Која е логиката некој кој има апсолутно мнозинство да 'поклони' претседател на собрание на партија/коалиција со 13 пратеници?
Има логика и тоа голема, се работи за политички пресметан потег со долгорочно значење. Целта на ВМРО е да го ослаби ДУИ, а за таа цел мора да го засили Влен и затоа мора да им дадат значајни функции. Мора и они да покажат пред нивниот гласачки електорат дека добиле нешто во спротивно ќе го имаш ДУИ јачи него икад.
Не е целта ВМРО да ги земе Влен во влада без да им даде значајни функции и до следните избори да се распаднат, туку да ги стабилизираат и на таков начин да можат да ја раскринкаат ДУИ. Секако дека ВМРО со вакво мнозинство може да прави влада и да ги задржи сите важни министерства и важни функции, ама така ќе ги радикализираш ДУИ и на следните избори ќе имаат 30 пратеници. Затоа треба да се размислува долгорочно. Груевски направи таква грешка кога ја зеде ДПА во влада и не им даде ништо и на следните избори ДУИ имаше убедлива победа и после со притисоци од странците мораше да ги собере во влада, а ДПА практично се распадна како партија.
Очекувам сите главни од Влен, Гаши, Меџити, Снопче да добијат важни функции (Таравари и Касами веќе се градоначалници), но тоа и не е така важно. Важно е ВМРО да има контрола врз нив и да владеат од сенка.