Правна помош и совети

Член од
6 септември 2021
Мислења
322
Поени од реакции
560
Ако има овде некој експерт адвокат за имотни прашања нека ми пише во порака Ве молам!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
После колку време по ваше искуство стигнува (се јавуваат за) записник од сообраќајна незгода? Без "фаќање" врски, нормална процедура. Некои велат 3-5 месеци, мајсторот ќе ме убие
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
После колку време по ваше искуство стигнува (се јавуваат за) записник од сообраќајна незгода? Без "фаќање" врски, нормална процедура. Некои велат 3-5 месеци, мајсторот ќе ме убие
Треба да си поднесеш барање за издавање на препис до секторот за внатрешни работи кој го извршил увидот при незгодата.
Никој нема да ти се јави и да ти даде бесплатен примерок од материјал од незгодата.
Треба да одиш до полиција и да се информираш, дали за конкретната сообраќајна незгода е изготвен записник, под кој архивски број се води итн.
Се плаќа одреден надомест ( 250 денари, за Записник и скица) и 150 денари административна такса, како прилог кон барањето.
Обично за 1-2 месеци од незгодата, изработуваат записници и скици, во некои случаи и побрзо.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.043
Дали после сообраќајна незгода ,со направена материјална штета без повреда на луге , после направен записник со полицијата каде пишуваат се е во ред и се е средено ,дали делото се расчистува одма или после колку време?
Дејството е без алкохол ,на службено патување со службено возило на службени цели. Ако некој знае ,до колку време треба да знаеш дали нема ништо оод тоа ,и дали ќе се влечкаш по судови?
И ако местото на несреќата е во друг град дали судските постапки ќе бидат во тој град?

Благодарам, не сум упатен ако некој знае нека одговори

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Дали после сообраќајна незгода ,со направена материјална штета без повреда на луге , после направен записник со полицијата каде пишуваат се е во ред и се е средено ,дали делото се расчистува одма или после колку време?
Дејството е без алкохол ,на службено патување со службено возило на службени цели. Ако некој знае ,до колку време треба да знаеш дали нема ништо оод тоа ,и дали ќе се влечкаш по судови?
И ако местото на несреќата е во друг град дали судските постапки ќе бидат во тој град?

Благодарам, не сум упатен ако некој знае нека одговори

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
Во полициски записник констатираат состојба на терен, од увид на лице место, учесници во незгода, услови на патот, ,дали има оштетувања врз возила, предмети, повреда на лица, дали возачот на возило конзумирал алкохол и слично.
Наведеното во полициски записник не значи затворање на случајот.
Записникот и скицата на увидна екипа на МВР е постапка за прибирање, евидентирање на докази од незгода.( додека се свежи трагите од незгодата.
Треба да се има во предвид дека и полицијата има овластувања да ја продолжи постапката.
Доколку има елементи за загрозување на безбедност во сообраќај може да предложат да се води и судска постапка.
По ова што го пишуваш не би требало да има кривична разрешница на случајот, што значи не би имало постапка за регрес.
Од граѓански аспект.
Согласно закон, оштетеното лице има право во рок од 3 години од денот на сообраќајната незгода, во граѓанска постапка, пред суд, да бара надомест на штета.

