Капитализмот или слободен пазар е најдобар систем, затоа што нуди повеќе опции, ја зголемува понудата и со самото тоа ја тера конкуренција да биде поквалитетна. Секој што има што да понуди на пазарот може да се пробие и да биде успешен и затоа квалитетот на продуктите во капитализмот се далеку поквалитетни и подостапни со прифатливи цени.
Проблемот е во тоа што во моментот иако на хартија се уште стои дека живееме во слободен пазар, во пракса слободниот пазар е окупиран од големите корпорации. Место да биде фер натпревар каде одредени претпријатија во одредена област се натпреваруваат кој ќе испрати подобра понуда до побарувачите, каде што за да опстојат треба да понудат подобар квалитет со добри прифатливи цени, сега имаме спојување во една корпорација каде што понудата е намалена и диктирана од еден центар. Затоа денеска плаќаме многу поскапо за далеку понеквалитетни продукти.
Големите корпорации ја толчат средната класа, ги контролираат политичарите и ги загушуваат новите претприемачи. Во денешно време посебно во САД е невозможно мал стартап да успее без да биде згазен од корпорациите. А најсмешно е што кога корпорациите се во криза и во загуба како што беше за време на пандемијата тогаш имаат државна помош, а профитот го задржуваат. Значи ја социјализираат загубата, а го приватизираат профитот.
Денешниов систем најлогично би било да се нарече корпоративен социјализам.