...апсолутно се сложувам,
разрешувањето направено скоро пред година дена, што правел д-р Сашко Јовев цело време, требаше лом да го направи Министерот Ф.Меџити и на суд да го даде и да го избрка од министерство поради таков безсрамен и понижувачки потег што му се случи како благодарност од таква пожртвуваност кон пациенти и подигнување на македонското здраството на такво високо ниво! зашто ништо не се случи? штама?
ај сега јас ќе ти пишам со твои зборови : „Ало бе се слушаш ли што збориш? “
...не е важно дали е „љоч“, туку е важно да си ја сака професијата и да не ја внесе политика во здравство, било тоа Македонец, Влав, Турчин, Албанец. Секој партиски поставен Министер за здравство од тип и на Македонец како д-р.В.Филипче или Министер за здравство од тип на д-р Ф.Меџити, д-р А.Таравари, д-р И.Демири е пропаст за здравство, затоа што тие ја спроведуваат партиската агенда, а не медицинска агенда и грижа за пациентите.
...сите ние познаваме многу добри лекари, совесни, способни и од албанскиот етникум но тие не се интересни за позиција Министер за здравство, оти не се партиски определени исто како и Македонци кои не се партиски определени не можат да бидат никогаш Министер за здравство и токму тоа треба да се направи во здравството да нема политика - Министер за здравство и Директори на здравствени институции да се постават со јавен конкурс, па кој е најдобар и најискусен - тој/таа да биде, а не партиски афинитети во здравство, ете така размислувам, а не како ме етикетираш „класичен вмроид“