Прво и најважно прашање е, кој е виновен за незгодата?
Второ
, доколку се знае кој е виновникот за незгодата, во овој случај оштетеното возило( во случајот сопственикот) има право да бара надомест на штета од осигурителната компанија во која било осигурено возилото од автоодговорност кон трети лица.
Најчесто на овој начин се разрешуваат овие случаи.
Доколку е се во ред за осигурителната компанија случајот се затвора со вонсудска спогодба или доколку оштетениот не е задоволен со проценетата штета на осигурителната компанија, истиот има право во рок од 3 години од денот на незгодата, постапката да ја продолжи на суд, а странки се оштетениот и осигурителната компанија каде било осигурено возилото.
Трето, околу надлежноста на судот.
За кривична постапка надлежен е оној суд каде се случила незгодата.
Доколку има судска ( граѓанска ) постапка за надомест на штета. по правило ( закон за парнична постапка) надлежен да постапува е оној суд на чие подрачје се случила незгодата.
Меѓутоа, оштетениот/тужителот може да ја поднесе тужбата до друг суд, а потоа доколку нема приговор од тужениот за тој суд да ја води и заврши постапката, случајот завршува пред тој суд каде била поднесена тужбата.
Доколку има приговор за т.н. месна надлежност и истиот биде уважен, во тој случај предметот се праќа до оној суд за кој со правосилна одлука е одлучено дека треба да ја води и заврши постапката.
Од пракса, во вакви случаи, најчесто постапката се води на подрачјето каде се случила незгодата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Треба да си поднесеш барање за издавање на препис до секторот за внатрешни работи кој го извршил увидот при незгодата.
Никој нема да ти се јави и да ти даде бесплатен примерок од материјал од незгодата.
Треба да одиш до полиција и да се информираш, дали за конкретната сообраќајна незгода е изготвен записник, под кој архивски број се води итн.
Се плаќа одреден надомест ( 250 денари, за Записник и скица) и 150 денари административна такса, како прилог кон барањето.
Обично за 1-2 месеци од незгодата, изработуваат записници и скици, во некои случаи и побрзо.
Сообраќајката се случи во петокот (со полииски записник оти штетата беше голема, последната кола не ни кочеше), дадов барање и уплатив во станица Лисиче веднаш во понеделникот. Пред 2 недели бев во стааница да прашам (оти телефонот на нет им е од сосем друга служба и ретко кога се јавуваат), еххеее ми вели, си дошол тек месец дена поминале. И еве ден денес, при чист случај, верижен судир каде јас бев удрен од последната кола иако возев со минимална брзина, пешачки и слично...сеуште не ме контактирал никој од службата за увид.
Само да ја објаснам состојбата како и што се случува во овој сектор па мислев некако побрзо оди.

Она што сега ме интересира, а осигурителното на тој што ни ја направи штетата (на мене и на уште едно возило) ми одговара неодредено...дали и што треба да приложам за да ми ги префрлат парите (освен записникот, кога ќе биде готов). Дали само записник или и уплата што сум му платил на мајсторот за поправките (меѓувреме, во осигурителното согласно нивната проценка на штетата, однесов профактура со пресметка за поправка). Дали некоја потврда за уплата или потврда од банка дека сум платил...или не мора уплата? Овој дел не ми е јасен.
 
Последно уредено:

Почекај, нека ги изговат скицата и записникот од МВР.
Во Записникот од МВР наведуваат кои видливи оштетувања ги имало возилото, па можеби ќе има некоја промена во однос на утврдената состојба на оштетувањата од компанијата, што ќе ти оди во прилог.
Доколку немаш сеуште доставено официјална документација до компанијата, најдобро е да почекаш да се комплетираш со документација.
Собери се, па потоа достави официјално, Записник, Скица, слики.
Дали е поправено возилото?
Доколку не е, мој совет е да почекаш, пред да го поправаш, за заврши првичната процедура пред компанијата.
Друга работа.
Многу е важно во Записникот од Осигурителната компанија да провериш( во консултација со механичар/овластен сервис) што имаат проценето, во однос на тоа кои делови ги третираат како делови кои целосно треба да се заменат, а кои делови може да се поправат.
За да провериш потоа дали набавката на тие делови што треба да се заменат одговара на проценетата состојба.
Ако не се совпаѓа нешто, ќе треба да приговараш на записникот до второстепена комисија. ( обично даваат рок од 30 дена за приговор)
 
Возилото го поправив, согласно процената од осигурителната компанија. Сервисот ми даде документ (профактура или нешто слично) согласно проценката, им дадов капар и сега чекам записникот да се подготви за да го однесам во осигурителната.
До компанијата ги доставив сите документи освен тој записник и скици.
Се надевам ќе се заврши скоро ова малтретирање

