Прегледај го приврзокот 418629
Десна национална партија е фашизам. Во Македонија тој примат го држат партијата
Десна и
ВМРО ДПМНЕ, додека
СДСМ е поконзервативна и според најновите информации кои ги следам од партијата е дека ќе се насочат во идниот период кон по либерална и лева политика каде ќе покушаат да си ги повратат лево ориентираните гласачи кои тежнеат кон
комунизмот. Комунизмот и
фашизмот пак имаат доста сличности кои ги збунуваат на моменти гласачите. Двете се одликуваат со висок национализам и возљубеност кон нацијата. Комунистите тежнеат кон јака средна класа граѓани, додека десните или фашистите кон високо богати граѓани кои би требало да ги помагаат сиромашните граѓани со примат на висок национализам. Најголем десен лидер е
Хитлер, а најголем жив десен лидер е претседателот на Израел. Најголем лев лидер е
Карл Маркс а најголем жив лев лидер е
Димитар Апасиев. Како други десни лидери ќе ги спомнам
Урсула Фон Дер Лајен,
Бајден,
Путин,
Вучич, додека пак како леви се
Ким Јонг Ун,
Кси Џинпинг,
Мигел Диаз Канел и други.
Во едно сценарио кога би се распаднала
ВМРО ДПМНЕ, таа би се прелеала кон
Десна и
Левица. Изворното
ВМРО уште тогаш имало лева и десна страна на организацијата. Како најголем лев лидер е
Гоце Делчев, додека како десен би го спомнал
Тодор Александров.
Во главно, не можеш да измислиш преку леб - погача. Тоа значи дека светската политика се базира на табелата од сликата и така функционираат економиите и државите.
Тито направи трет свет со формирањето на
неврзаните каде средно моќните држави како Југославија почнаа да си помагаат на сите основи, додека евро-атлантистите си имаа своја економија, а левите како
СССР и
Кина си имаа друга економија. Доброто во
Титовата политика беше што можеше да игра со двете економии и левата и десната.