Алијанса за Албанците денеска, преку партиско соопштение, предупредува дека ќе има „политичко-институционално егзекутирање на Албанците во Северна Македонија“ со тоа што во новата влада само четири министерства ќе ги водат министри Албанци.
„Во текот на овие три децении, Албанците воделе најмалку пет од 15 министерства, потоа шест од 15 ресори и на крајот осум од 16 министерства, без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери. Се случува за прв пат Албанците да водат само четири министерства во најавената влада од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и тоа четири од 16 министерства“, се наведува во соопштението од Алијанса на Албанците (АА) предводена од Зијадин Села.
Според нив, ситуацијата ќе биде уште полоша бидејќи, како што наведуваат, ќе се носат законски измени за да бидат четири министертва за Албанците од 19 ресори.
„Нема ресор Министерство за интеграции – не постои. Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – не постои. Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу пет вработени, еден возач и еден фотограф“, велат од АА.