Копот беше полн, а имаше и доста симпатизери дојдени самоиницијативно. Цел простор околу стадионот беше блокиран од коли и автобуси на навивачи на Вардар. До 15-та минута се полнеше копот заради тоа.
Ти па со кој образ го пишуваш ова демек сме криеле бројка, а вчера објавивте само фото од димнијада, дали двајца луѓе се на сликата...ама не, знамињата нека се живи.
Историско гостување, во момент кога натпреварот нема голема резултатска важност, плус на крајот од сезоната, кога групата е веќе и исцрпена од одличните изданија, рекордниот број на кореографии мислам, акции, гостувања, графити и сл.
Па цела мак-тифо сцена во просек заедно не се собира во едно коло, колку Комити на гостовањето во Кратово, ама не, да се живи и здрави мотките...
Сега ќе пишеш ,,Ама јас видов само и коментирав" иако знаеш дека е коментарот глуп, зошто другите слики јасно покажуваат
Добро бе стварно не разбирам, оној сабајлено ,,ќе видел дали ќе сме навивале во втора лига"..како да не поминавме 2 години и како да ги немавме најдобрите изданија токму тогаш, а ти сега ,,мангупски" чекор понатаму - при јасни слики слеп не праиш, од пуста немоќ и завист. Шо омраза ќе беше тоа..
Денес мисијата беше завршена успешно, а и ти и јас сме многу добро свесни дека оваа бројка денес и генерално изданијата кои постојано и постојано се одлични, се сон и вечна желба на сите други групи. Со сета почит кон сите кои работат. А најмногу радува што приказната се шири и се поголем број на симпатизери почнуваат редовно да одат на гостувања.
Помалце омраза, повеќе реалност друже и повеќе гледање во свој двор каде што имаа уштее многу да се работи.
А до тогаш, уживај во фотографијата!