Прво секоја чест за напорната работа и тоа што си успеал да најдеш место каде си среќен
Второ, мал совет, внимателно со изливите за политичка определба, Тексас е црвен и последно се има обоено сино пред 30тина години, да не налеташ на некој што ги сфаќа работите премногу сериозно па да ја видиш и лошата страна на таа држава
Трето, добар избор на state, мислам дека не само за ИТ, туку и општо, има одличен потенцијал во сооднос цена на живот и плати. Лично би ги бирал Тексас или Пенсилванија како примарен избор (Питсбург имаш интересни можности за ИТ и роботика, плус ефтини недвижности, имам пријател таму во наша област, дечкото заработува прилично добро).
Е сега за последниот дел околу американскиот сон, дефиницијата за истиот е следната:
"The American dream is the belief that anyone, regardless of where they were born or what class they were born into, can attain their own version of success in a society in which upward mobility is possible for everyone. The American dream is believed to be achieved through sacrifice, risk-taking, and hard work, rather than by chance.", или во превод, премногу е релативна за што би сметале за успех.
Ако ја погледнеш статистиката на цела држава, и ја споредиш со историските бројки, ќе сфатиш дека не се во грешка тие што пишуваат дека и таа е отидена упм. Споредена со вукојебини како Македонија ќе биде топ во секој случај затоа што го пљачкаат светот откако постојат (додека ние сме пљачкана страна), но далеку од тоа дека се на исто ниво како пред 2-3 децении и истото ќе се влошува како што се намалува користењето на доларот.
Ајде пак за „американскиот сон и дефинициите“, во ИТ индустрија на пример, смешно е некој да се радува дека стигнал до 6 цифрена плата во САД (особено ако почнува со 1), или во Австралија, затоа што многумина направивме и правиме 6 цифрени бројки (во евра) во Македонија. Ако знаеш што правиш, и знаеш како да продадеш, едноставно немаш горен лимит. Може да ти бидат пониски цените поради локацијата, но во секој случај не повеќе од 30% во однос на локалните, а цената на живот таму е барем двојна.
Друга работа е колкави ти се амбициите, пример ти гледам си среќен што ВИ одобриле кредит за 230м2 куќа, СУВ и ете одиш на 2-3 одмори годишно (пак, ако имаш 10 денови одмор ова е како да си бил на 3 продолжени викенди, не одмори) и се е тоа супер од твој аспект, но не значи дека истото би било успех и за други, сите имаме различни амбиции. Пример, лично за себе, ако не успеам да завршам до моја 50та година со 10+ милки капитал, сум го промашил животот. До таа возраст имам намера да бидам пензиониран, и да го прчам некаде по топлите држави со приливи што ќе доаѓаат од тоа што сум го создал, или во превод, исплаќање на кредит за првата куќа во наредни 30 години и радости за 10 дена за одмор во моја дефиниција се далеку од успех.