Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2024
Мислења
469
Поени од реакции
888
Не верувам дека ДУИ така лесно ке отиде во опозиција. Научени се на тендери, партиски вработувања, на неред за да може црниот бизнис да им функционира, на вадење на криминалци од затвор, на фотељи, на контролирање на судство. Остранување на ДУИ од власт е како лечење на канцер кој метастазирал низ целото тело.

Ке има нешто подмолно на крај и ке мора со сила да си идат. Не би ме чудело да почнат да ги пукаат ликовиве на Таравари и да им се закануваат. Има цела дијаспора да ја довлечаат на гласање. Зашто така лесно нема да дадат власт, знаеме како дојдоа. Така и ке мора да си идат.

Ако Мицковски направи влада без нив, цел живот ке гласам за ВМРО.
Bez drzavniot aparat pozadi grb svedeni se na bagra cobani so zakani i po nekoj kalas. Ako ima mnozinstvo mandatot mora da se dade a Mickoski i rakovodstvoto na VMRO-DPMNE se svesni kakov penal imaat za sutiranje i moznost da si obezbedat labavi 2 posledovatelni mandati.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
538
Поени од реакции
485
Ја мислам дека има неколку причини зошто сега се случија многу „бегања“,
некој како тој од дете влегол во партијата со искрени намери и сега пред изборите доваѓаат други и се местат пред него во хиерархијата, а со тоа и во лапање на позиции при евентуална власт, мора да работи нешто, не може он да денгуби уште години и да чека на 30-40 години да се вработи државно.

Друга работа е што за да акаш по партиите треба да си човек без работа (односно државно вработен), сигирно нема по 8 саати на работа плус саат два во превоз да идеш во штаб да бистриш политика туку си идеш дома да се одмориш (оваа не важи за државно вработените), значи ако не си активен доваѓа некој понеписмен од тебе и те гура надоле во хиерархијата и твоите идеи не можат да стасат на дневен ред и си се повлекуваш и не се замараш со партијата.

Трета работа е дека има такви кој се продаваат на кој ќе понуди повеќе, денеска се со Левица, утре се со ВМРО, задутре со ДУИ, кај нив е да се дојде до позиција не се замараат со идеологија, така и во Левица, влегле поради идеологија, надеж да поправат нешто во државава, надеж дека полесно ќе добијат државна работа ако се први членови на партијата и колку повеќе членови доваѓаат толку поголеми несогласувања, Левица нема државно вработени преку партијата со што членовите не мораат да бидат верни до гроб.
Бранко УШТЕ ОД 2016 беше во ЛЕВИЦА, на локалните во 2017 без никаква партиска поддршка успеа да се избори за мандат и на крај го избркаа....
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Па ти ли најде да кажуваш, вчера крмов спомна бојкот.
Ќурка и Стока рекоа нема да бојкотирале . плус сигурен сум дека Гога ќе има најмалце 70 илајди плус на 8 , цензус ќе има .
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.004
Поени од реакции
3.994
вчера крмов спомна бојкот.
Можеш да ми пратиш линк каде точно, пошто и друг член го спомна тоа претходно
Вакви глупости како со пописот и сега покрај палестина не им требаат уште еднаш
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.954
Поени од реакции
4.376
Шо мислите колку гласови ќе има партијата на Данела? Може ли повеќе од Стевчо/Интегра?
 
Член од
16 август 2015
Мислења
237
Поени од реакции
288
Зошто? Како моето граѓанско право (да спијам) може да биде помало од нечие религиозно право да се клања. Мислам клањај се што сакаш прави ама не ме вознемирувај мене што треба да работам и да сум продуктивен.
Тебе те буди џамија, а мене ме буди старо купујем коа урлаат или на разглас коа им е пуштено тоа сниманото. Мора да им се стави крај.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
260
Поени од реакции
783
Тебе те буди џамија, а мене ме буди старо купујем коа урлаат или на разглас коа им е пуштено тоа сниманото. Мора да им се стави крај.
Мене ме будат двете. Значи мора крај да се стави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom