МВР извести дека денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го уапсиле И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. Добивај вести на вибер „При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за...
a1on.mk
Игра парата, како секои избори. Каков и да биде резултатот во бројот на пратеници уште сега е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде голем победник со двојно повеќе пратеници од било која друга партија/коалиција.
3 работи се битни сега.
1 во калето да го имаат седнато Али, и да му имаат кажано да биде мирен и да не прави проблеми со пукање како 2008, тоа ќе не уназади во однос на евроинтеграции и стабилност до немај каде.
2 работа за изборите е да испаднеме сите македонци и да гласаме за претседателски избори.
Ова е затоа што ако не се постигне цензусот, ќе има притисок да се бира претседател во собрание, ако оставиме таму да се бира, во иднина ликови ко Зоран Заев и со тоа ќе тргуваат. Ќе гледаме претседателот да се обраќа во обединетите нации на албански и да си ќутиме.
3 работа мора да се состави влада брзо и ефикасно со стабилни луѓе зашто провлекување ќе не смкне у криза и ќе имаме пак избори, а државава нема време за ладење, 7 години само у иста точка стоиме.
Кога ќе заврши циркузов, да почне дај боже, темелна реформа на секој дел и секој сегмент на државниот апарат. Мора да има реформи темелни во сите сектори и чистење на јавна администрација од неписмена раја, ако треба и со отплаќање и бркање од работни места.
Не смее во администрација да има човек што наместо Њ ти типка НЈ, не смее административец да не знае да услужи граѓанин и да дреме на работа или да не се појавува таму. Време е да се електронизира целосната постапка за било која процедура со која граѓанин бара услуга. Мора да можеш да си извадиш имотен лист или извод од матична книга од било каде со 3 клика и електронско плаќање. Мора да се кренат стандардите на државната администрација и да се намали истата. После тоа обавезно таа администрација да биде добро платена и да добива награда за добро завршена работа.
Мора да се стави крај на ликови како стојанче ангелов, љубе бошковски, маја морачанин, павле и ред други ситни ликови што од политика само ќарат.
Почнав да пишувам ама ако пишувам што се треба да се оправи и поправи во државава, 3 страни на форумов ми се малце. Цел месец ја следам темава читам, дали еден пишал или друг во основа сите муабети ви се исти, и вас и мене, сите бараме нормална држава пред се пошто преку кур ни е на сите.
Премногу сме отепани и како народ и како држава да си дозволиме глупи да не водат. Ликови што со Боки 13 кумуваат, па му се плашат да не кажел нешто на јутјуб мора да бидат минато.