Не може. Кај нас ова прави огромна збунка зошто Југославија била една од ретките повеќе-национални држави во Европа па им го пишувало тоа во документите. Кога се работи за (едно)национална држава, државјанство = националност. Француски државјанин = Французин, нема такво нешто како Француски државјанин со Алжирска националност. Исто е и за Германија, Полска, Италија, Шпанија, Португалија, Бугарија, Грција, итн ...
Технички според Македонскиот устав, во Македонија има само еден народ а се друго е етничко малцинство. И со тоа државјанството = националност. Македонско државјанство = Македонец, Северно Македонско државјанство = Северен Македонец. И на ова нема заобиколување, освен ако не планираме да ги внесеме шиптaрите во устав дека се народ, па државата да стане од национална во би-национална и тогаш би можеле да имаме различни графи за државјанство и националност.