Љубчо мислеше дека он е тој кој ќе го исполни пророштвото за тоа како ВМРО чекало 100 години да дојде на власт во Македонија и сега ќе владее наредните сто. Па после Грујо си се затера у тој филм, дека он е месијата на ВМРО со кого ќе започне златното доба. Но, се заебаа и двајцата. Како што гледаме денес по изборите во Северна Македонија, не биле они тие кои си мислеле дека се, туку некој трет.
Ќе си се дотерам ја за наредниве сто години, па од нова година го враќам стариот ник - Војводата Лавот.
Добро тоа е така, Љупата немаше ќеш видено па кога му ги носеа во вреќи му се слади многу, а овај другиот со брачед му парче направија е сега Македонија и на толку крадење функционираше во нивно време барем 2 пати подобро отоколку било кое да е добро време на СДС - ако има воопшто добро време некогаш комуњарата *(а нема).
Проблемот знаеш кој е? Јас разбирам врвот и тој ешалон да кради, секаде крадат и во најголемите „демократии“ ама не можам да разберам бе ги собрале таму од планина буквално, станале директори, прв пат во живот вратоврска ставиле и по 2 месеци „директорување“ ќе прочиташ:
- Директорот тој и тој го слупа државното возило ван работно време;
- Директорот тој и тој фатен кај шо шврља со секретарката;
- Директорот тој и тој има матен тендер, зеде станче или гради вила на таа и таа локација.
Абе чекај! Јас ако сум власт и држава, сум те ставил голтар за директор оти си ми лепел плакати пола живот и си трчал по автобуси на митинзи, нема бре да те оставам да правиш што сакаш. Буквално јавашлук и башибузук.
Тоа е тоа што гледа народот и што му смета.
После 7 години владеење на оние фекалии од сервилни комуњари и дозволување да бидат черги за кондури на ДУИ, верувам дека е тешко да се замисли вистински лидер кој ќе ги стави државните интереси пред се, па како тоа калето нема да дозволи и слични бајки за деца...
Заборавате дека Грујо падна само бидејќи одби да го промени името а во меѓувреме затвараше телевизии весници и останати џган платеници и никој а не му велеше.
Да го променеше името Грујо до ден денес ќе владееше
Во право си. Само што сметам дека еве дури и тука да ја посматраме енергијата ќе увидиме како народот одвај чекаше да ја дувнат овие.
Од среќа не знаат што да направат, без разлика дали претходно биле симпатизери на едната или другата страна.
Мене ме плаши таквите очекувања да не паднат во вода, не треба премногу да им се дава ветер во грб. Не дека се ВМРО, не заради Груево или било кое време претходно туку затоа што имаме видено 30 години наназад како ниту еден (без исклучок збораме сега) не сторил тоа што ветил во предизборие.
Мора да се држат на краток ланец. Не смее да се дозволи владеење ни цел мандат, камоли повеќе мандати ако не остваруваат подобра иднина, а како тргна братот на интервју ти се чини Махатма Ганди и Ворен Бафет имале дете и Мицко го крстиле.
Најповеќе го базирам ова мислење и заради тоа што партијата не е прочистена, еве конкретно во Битола јас не знам како некој ги гласа кога од 2011 буквално истите фаци се, али буквално. Дури и на тие „новите“ ако видиш кои му се релациите и бекграундот порано ќе испадни и по Тито - Тито.
Секој еден се надева дека нешто ќе тргне на подобро, дека во затвор ќе легнат еден куп луѓе, дека на ЕУ реално ќе и се опонира, јас сум некако индиферентен по сите овие прашања.
Додека не видам на збор не верувам, премногу доверба на збор е дадена кај сите, не само кај ВМРО.
Ти само да видиш по ФБ тажаленки на „децата“ кои се родени '90 и јаче, како се разочарани од овие па ги смениле, практично пола од тие „неопределени“ гласови и останати ги зедоа од овие генерации кои практично гласаа за опција што ги остави нивните родители во време на транзицијата надвор од работа. Меморија на рипка.
Сега истите распрскаа гласови лево десно, некои и за ВМРО ама чисто сумњам дека и тие немаат некоја надеж дека ќе се сменат работите на подобро.