Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
3 март 2010
Мислења
656
Поени од реакции
443
Ме интересира дали намерно сдс и дпмне не сакаат една изборна единица за да држат монопол, да си, вели народот и да гласам за трета опција пак, нема да успеат да освојат пратеник, па, ај за дпне ќе гласам да не биди фрлен глас
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
Фактот што ДПНЕ не влегува со реторика на казнување на сите злодела кои ги направија комуњарава, доволно говори дека уствари двеве партии се различни страни на иста паричка.
Ок, можеби ќе има некоја реперкусија кон некое комуњарче од 8ми ешалон, ама главнава багра ќе си помине без влакно да им фали.
Им е гајле другари нив за СДС, ги заболе таквото дали ќе постои или ќе се самораспаднат, они си го одработија своето и се напунија кеш.
Верувам дека со насмевка на лицето си ги бројат грошоите од своите удобни фотељи и се смеат на баграва која што мисли дека некој ќе крка некаква си ќорка.
Додуше затоа и се изнапикаа сите видни хоштаплерчиња како носители и коносители, ради тој имунитет што ќе го имаат како пратеници, не само за искажаниот збор, туку имаат некаков дил со ВМРО да не бидат прогонувани, а и уосталом само ЗЗ беше ретардиран да посегне и прогонува/уценува пратеници.
Оттука може да се види што ќе праат вмроњите откако ќе се докопаат до фотељи... И они истата песна...
Гледаме како функционираат градоначалниците, и они тендерче-мендерче лапни си провизија и тоа е тоа.
Единствената позитива од целиов процес е фактот што СДС ќе има 20ина пратеници и тоа ќе биде тоа, следни избори уште помалце.
Ама џабе другари, џабе, си напунија банкарските сметки за правнуци да имаат, продадоа и материјално и нематеријално, изрекетираа се што можеа, ќе истераат 4 години у парламент без гајле и ќе си тераат после цел живот по становите им низ светот.
Пошто пратеничкава група од небо се гледа дека ги боли цеф за да бидат пратеници и за плата од 2000 евра и 5-6000 евра годишно патни трошоци, кога се изнапунија пари задниве 6-7 години, уште толку ископаа дупка на македонија и тоа е тоа.
Вмроњите се како пуштени од синџир, гладни хиени.
Факт е дека овие се 10 ешалон од Грујово време, кога не биле во преден план, не папале кешарица и сега им е нивно време. И влагаат гладни за кеш.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.491
Поени од реакции
24.733
Што имаше врска муабетот со северџанија, не го обвинив јас грујо за спомениците и за аеродромот, факт е со тоа дека само ппдалеку бевме од договор
Јас единствено имам мрчено за тоа што можеа подобрп да ги распоредат спомениците и за тоа колку вредеше проектот градбите ке се направеа од мермер
aj aj sega... si kaza fino i use gi pravdas tamu
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
И во двете партии имало, има и ќе има про европски и анти европски струи
Природна работа е да се има интерес но најдобро е за македонските интереси да играме со двете страни на светот , исток и запад , моментално цела сила транзитира кон истокот ,економски и политички . Не знам од каде е таа лоша навика цело време само ЕУ и како да нема друга опција . Не сум сакал политички сојузи,само сакам Македонија да брка економски сојузи , политиката без пари синергија нема . Јак си економски, политички имаш влијание . Природно право е.

Грујо беше про ЕУ првите две години, но кога доби 60ка, сврте друга песна, тргна накај Античка.
Груевски се обиде што досега никој македонски лидер не го направи а тоа е да ја спроведе македонската етногенеза до крај . Македонската етногенеза е од Антички Македонци до Асном .
Македонците имаат двоумење за Античките Македонци заради проблемите кои настанаа и антипатично заради Грција . Груевски се обиде со еден удар на Скопје 2014 да спроведе во пракса македонската етногенеза , обнова на центарот на Скопје и обнова на туризмот . Се изградија Национален Музеј,Театар,Водовод,МНР итн работи .

Да му се фатите на Груевски . Ќе опишам само вака со оваа реченица .

Инаку пресмешни сте со ова која е Грција, која е Урсула, кој е ЕУ нас да ни каже. Настрана тоа кои и колкави сме биле во минатото, де јуре сме една од намладите, најмалите и најмалку моќните држави во Европа и мислите некој ќе не ферма?

Пишав веќе одговор .


моментално цела сила транзитира кон истокот ,економски и политички . Не знам од каде е таа лоша навика цело време само ЕУ и како да нема друга опција . Не сум сакал политички сојузи,само сакам Македонија да брка економски сојузи , политиката без пари синергија нема . Јак си економски, политички имаш влијание . Природно право е.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.273
ДПМНЕ - 51
СДС - 30
ДУИ - 19
Левица - 10
Вљен - 7
ЗНАМ - 3
Како што стои, нема шанси Левица да има повеќе пратеници од ЗНАМ... Си пукаа у колено Апасиев и компанија во текот на цела предизборна кампања
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Тазе информација, ако по утрото се познава денот тогаш се спрема бојкот на претседателските избори од страна на албанците. Што имам другари во избирачки одбори ми кажаа дека албанците болни и изнемоштени гласаат за парламентарни, а одбиваат да гласаат за претседател.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.004
Поени од реакции
3.995
Како што стои, нема шанси Левица да има повеќе пратеници од ЗНАМ... Си пукаа у колено Апасиев и компанија во текот на цела предизборна кампања
Ќе видиме, на претседателски Максим како шпицен и кандидат од најголемата општина(90к гласачи) собра доста гласови што не мислам дека ќе се повтори со кандидати како Бендевска и други релативно нови кадри

Додека Левица реално извади доста лош кандидат за претседател со оглед на нејзините претходни изјави а сега они идат со шпицни за парламентарни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom