Ајде еден осврт и од мене
Прво, Лозари и Чкембари ланското земање реквизити на луѓе не го бројат како напади, што е пресмешно. Му доаѓаш на рандом човек што врска нема со навивање и го соблекуваш само затоа што нема реквизит. И дека луѓето одма си ги дале реквизитите, автоматски тоа не било напад, дека не биле удрени.
За напад си го сметаат само нападот врз Ж*** и неговата екипа. Затоа што само таму наишле на отпор, затоа што само тие се (екс) навивачи и го знаат значењето на паднат реквизит. Само Ж*** и уште еден вратиле, другите не реагирале и изеле ќотек и им ги зеле реквизитите.
Сите овие се напади бациња, колку што е напад нападот врз Жути, толку е напад и нападот на одземање реквизити на рандом луѓе. Еден куп луѓе знам што биле соблекувани по кафани и паркинзи. Нека не ми се вадат само со маиците Лисиче, демек биле од Комити Лисиче, кога такви маици никогаш немало од наши подгрупи, едноставно си ги направиле луѓе од едно маало и истите немаат врска со Комити.
Кога сакаш да докажеш дека владееш во местото, тогаш вакви реквизити не ги покажуваш како трофеи. Океј, сум видел човек што седнал во кафана со обележја Вардар, ќе му речам баце соблечи си го реквизитот, нема носење тука реквизити од ривалски клуб. Или и да му го земам, нема да го сликам ебате.
Али не само што им ги земаа, следеше НЕВИДЕН КУРЧ. Па немаше каде не искоментираа и не се пофалија. И до ден денес се фалат и го сметаат тоа како нешто прејако што го направиле.
Друга работа е што акцијата не ја ни водеа Лозари, туку Чкембари. Еве пошто и луѓе од форумов од Битола се директни учесници на акциите, нека кажат кој бил на прва борбена линија, дали они или членови на Лозари.
Она што е педерски е што знаеја дека наше собирно место е Росоман и дека таму има Комитски екипи од сабајле. И дека таму има собир на сите што доаѓаа со коли и се навивачи уште пред да стигнат автобусите обезбедувани од полиција. Е тоа ќе беше напад за почит, да се влеташе на тој собир, што беше на растојание од центарот на Кавадарци, не поголемо од 10 км, а не да се фалат со 90% реквизити одземени од обични луѓе.
Да, паднатите реквизити на Ж*** се за пофалба и тоа е навивачки напад, другото е мачкина кашлица.
Дојде време за финале во Скопје.
Како што кажав, што и да направеа Комити ќе беше осудено, од проста причина што Лозари доаѓаа со автобуси со огромно обезбедување, а обичните фанови кои дојдоа порано не вреди да ги нападнеш, затоа што прво немаат врска со навивање, второ Тиквеш играше со шпонска екипа и одма ќе се збореше Комити напаѓале македонци против шпонски екипи.
По мене требаше да има објава на наш профил да не се напаѓаат луѓе кои немаат врска со навивачи. Што иако немаше објава, по мене беше максимално испочитувано.
Кавадарчани ја имаа научено лекцијата од нашите обични фанови и скоро никој што беше дојден порано не носеше реквизит. Седев со група кавадарчани пред утакмкца, кои не се навивачи и во минатото доаѓале и на Вардар и во тие саати поминаа еден куп кавадарчани низ Дебар маало, а никој не носеше реквизит.
Во парк, реквизит носеше само една девојка и родителите си ги имаа облечено реквизитите на деца помали од 10 години. Ние лани не нападнавме татко со две деца кои носеа обележја од Шкендија, а не па од Тиквеш.
Да не претерам, ама ниту еден обичен фан на Тиквеш не беше нападнат, иако за волја на вистината, како што кажав, не носеа реквизити (освен наведените).
И на крај, влегуваат Лозари на трибина и пејат КОЈ НЕ СКОКА СКОПСКИ ПЕДЕР
Како што видов остатокот на трибината не го прифати скандирањето.
Се крена голема фама за бројката на кавадарчани.
На север беа сите љубители на фудбалот кои се македонци и доаѓаат од Скопје или други градови. Реално, број на кавадарчани по мене бил околу 4000 (што се гледаше по поддршката), што е за максимален поздрав (и ја погодив бројката пред некое време
).
По мене, навивањето слабо, освен моментите кога со скандирање ја активираа цела трибина. Убаво се гледа реалниот број на тие што се навивачи кога се слави титулата или кога се пали пиро и се навива, навиваат само двете коцки најдесно.
Бројката беше огромна, благодарение на Митко. Како што кажав, градоначалник каков што само може да се посака во однос на спортот. Он го крена Тиквеш на нивото кое е денес (откако Лозари го спасија од пропаст), а колку што знам има и голема улога во титулата (пак ќе кажам, многу порано меѓу кавадарчани кои следат фудбал, се збореше дека е договорено со екипите на ДУИ, титулата годинава да оди во Кавадарци, а колку е вистина не знам).
По мене, Митко имаше многу поголема улога во мобилизацијата за утакмицава отколку Лозари. Освен еден текст пред некој ден и дефилето низ градот, ништо посебно во тој поглед.
Митката ги надмина сите. Секој ден снимани екс спортисти и видни луѓе од градот како го рекламираа финалето. Сто снимки извади. На сите кавадаречки фб страни само за финалето се спамаше. И најважно организираше бесплатен превоз и маици (веројатно и карти) за преку 1500 луѓе. Автобуси и од околните села, нешто невидено. Сите автобуси кои беа на располагање во градот беа активирани.
Не дека сакам да го намалам влијанието на Лозари во овој успех, ама никој немал ваква помош од градоначалник претходно. А нас ни смејат дека Орце дошол на трибина и ветил премија за играчите
Мала куца е за Митката.
Фер е да се каже дека членови на Лозари го издигнаа клубот од мртвите, дека со организацијата на прославата го кренаа цел град на нозе, со нивната активност во доба на короната, ја вратија обичната публика на стадион. Станаа најфудбалски град во поглед на фудбалска публика. Се префрлија луѓето од кошарка на фудбал. Дали Митко помагал или не, фер е да се каже дека има луѓе во групата што деноноќно работеа на кревање и на групата и на спортскиот живот во градот. Се погоди и тоа што луѓето почнаа да остануваат да живеат таму, градот има ниска невработеност, добро се живее, позитивен наталитет итн.
Од друга страна, тоа што Лозари го изградија во доба на короната, некако тешко го одржуваат на навивачки план. Се презаситија луѓето од "навивање", па во годините кога од еуфорија се префрлија на навивачка трибина, сега си се вратија ко обични гледачи.
Се надевам дека со освоениот куп и играњето во Европа, ќе се зголемат вложувањата во клубот. Греота е на толку милионеро во градот, ниту еден да не вложува.