ВАЊА ЈА СТАВИЛЕ ВО ВРЕЌА СО ПОДОТВОРЕН ПАТЕНТ И ЈА ОДНЕЛЕ ЗА ДА ЈА УБИЈАТ Тројца се обвинети за свирепо двојно убиство, а таткото за помагање при грабнување
Вања ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано „Дупки“, во атарот на селото Бразда. Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот ѝ нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со...plusinfo.mk
Кои глупости, планирале од него да ја земат колата за да извршат киднапирање на девојче, отишле до дома кај него, ама па со умисла на друго место го лишиле од живот.Како што соопшти ОЈО, тројцата на 22.11.2023, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано „Рудник“ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.
Според случките, најверојатно Жежовски бил дел од планот, па најверојатно на време се освестил па решиле да го убијат. Иначе се работи за лице во маргинална партија, во која главен наратив се теории на заговор, слично како десна, банкстерите/власите/евреите. Затоа си мислам дека има поширок плот од она што го прикажуваат. Палчо им продал револуција на овие.Кои глупости, планирале од него да ја земат колата за да извршат киднапирање на девојче, отишле до дома кај него, ама па со умисла на друго место го лишиле од живот.
Исто и Вања ја киднапирале да изнудат пари, а ја убиле одма по доаѓањето таму...
Значи реконструкција, се собрало друштво, не знаат кај тераат, што прават и што сакале да направат, им текнало во Велес ќе земат кола од некојси којзнај кој познаник да киднапираат девојче, му ја бараат прво дома, ама не планирале дека нема да им ја даде и се изнервирале и со умисла (?!) него го убиваат, пријавен е како исчезнат, сите го бараат него и колата, овие се возикаат со таа кола во два града, киднапираат девојче да изнудат пари, ја носат во пустини и одма ја убиваат... Како ќе изнудат пари така којзнае, па после секој по дома, овој си прави поткасти и на кој жити се нешто му е јасно од случајов. Кое користољубие? Кај е, кога се случи, кој побара пари кога одма е убиена... Или сите овие се премногу глупави или сите ние сме.
Нема на тој начин да го одолговлечат судењето ниту пак им е во интерес да го одолговлечат. Притворот е зезната работа, па ако знаеш дека ти нема вадачка на судот тогаш гледаш што побргу да заминеш во затворот. Гледано од Шутка, Идризово им се чини Беверли Хилс, иако во овој случај мислам дека и во Идризово ке имаат ,,добар и законит третман,, од страна на другите осуденици и вработените...Околу случајот со малата Данка едниот од осомничените, тој што се бранеше со молчење, сега одлучи да се брани и негира дека бил смешан во убиството .
Неговиот адвокат пред новинарите изјави дека освен тоа што клиентот негирал дека е виновен, по негово барање не смее да изнесува други детали.
Истото можи и кај овие да се случи, да си ја префрлуваат вината еден на друг и да се одолговлекува судењето.
Ај не можеш?Ко ќе ги читам одредени членови на темава ми иди телефонот в зид да го акнам да го распарчам
Ова само ќе предизвика ефект на "забрането овошје" кај народот. Демек, ве лажеме за ваше добро.еве нешто
самите велат дека не кажале све од икс причиниМОТИВОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА Е ЈАСЕН Детали не се откриваат зашто се премногу вознемирувачки, вели државниот обвинител
Кога обвинителниот акт ќе стапи на сила, сите медиуми, известувачи да се воздржат од коментирање на дејствијата, имајќи предвид дека се со вознемирувачка содржина, апелира додаде Коцевски.plusinfo.mk
што е логично
рационалниот ум не може да се задоволи со она што до сега го кажаа
да очекуванме повеќе, значи
Како бе нема везе зошто убивале Мотивот може да дојде до други учесници можно е да има и нарачател на убиството на Вања и сето тоа ние треба да го проголтаме.Што има везе зашто убивале, битно они се.
- доста голема глупост која неколкумина ја повторуваат упорно.
А кој вели дека претходно, не знаеме ние колку, Палчо не барал од нив некои пари кои мислел дека му ги должат или едноставно сакал да ги изнуди? Од кај ние да знаеме?Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот ѝ нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.
Како ако планирале да бараат откуп а веќе имало ископано дупка?
Не е точно дека без вистинскиот мотив делото е половично решено.Ако има силни докази обвинителството не мора да докажува дека постои мотив позади делото.Без вистинскиот мотив све и е паѓа во вода, не кажав дека не се тие убијците нормално се гледа на камери ги фаќаат ги млатат како магариња признаваат и толку, ама без вистинскиот мотив делото и е решено половично.
Aj ce mu se javam na javniot obvinitel da te pobara i da ti gi objasni detalite!Како бе нема везе зошто убивале Мотивот може да дојде до други учесници можно е да има и нарачател на убиството на Вања и сето тоа ние треба да го проголтаме.
Осомничен и осуден е исто. Само неписмени како нас, кајгана форумџиите може разлика да направиме. Еве еден пример, мене не ме осудија дека сум возел пијан, дека сум одбил да дувам, а грешка било на полицијата што не ме однела на проверка на крв...ама сите знаеме, и јас, и полицијата, и судот, дека сум бил пијан, односно под дејство на алкохол.....не си во право, ова самите го прават да се сомневаме дека не е „ чист случај“, ако е така до сега требаше да биде осуден Палчо како убиец, дали е осуден? НЕ! осомничен е едно осуден е друго! што се чека со процесот? ајде од Турција дур да го донесат месеци поминаа, ај сега е тука, што се чека ако е чист случајот? и друго, за тебе нема нелогичности? зашто да го убијат стариот велешанец? за да му ја земат колата? има ли логика? тоа е македонско ситничарење или сензација, не би рекла, тоа е само логично самостално и нечопоративно размислување, не е чиста работата токму ради тегнењето на судењето, чиста работа за 24ч се решава- Крив! ајт казна! и готово!
...знаеш колку е лошо да „талка“ духот на убиеното девојче и велешанецот, ако вистинскиот убиец се спаси и остане на слобода, а ќе биде некој погрешно осуден, наместен или било што? ајде, кажи што се чека, ако случајот е чист??