1. Огромна победа, фала ти и довидување. Флик како аутсајдер едноставно гледа што не е потребно повеќе.
2. Наводно се збори сумата за Нико да биде поголема од клаузулата што му е а сето тоа би требало во installments. Нешто како сите досега ебани трансфери. Ако успеат малиов да го земат може да се каже дека стануваат сериозни. И самиот е свесен за интересот и он сака прелаз.
3. Со оглед на тоа што ќе иде 4-2-3-1 ја би да му го земат на Флик играчов, се погласни шпекулации дека он притиска за играчот. Се виде сезонава и те како фалат играчи средина. Каков распад систем им се случува на Баерн и влага во последна година од договорот ова и те како може да биде изводливо.
4. Не е ретардиран да се откаже од одлични играчи, мора на нив да градиме уште а не да продаваат и да го ослабуваат тимот. (Лева не би го продал, има уште една сезона барем во него во случај да има ротација за него.
5. Има фудбал во овој уште, се разбира и за него ќе треба ротација.
6. Знае дека нема пари клубот, исто така знае дека и во Ла Масија може да најде млади што ќе ги препороди за во прв тим.
Капак на сите овие наводно сакале Феликс да го задржат. Знае и самиот дека никој не го сака ниту пак Атлетико а и он сака во Барса да остане. Цената му е превисока и само позајмица би била изгледна, помага тоа што навистина имаше солидна сезона со нас ако не заборавиме каква смешна минутажата имаше.
Чави Симонс има избор да бира каде сака да игра додека е на позајмица и ПСЖ колку и да нејќе ќе мора да се договори со нас и се очигледно е дека ќе дојде. Одлично засилување би бил, знае каде доаѓа и има одлична конекција со пола од првотимците.
Ансу Фати заинтересирана е Севиља уште од минатата година, ликот несака да си иде мада мислам дека навистина нема место за него во тимов, сега поголем замав имаат Севиља што бивши тренер од Барса Б им е тренер и го посакува баш Фати на позајмица. Се надевам дека ќе отиде бидејќи не верувам дека ќе игра многу кај нас.
Ленгле е планиран да се врати но бидејќи е непосакуван планираат letter of freedom да му дадат. Уште ми е чудно како не успеаа апсолутно никаде да го продадат.
Рачунајте има уште многу одпадоци што треба да бидат продадени и млади фудбалери што имаат 50% sell on clause како што земаа сега на Чади Риад истото планираат со Ез Абде да направат, ќе прават некој простори тука со плати и продажби и income од играчи што не се во клубов, рачунајте и еден Кутињо има таква клаузула а одамна е продаден, не дека ќе извадат нешто таму, сепак тактикава од Лапорта му е океј со оглед што шиткаше се за џабе и сакаше од платите да се отараси.
Многу го ругаат Лапорта а сепак ова му е втор пат како ги вади од гомна во историјата, зар треба ликов покрај се што има направено да го сомневаат. Од какво дереџе го зема клубов и сега каде е?
Ако навистина ова е планот на клубот тогаш гледам можност да го заличи клубов како што треба.
Со оглед на тоа што Реал се засили со Мбаппе се погласни шпекулации денеска од клубот.
Ништо ново за мене, имале Галактикоси Реал со години уназад, секогаш силен противник давал предизвик за уште поголем прогрес кај Барселона.
Реалноста ја знаеме сите, да имале можност и они би влегле со таков бомбастичен трансфер но тоа е, кој како ја изиграл годиниве.
Има да гледаме се подобар и подобар фудбал од едната и другата страна.