Да и тој така вели, и плус се сликал насмеан со нејзиното куче
ама тоа куче ми го покажува уште од пред месец дена на слика, а мене сега тек ми текна да прашам чие е.
значи којзнае колку пати каферишел со неа, делат кујна во смештај голема зграда е тоа, има мажи и жени таму. Не е Германија во друга држава.
Прос:
1. Не ти криел чие е кучето, можел да ти речи дека е на некое дете или на некој другар, познаник.
2. Ако е зграда со заедничка кујна и кафешираат како шо викаш во кујна тогаш сигурно во тоа кујната влегува и по некој друг човек, така да освен нешто флерт да паднало не верувам дека ќе ти спомнуваше бидејќи ти го знае наравот да проверуваш мсн, телефони, да се расправаш, љубомориш...
Конс:
1. Не знам за Швица закони (пошо само таму се печали повеќе него Германија) ама ако има шанса да те земи во догледно време, а одолговлечи, ќе си знаеш по тоа дека матна е работата.
2. Жена си, ве водат емоции. Сама кажа еднаш порано дека симпатичен е ... така да ако му се пуштаат и тој ги одбива ти ќе си правиш филмови дека не ги одбива и ете ти тензии.
Прашањето е дали на тој начин побрзо ќе му здосадиш и ќе го напниш за да прави глупости или едноставно ќе се раздели од тебе па ќе прави што ќе прави.
Како и да е, џабе паниките. Оди, пресели се, види како ќе си поминиш со него и дали имаш законски можности утре недај Боже ако се разведите да живееш нормално со 1 плата која ќе ја носиш дома и да го израсниш детето надвор од МКД (што ти е желба). Германија дава добри поволности за самохрани родители, Швица или Австрија треба да си истражиш.
Си го познаваш добро ваљда, иако луѓето знаат да расцветаат кога ќе им се пружи прилика мада ниту тој е првпат во странство *(ете претходно сте биле Германија), ниту пак сте од вчера заедно. Смири коњите. Ладна глава и не носи избрзани заклучоци и одлуки.