Добро место за состанок во Скопјево

  • Креатор на темата Креатор на темата Out Of Reality
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно, не е битно каде. Боље шетња низ кеј, па во парк, па по Партизанска малце, па сврти пак накај Вардар. Каде што може без притисок да е се, зашто ако седите само притисокот ќе расте ептен и може да се се деси кршлуц и ништо да не бидне. Вака, еден до друг шетња со рандом седнувања на кеј, парк, клупа на Партизанска со муабет цело време, дозволуваш да тече атмосфера без прекин и ако седиш цело време типката да очекува јазик од тебе па што, па како и знае да опадне атмосферата у само исчекување. На макар крајева, па и не мора да ја залапуеш на состанокот туку и на испраќање, амерички филм е али поуспешен отколку да седите на едно место и да надбацувате со сублимални флертови. А сеа за зима, голем к*ур, снег ова она и пак може да упали истиот план.
 
Другарче пред некое време ми препорача кафиќ некој, Штрк рече се вика ( се прснав од смеење на имево нез зашо ) у тоа пролазот до мекдоналдс на рекорд негде бил као демек. Као идеално место за дејт било, нешо тифко опуштено музиче ( ефтино кафе, пиво- за пивото не сум сигурен дека го спомна :D ). Деноиве ако ми се погодат смените на работа може ќе тркнам до тамо да испитам терен. :)
 
Белви, Чардак, не ми текиња како се викаше, еден многу стар кафич позади млечен (со мајмунот :) ), Лезет, Аја и т.н
 
Како што гледам конвенционално сите го сватив дејтот како кафе/вечера.
Дејт може да биде и билјард , може да биде и излагање во кино или на базен.
Битно е твоето однесување и став кон дејтот. Можеш да направиш да се почувствува убаво и пријатно меѓу 500 луѓе на кеј и кога сте сами вие двајца.
Ако сакаш нешто пофино и храна бонус убава преорака ти е да ја однесеш до Енрико пицеријата во лептокарија, многу фина атмосфера има и пријатно е општо за седење.
Исто така фина атмосфера има и во Опера кафичот кај седмица на терасата преку лето. Чаршија е секогаш добар избор бидејќи самото место ечи носталгија а вииш некако носталгија ме потсеќа на романтика . Можда до мене е .

Ама зашо па само кафичи и слично ? Моеш да земеш пикник торба , колку клише и да звучи, и да отидете на крст со жичарата да си напраите фин пикник :) . Симпатично е и уникатно ќе и е (претпоставувам , ретко креативни билмези има кај нас) . Сеа немоеш наравно навечер ама кој рекол дека мора толку вечер да е дејтот ?
Ако девојката е за тоа можете и на базен да идете на ноќно капење - малце чудно и неизводливо ако е некоја шо ќе мисли дека си мањак и дека сакаш по купаќи да ја видиш ама јебига - вреди да се проба.
На крај краева , носи ја на Кале , безразлика дали на прошетка или до ресторанот Кале ама прекрасно е таму - малце раскопано во моментов ама каква глетка има навечер - ветува галење :) .
 
Штрк не.

Коктел Рум одлично секси место,со убава музика и секакви коктели.Мада е малце поскапо ама вреди.И нема девојка што несака коктели.
 
Intro Club.
Prcul kafich u starata zheleznichka stanica, na parkingot do Ramstore.
Nema lugje u kafichot. Imaat mng ubavi zavesi i prigusheno svetlo so svekjichki na sekoja masa.
 
Ако преферирате кафиќ, Аја, Лезет, Пиколо (лептокарија, има преубави вафли и кул музиче)... Не бидете пример за глупави американци, остајте тоа филмовите, поканете го партнерот на прошетка покрај кеј, парк, зоолошка градина, природно научен музеј ( не дека е романтично, едноставно да се оттргнете од секојдневието). Најбитно од се, не вежбајте пред огледало зборување и изрази кои иритираат, дури и на моменти да се збуните за заќутите оставете работите да течат по своето, just KISS ( keep it short & simple) бидете спонтани и искрени, не брзајте и дишете длабоко, тоа е мој совет за да се остави подобар впечаток.
 
најубаво е во некој парк, под некое дрво, вино, тивка музика ( ако сакаш и во живо викни) и тоа е тоа :)
 
Најискрено обожавам романтики али сепак се зависи од личноста која ја имаш по крај себе си. Ако таа сепак е добар соговорник знае да прави муабет и супер тип е тие работи сепак ако не те гледа по материјално можеш само да земеш и кафе од кафемат и да отидеш во најбликиот парк и да седнеш сепак се си е до личностите какви се тие.
 
Носи ја на чаршија.
Дај и многу пиво и прејади ја со гирици, да се исповраќа малку.

Сакала романтика...
Често грешка интерпретиран збор!!!
 
До кај стигна вашата "виртуелизација" да не знаете кај да идете на состанок кога ем имате кафичи на секој ќош ем имате и милион други места кај што можете да идете, имате и клупи на секој втор чекор, for god's sake. Не можете ли ништо спонтано да направите во реалниот живот па ви треба претходна консултација со компјутерот дури и за вакви ситници? Идете негде кај што ви се свиѓа музиката и не ви се чини прегласна, која е филозофијата тука не знам.
 
Чаршија, Градска Плажа, Парк, на кеј, жал ми е што Калето е затворено :( секој ден бев таму
 
Има едно преубаво местенце у близина на Седмица, поточно карши Опера кафиЌот. Мислам Излет дека се викаше.
Пеер :)
Коа ќе влезеш у кафиќот, цепаш право и има летна терасичка, целата е у дрва, обградена со цигли, свеќи, цвеќиња.. Тоа за навечер е измислено! Додуше и отсабајле е убаво колку што ми кажале, сонцето многу убаво паѓало меѓу крошните и никад не било жешко.. И многу чил музиче пуштаат обично, спори инструменталки воглавном:)
И стално има добра атмосфера, тивко е и многу е опуштено..
Единствен проблем е шо многу често се е резервирано, ако отидеш накај 8 можда ќе најдеш слободна маса, ама покасно нема шанси. Така да ако сакаш таму да дејташ, резервирај прво :)
 
Незнам, мене ептен ми праи винаријата у чаршија мерак за дејт, ама цените се кнап :)
Ама затоа, ако ви е прв дејт, it almost guarantees success :)
Многу на високо удри во винаријата :) Мене па ептен ми е таа наменета за странци, а и цени до небо.Плус како во магла се сеќавам дека некој раскажуваше ваков состанок со - 50 евра во џебот завршил неуспешно :)))

Прво ја носиш во Ганза на жива музика, по потоа во ракија барот да се допие и на крај ја влечеш во Дамар да се отрезни.
 
Неважно е каде ќе одите на прва средба. Доволно е и една прошетка низ Градски парк. Важен е разговорот со таа личност, како ќе се поврзете, дали ќе се совпаѓате итн. Ако таа личност има симпатии кон тебе, неважно ќе ѝ биде местото, туку дружбата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom