гради на нејзе. Знам дека треба статичари и проект, па у општина и после да се почне... коа ќе се заврши со градбата, да се стави фасада и долната да се обнови (барем иста боја) како горната. Значи викаш околу 60к € (плус минус 5к€) за 130м2 ?
 
Па така некако ма да секад излегува повеќе а крајната цена зависи и од тоа дали ке праиш луксуз или ке уредуваш со поефтини работи (плочки, под-ламинат,паркет, врати, дограма итн итн)
Јас искрено на подот доста заштедив бидеејќи правев микроцементен под сам, кој иначе иде по 50евра за м2
 
Да прашам некој што е работил на кров со т.н. капаци , смесата која се става за да се залепат убаво на ќерамидите е од цемент,песок и гасена вар, е сега мене ме интересира соодносот меѓу овие материјали, на пример 3 лопати песок, 1 лопата цемент и колку лопати вар?
Покривот ми е релативно нов од пред 15-тина години а на некои места смесата се изрони и падна ќерамида долу што е и опасно, затоа и прашувам за што побрзо да си го решам проблемот, однапред благодарам на одговорите
Капаци.jpgКапаци 2.jpg
 
Прегледај го приврзокот 419219Прегледај го приврзокот 419221
Капаците од покривот веќе никој не ги лепи со цименто да знаеш, мајстор што ќе ти каже дека ги лепат со цименто капаците не го бива за мајстор, смесата е таа како што кажа, но доколку си во можност да ги извадиш сите капаци нормално мајстори да ти го направат тоа, и да ти го нивелираат со дрво, оди фолија да не пропушта вода па потоа оди алуминиумски приклучоци што се штрафат на самото дрво и се додаваат капацитe

Плус мислам тешко се наоѓа и боја за да нели малтерот биде што приближен до бојата на капаците
 
Здраво, почна да ми се лупи абрипот од таванот па да прашам со што може најлесно да се извади а да не е чекан и шпакла(хемиска солуција барам )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom