Се искарав со пола форум за цените?
Не туку глупостите што ги пишувавте за кафето а се неточни. 900 денари сте платиле за 3 кафиња ама не сте знаеле од каде е тоа купено ниту пак сметка имате. Такада не мешај баби и жаби јас сум секој месец во Охрид. Како што реков дека има скапи места ама имаш на 5-10 метри покрај обала со пристојни цени.
Па знам дека не си платила нигде паста во Грција за толку пари пошто седите со јадење од маркет на плажа или одите по најефтините места.
Еве ти рандом локал во Солун, со мени пред 1на година. да ви ја мочам вас таа грција.
Прегледај го приврзокот 417892
Не туку ми клавај слики од интернет, оди Грција седни и сликај ја сметката после ела тука ќе дискутираме.
Сите муабети ти се од типот еве мени од рандом локал, оди седни порачај за јадење и ела тука ќе прајме муабет вака празни муабети прајш само
Појма немам од кој локал ти е менито ама според тоа шо читам си тргнал мени од некој екстра ексклузивен ресторан а не рандом. Паста со морски плодови и шо ти јас знам колку сакаш да биди во Солун ? Да не прајме муабет колку се обемни порциите во Грција по ресторани.
Не ја имам многу роварено Грција ама имам доволно прошетано за да знам како се движат цените по ресторани. Никогаш не сум заминала на одмор со пиперки и патлиџани на плажа, иако не гледам ништо лошо и во то ако некој нема буџет да си дозволи да јади по кафани
Во Афитос во една од поскапите таверни вечеравме и вкупната сметка беше 120 евра за 4 особи, ова ти кажвам со се пијалоци, салати, мезиња и главно јадење.
Порција лигњи беа 10 евра, октопод на скара околу 15/16 евра
Салатите 10 евра
Паста стандард болоњезе, наполитана 10 евра.
Го зедов за пример Афитос оти најпресно таму сум била во Грција.
Тасос кога бевме пред неколку години цените беа горе долу колку во Охрид, на некои места и поефтини.
И во Охрид има ефтини места ама колку пари толку музика, или се успич некаде напикани или амбиентот му е тапа.