Џабе гласавме за патриотите
Не знам како некој можел да види патриотизам и кај го гледал тој патриотизам кај ДПсНЕ!
Во изборната кампања цело време говореа за некаква програма од 1000 и плус ветувања.
Во тие ветувања НИКАДЕ немаше спомнато дека нема да прават исто што и сдсСС туку дека ќе градат кокошарници, демек кокошарниците биле од егзистенцијална природа за ОПСТАНОК на македонската држава. (инаку опстанокот е првиот и врвен национален интерес)
Никаде никогаш не спомнаа дека размислуваат да сторат нешто во поглед на велепредавствата на претходната инсталација, само критикуваа но не рекоа дека нешто ќе сменат...
Тоа што мнозинството кое го даде својот глас за нив, самите си креираа и веруваа во нешто што никогаш не беше ветено од ДПсНЕ не е проблем на ДПсНЕ туку на недоволно информирани... уште на 25.04 го изнесов својот став и разочарување од тоа што во Македонија сеуште нема доволна критична маса која би направила сериозна смена на политичката нооменклатура и генерално политиката
(
оваа Силјановска за само 2 седмици направи повеќе зло за Македонските национални интереси отколку претходната стока за еден месец, од пријателска Србија успеа да направи непријатели, за такво нешто треба да бидеш или луд или недораснат а во случајов можно е и двете...
Претседателот има надлежности во надворешната политика според највисокиот нормативен акт
Требаше само да го повика амбасадорот при ОН на консултации и ќе беше доволно
Ако и тоа не го направи барем требаше да се обрати преку медиуми и да каже дека е неспособна
Та дава изјава дека лентата била кратка
Можеби е добар професор ама политичар е НУЛА!
)
Дојдовме во позиција кога лесно можеме да смениме политичка гарнитура но не и политика (само се менуваат инсталациите но политиката останува иста).
Има доволно време еден огромен дел од оние што излегоа на последниве избори на наредните и овие да ги испратат на буниште.
Првиот тест ќе биде на локалните наредната година.