Дајте бе прво луѓе пред да коментирате политика и политички случувања прво да ја разбирате самата материја , потоа пред нешто да напишете да го прочитате добро и да размислите дали тоа што го пишувате држи вода, премногу се пишува а речиси на прсти се бројат коментарите што имаат издржана полтичка теза, другите ви се во светот на бајките и што ќе е ако е.
Како прво ајде да расчистиме една работа, СДСМ и ДУИ несмеат да помислат на бојкот ни во најлудите свои соништа а не па да го остварат, единствена причина поради која тие сеуште беа на власт беа дека се фактор на стабилност, а учество во бојкот на претседателски избори ќе значи дека тие ја дестабилизираат државата, а најмногу носат дестабилизација на НАТО земја во овие времиња, дури тогаш Калето ќе им ебе матер, дајте малце осет ко пишувате такви приказни од пред кооперација, ќе бојкотирале , тој или овој ќе бил привремен претседател, ако ДУИ беше за бојкот ќе бојкотираше уште во прв круг кога бојкотираа минатите, но не им се дава, излегоа и гласаа како попчиња, оти ќе го јадат по вратот.
Друго, Левица ќе откинела голем број гласови на ДПМНЕ, од каде ви се тие бајки , како ќе ги откине, после фијаското на претсаделските избори јас знам луѓе кои веќе дигнаа раце од таа идеја и наредни ќе гласат за ДПМНЕ, друго ДПМНЕ и покрај убедливата победа веќе уште денес почнаа уште појако да орат терен, го знаат секој што гласал за Левица и ќе го посетат да го разубедат за неговата одлука, па јас сум разубедил луѓе не па тие (ете нека ме стави вашиот ЧЕ у црните тефтери
), Левица нема никој на терен да присвојува гласови, ситуацијата за тоа колку Левица има фијаско се осеќа и на самата анкета на форумот бе луѓе, од 4:1 се сведе 1:1 Левица- ДПМНЕ, еми што мислите што ќе се случува на терен каде се води вистинската битка за гласови, Левица у најдобар случај ќе има уште 2 пратеника повеќе, ете нека имат и пратеничка група, но ни со тоа тие нема да бидат никаков сериозен фактор во носење на одлуките во државата, посебно ако ДПМНЕ реши да расчисти со нив откако овие им нанесоа најмногу штета сите овие години по имиџ и реномето на партијата со постојаните нивни напади, повеќе дури и од СДСМ.