Фала ти Томасино
 
Член од
21 септември 2019
Мислења
15
Поени од реакции
4
Братучед ми има девојка од Србија, има ли начин да добие дозвола за престој бидејќи вака може само 90 дена да седи?
Devojkata podava licna karta za stranec so prodolzuvanje, dokolku sklucite brak ke moze da podnesete dokumenti za drzavljanstvo po osnov na brak
 
Член од
21 ноември 2017
Мислења
7
Поени од реакции
0
Дали полициски службеник е должен да носи капа, "body camera" При казна да доставува налог ? И истиот да се пријави во внатрешна контрола поради овие три работи плус не се легитимира.
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
1.101
Поени од реакции
1.687
Дали полициски службеник е должен да носи капа, "body camera" При казна да доставува налог ? И истиот да се пријави во внатрешна контрола поради овие три работи плус не се легитимира.
Дали полициски службеник е должен да носи капа
-да
"body camera" При казна да доставува налог ?
-зависи во која станица работи, немаат сите
плус не се легитимира
-мора да се легитимира
 
Член од
22 март 2024
Мислења
33
Поени од реакции
4
Дали доколку назначам адвокат да проверува старо дело/ долг
Дали истото може да се активира доколку ете е застарено или пендинг нешто слично
 
Член од
2 март 2016
Мислења
507
Поени од реакции
509
Дали доколку назначам адвокат да проверува старо дело/ долг
Дали истото може да се активира доколку ете е застарено или пендинг нешто слично
,,Нож со две острици" ако адвокатот оди кај доверителот и праша овие може ќе му кажат не должиш ништо, а од ,,зад грб" да ти пуштат преку нотар нотарски платен налог што по ,,8 чудо на природата" ќе ти биде уредно доставено и после 8 дена ќе заврши кај извршител како валидна извршна исправа и нареден месец ќе те изненадат со блокирана сметка, ти си знаеш, по правило застареност се истакнува во приговор, но пак ќе кажам има многу манипулации со демек ,,уредна достава". :)
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
115
Поени од реакции
15
Случајно забележав дека од сметката ми се повлечени повеќе од 4 000 денари од извршотел.(за дочг пд 110 денари). Не дојде никакво известување ниту од нотар ноту од извршител. Никој не ме ни известил, а наплатено е повеќе од 400%. Не знам како да постапам.
 
Тоа што го пишав погоре се случило во твојот случај, манипулираат со демек уредна достава, со други зборови, нотарите соработуваат со приватни пошти кои некои од нив работат во корист на нотарот за да им праќа повеќе пратки нели повеќе пари, а за нотарот ,,успешно" завршени предмети без приговор, а сè согласно закон, имено, поштарот ќе пише на доставница: ,,Не сака да прими", ,,Иселен", ,,Не може да се пронајде", ,,Известен да прими лично", итн., еден куп варијации има, чекаат 8 дена, прават уште еден обид пак чекаат 8 дена, па нотарот објавува на огласна табла во Апелација или во Основен Граѓански суд, и после 8 дена се смета уредно доставено, и се става клаузула за правосилност и извршност и доверителот поведува постапка за извршување.
Што се случило навистина со писмото тоа само поштарот знае од таа приватна пошта...

Во твојот случај контактирај го извршителот и види да не должиш уште нешто за трошоци на постапка и слично, уплати и тоа е тоа, не вреди за 4000 ден да се почнува било каква постапка оти сè им е покриено и ќе биде долга правна битка за да се докаже спротивното, а може на крајот правдата да те чини 140 000 денари во смисла да ја истераш правдата, ако ти се тера правда и си подготвен да загубиш пари, но на крај да имаш правда, тогаш пиши ми во порака, али јас те советувам не вреди, али ти си знаеш ти одлучуваш :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom