Иран

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
На тема за Иран и смртта на претседателот успеавте маме да си ебете меѓу себе :pos:
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.548
Поени од реакции
3.733
Овој Алиев и така ми изгледа како некое торбуле што би те шитнало за ефтини пари :D

Доста и опрема оружје нивната војска користи од евреите така да ништо чудно да е нивни човек проект..
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Море колкава земја е Иран и џунгли имале, упм, како што спомнува тој новинарот на видеото.

Па имаат, зар не сте учеле со Биџонс географија дека Каспиското езеро има дождовна шума како што има во северна и јужна Америка, за Секвојите си слушнал а не ти е јасно од каде вода да растат по 100 метри, имам гледано видеа од Иран како вози по тоа пустелијата поминува низ планина и тунел и после рај.

Инаку не верувам дека е атентат оти нема ништо да смени и да го скинат, он ти е само како преставителна личност на Иран низ светот, дома се знае кој е главен.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.310
Технички дефект е причината за падот на хеликоптерот со иранскиот претседател

[URL
unfurl="true"]https://fokus.mk/tehnichki-defekt-e-prichinata-za-padot-na-helikopterot-so-iranskiot-pretsedatel/[/URL]

:свиркам:
Техничкиот дефект се вика ЕМП, исто како техничкиот дефект при уривањто на кингерот на Борис Трајковски.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.010
Поени од реакции
6.492
Малку познат и опскурен факт : Иран (тогашна Персија) за време на Втора светска војна прогласил неутралност.
Но сојузниците одбрале да веруваат она кое го сакаат, а гигантските наоѓалишта на нафта и плин биле само бонус.
И така во Ноември 1942 Велика Британија и Советскиот Сојуз го напаѓаат и за брзо време го окупираат Иран.
Таму ќе останат до 1946-47 кога спогодбено ќе се повлечат.
Не сум сигурен дека Иран (Персија)во последниве барем 200 години воопшто нападнале некого.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Технички дефект е причината за падот на хеликоптерот со иранскиот претседател

[URL
unfurl="true"]https://fokus.mk/tehnichki-defekt-e-prichinata-za-padot-na-helikopterot-so-iranskiot-pretsedatel/[/URL]

:свиркам:
(y)
Фокус прв дознава!

@Ska Maniac
ЕМП лесно се докажува.
Многу пософистицирана технологија е во прашање ( се врши замена на сигналот на радифарот според кој инструментите во воздухопловот покажуваат нереални податоци, во услови на слаба видливост, пилотот се води од податоците од инструментите....) за жал во тој случај можноста да се докаже дека се работи за атентат-намерно рушење на воздухоплов се минимални. Не велам дека е овој метод користен само давам пример за кој има сомневања дека истиот е користен во некои поранешни случаи.

Со оглед дека демокративе свршуваат врз смртта на иранскиот претседател може да биде доволен показател за создавање на додатна ескалација во регионот. Проблемот е што нема доволно инфо до каде е збогатувањето на горивото и процесот на изработка печурки....

Но според реакциите на големите по се изгледа се оди на прикривање на некои работи за да не ескалира.
Се пуштат познатите демократски приказни од типот дека е тоа заостаната земја со козари, овчари и немаат никакви познавања од технологија,... недоволнмо односно нестручно одржување на леталата и слично што сето заедно води кон техничка неисправност...
...познато кај нас како кабелот!!!
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.401
Поени од реакции
6.617
Нема да ме чуди пилотот да бил бустнат со фајзерка па да проработило петгето на даљинско и намерно да го урнал.


 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Инаку не верувам дека е атентат оти нема ништо да смени и да го скинат, он ти е само како преставителна личност на Иран низ светот, дома се знае кој е главен.
Ништо не се смени ни со ракетниот напад врз Израел, па Иран сепак го направи. Гест, показател/најава за можностите... Ако ова било атентат а времето и околнистите апсолутно оставаат можност за основани сомненија - тогаш причината не мора да биде за „нешто да се смени“. Доволен е гестот „ви вративме“, и најава за можности за други атентати.

Во спротивно зошто беше ликвидиран генералот на елитните единици Сулејмани? Зошто ја уништија амбасадата во Дамаск? ...И во истата насока на дејства - зошто не би извршиле атентат на највисок ирански носител на функција?
Автоматски споено мислење:

Техничкиот дефект се вика ЕМП, исто како техничкиот дефект при уривањто на кингерот на Борис Трајковски.
Технологија за ЕМП во минијатура не сум сигурен дека некој ја поседува. Но во права насока си, на пример што ако некој си играл со ГПС сигналот во тој регион? Точно се знаело дека дотичните ќе летаат таму, и во кое време ќе поминат. Потоа хеликоптерот бил доволно време во Азербејџан за било што да е можно да се деси и направи... Сакам да кажам насоката на размислување е ок ама не мора да идеме во фантастични насоки (и да даваме бурек за дежурните тролови). :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Ти ли ќе го убиеш?
не, ама ќе отиде у Амбасада ќе им каже да го убијат
нека не се олабавува Владимир
.............................
Инаку, Азербејџан е умешан и во настаните во Нова Каледонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom