Фан Клуб: Вардар

Член од
31 август 2020
Мислења
406
Поени од реакции
1.269
Подобро ви е со тениски топчиња, увежбани сте :D
Оној буљашот , ретардираниот син на Златко тенискиот тренер ги собира искористените топчиња од тато :)
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.752
Поени од реакции
5.090
Некако нема еуфорија како лани кога игравме бараж,дај боже да не е така и да идеме пак иста бројка и плус луѓе ама тешко.
Мое мислење 350-400 Комити и уште 300-400 Вардарци.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.803
Поени од реакции
13.345
Некако нема еуфорија како лани кога игравме бараж,дај боже да не е така и да идеме пак иста бројка и плус луѓе ама тешко.
Мое мислење 350-400 Комити и уште 300-400 Вардарци.
@Saber Rider е песимист за утакмици, ама ти достојно го заменуваш за навивачки перформанс. И лани вакви бројки прогнозираше :cautious:
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.752
Поени од реакции
5.090
@Saber Rider е песимист за утакмици, ама ти достојно го заменуваш за навивачки перформанс. И лани вакви бројки прогнозираше :cautious:
Се слагам и лани беше исто па останав во неверување,дај боже пак да е така.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.489
Поени од реакции
5.435
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски со финансика помош за ФК Вардар пред баражот во недела (y)

Ветува и многу брзо стабилност во ФК Вардар , искрено верувам во човеков и се гледа дека сака да помогне Вардар повторно да биде на врвот :)

♥ Вардар е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот.

Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост.

♥ Вардар, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе.
Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот - таму каде што припаѓаме!

А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, Вардар никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.
✌Го имате мојот збор!

Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица.
⚽ ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.489
Поени од реакции
5.435
Го гледав Бобан Николов на подкаст кај Лазаров и рече дека ако се подобри ситуацијата и клубот добие стабилен спонзор повторно би се вратил во Вардар и не му е проблем да игра во нашата лига ..

Николов беше еден од подобрите играчи во времето на Самсоненко , зборам како играч кој највеќе трча и сековаш давал 100 % во клубот , плус даде и важни голови против Малме и Копенхаген ..


Кажа и сам дека во моментов се бори да ја врати формата бидејки поминал тежок период ради тешка болест на мајка му , но успеала да се спаси во Романија (таму игра сега )

Бобан има моментално 30 години и ако успее Вардар да се стабилизира би сакал да го видам во Вардар , за крај кажа дека во недела ке оди во Струмица и ке даде поддршка за играчите :)
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.489
Поени од реакции
5.435
@Kire Ultras ти си најголема легенда на темава.
@BigMac спремај се за детонизација во недела во Струмица :)

Моја прогноза 2.000 навивачи на Вардар (а можеби и пак ке изненадиме на + :) , )може да влијае споениот викенд па доста луѓе ке се разбегааат од Скопје и затоа пишав помала бројка ..

На интернет видов доста луѓе од Струмица дека ке дојдат да навиваат за Вардар на стадион , така да нема потреба од никаква провокација кон струмичани , буквално Вардар во моментов е Македонија :) (освен 1-2 града )
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.600
Поени од реакции
69.980
Нема еуфорија како ланската сезона, што е нормално.
Друго што ќе влијае на бројката е тоа што временскава прогноза вика дека цел ден ќе врне. Од сите трибини кои имаат покрив, нас не ставиле баш на таа што е отворена.
Ако врне како што најавуваат, никој
од обични фанови нема да дојде.
Повторување на ланската бројка е научна фантастика.

Абе важно да тепаме, па ако треба и 50 души нека има на трибина :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.803
Поени од реакции
13.345
Место да правите еуфорија кукате дека нема еуфорија и со тоа ја убивате атмосферата :boksix:

@Kire Ultras ќе вози 500 км, а овој @Saber Rider земал временска прогноза гледа. Не е тој човек од порано што одеше пешки од пржино до Ѓорче за да го гледа Вардар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.600
Поени од реакции
69.980
Не е тој човек од порано што одеше пешки од пржино до Ѓорче за да го гледа Вардар.
Има сведоци од форумов дека лани одев пешки од Карпош 4 до Железара за една од утакмиците таму :D
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.752
Поени од реакции
5.090
Лани на 3 дена пред бараж 2000 карти имаше продадено.Оваа година 700,800 души по мене.Колку сме толку сме идеме во Струмица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom