Бидејки мислам малку погрешно го сфаќаш револтот кај членовите што ти враќаат, баш ова е она на кое и реагираат(ме), знаеме во каква ситуација бевме долго време и со ФК и со РК, и знаеме колку ликови се појавија на форумов и колку „од прва рака“ и „блиски извори“ маџари, германци, турци, катарци, руси, бугари и што не влегоа во Вардар, за на крај од раб на банкрот и втора лига да мора Комити да го спасуваат. Пред да спинуваш и вртиш муабет пак околу промената на власта, едноставно доста им е на сите од слушање празни ветувања и помпезни најави за на крај ништо од тоа да не се исполни, а уште повеќе им е доста на сите од „спонзори“ од корист кои за година-две вложувања ќе го закопаат клубот за наредни 5 во долгови.
Да не ме сфатиш погрешно, не го сфаќај лично ова, само ако веќе имате некакви информации, или споделете ги во целост како што доликува, или стрпете се ако не се за споделување додека не дојде време за тоа. Ни прв ни последен не си на форумов што доаѓал со вакви најави, ќе видите, ќе правиме муабет, не оваа среда следниот петок и на крај знаеме како завршувало
Не го сфаќам лично таман си е , но ова што си го пишал катарци германци идеше од власта на сдсм и на крај ќор денар не сакаше да даде у Вардар а не па спонзор да донесе ..
Тој муабет среда па петок па другиот понеделнок го кажуваа истава оваа власт сега што падна , 7 години кој бил на власт знаеш и сам , од екипа.мк обајвуваа дека катарци ке дојдат и ништо од тоа ..
Е сега да си кажам мое мислење кога веќе ми реплицираше , ке пробам најреално ..
Позитивни работи - Таа власт на Грујо го донесе Самсоненко и ги направи најголемите успеси на РК Вардар , две титули евроспки првак за кои е запишано во историјата и тоа е факт за што целиот свет дозна кој е Вардар и Македонија , направи сала Јане Сандански да игра Вардар факт ..
ФК Вардар играње лига во Европа , се уште ни еден македонски клуб неможе да дојде со таков успех
Земавме и 3 титули во Мкд ако добро памтам
Негативни работи - Падна таа власт и заедно со нив паѓа и Самсоненко , ги остава и ФК и РК во тешки долгови што до ден денес неможеме раце да кренеме поготово во ФК , ова се факти и тука сум реален , Вардар е жртва во таа цела политика за жал ..
Доаѓа Сдсм што направи ?
Зошто 7 години не успеа да го крене Вардар , зошто ни еден човек не сакаше да го кренат од мртвите клубот , не беше проблем долгот туку така им одговараше на сдс и дуи , Вардар да биде на дното за жал македоноцет да биде понижен ..
За жал Вардар е дел од политиката , тоа не треба да е така но ова е Македонија , држава каде све оди преку тој што е на власт , не се најде ни еден бизнисмен во овие 30 години што дојде а да не е со некоја власт ..
И да жално е што е така , но што можеме јас ти и некој друг од форумов ?
Не сме ние криви што таква е политиката , пак ке кажам ова е мочана држава каде политиката е главна тоа е ..
Не сум ни вмро ни сдс , но таква е ситуацијата каква што е и ја кажав реално , во моментов се смени власта и сега ке го кренат Вардар со спонзори што они ке ги најдат , таква ни е државата друже сфатете тоа е ..
Ако не се променеше сега власта готово беше со Вардар , на апарати ке беше клубот ..
Но ете народот реши да се смени власта , доаѓа власта која ке го крене Вардар повторно нагоре , што да кажам друго другар сигурно од небо нема парите да паднат , ветено е дека ке биде Вардар на врвот , стрпете се некој период ..
Ако некој тука мисли дека освен власта така некој друг спонзор ке падне од небо се лаже , све иде преку власт во Мкд ..тоа е другари , само пишувам тоа што чув ...
Околу твоето прашање и ветувањата за силен Вардар кажав , ветено е јак Вардар и во фудбал и во ракомет , ова е од врвот на оваа власт толку знам , за детали рано е се уште ...