Самите резултати од изборите се многу поинтересни и од најлудите очекувања кои човек можеше да ги има, вториот круг ќе биде формалност на претседателските избори, она што е многу побитно е како ќе се поделат картите на парламентарните, е тука е забавата до бесвест.
Ако на овие избори ВМРО ДПМНЕ успее да освои 61 пратеник сами, ова ќе биде тотален рестарт на системот кај нас, баш чекам да се пресметат гласовите од претседателски на парламентарни од денес, а плус ВМРО ДПМНЕ ќе биде партија која доста повеќе гласови ќе освои на 8ми.
Од избориве имаме тотални победници, но и тотални лузери, прво победник е Мицковски кој донесе најголема победа на ВМРО ДПМНЕ од нигде никаде, какви и да се условите што му ја донесоа победата ќе се препише како негов резултат, вториот а воедно и најголем победник на изборите е Максим, ги надмина сите очекувања, се позиционира како трет најсилен политички субјект во Македонија, а и од него може да зависи идната влада т.е. тој ќе одлучуваше кој да е на власт при тесна разлика, со тенденции на наредни избори да е втора најголема политичка сила во државата, се покажа што е работа на терен, од друга страна најголем лузер во историја на избори кај нас Стевчо Муња, кој го излажа него да се кандидира за претседател, се самоуби, повеќе гласови освојуваше како градоначалник на Карпош, не газел на гнила даска, он се утепа со сите салтанати, а вториот за кој мене лично ми е најмило е ЧЕ, кој ќе остане да сонува дека ќе биде неозабиколен фактор за правење влада, а Левица станаа на избориве лузери до даска.
ВМРО ДПМНЕ сега треба да видиме како ќе игра со албанскиот фактор, ако останат покрај се да праат влада со ВРЕДИ, ќе биде почеток на тотална војна со ДУИ која ќе биде многу тешка, но со оглед какви се ликови собраа ДПМНЕ кај нив, имаат капацитет да ја водат до крај, собраа ептен батиња кои со одврзани раце и родена мајка нема да поштедат во такво расчистување, само да не попуштат во тоа, дури и пак да одат со ДУИ, овие нема да имаат ни 10 % од власта шо ја имаат сега, тука е главното прашање за кој ќе биде дел од идната власт, кој ќе е албанскиот фактор.
СДСМ нема што да се коментира, потоп, очекуван распад после се шо испосраа, не ми се троши време да ги коментирам.
ЗНАМ како нова партија е правиот победник на изборите, 80 илјади гласови, сигурна пратеничка група, одлучувачки фактор без кој нема да има Влада во Македонија (освен ако ДПМНЕ не осови 61), ниту една партија на политичкава сцена немала таков молскавичен старт и такви асови да им се паднат на маса од сам почеток, Максо не верувам да игра сега со СДСМ да коалицира, сега има шанси да ја распадне СДСМ и сите тие гласови да си ги додаде на свое конто, па да биде втора сила кај нас со шанси во иднина да стане и иден премиер, најглавно што покажа ЗНАМ е дека не важно како котираш на анкети, и по социјални медиуми, туку да имаш прави луѓе и јаки теренски активисти (како што имаат) што го орат теренот секојдневно.
Најголемото изненадување ми е што во Скопје ги растурија по број на гласови Левица во нивните бастиони, а се збореше дека нема да освоел повеќе од 1000 гласови низ Скопје, барем што читав овде.
Левица, таа партија од 30тина сајбер воини ако не направи чудо на 8ми да дуплира бројот на гласови оди во заборав, ај што нема да имат ни пратеничка група, со ваков број на гласови распоредени дали тежат и 3 пратеника, друго се виде дека е важно да имаш луѓе шо се теренски активисти а тие немаат ниту еден, па од кога ги избркаа тие малкумина што ги имаат имат пад на гласови во тие места што ги претставуваа како свои бастиони, друго пак ставени се во шахмат ситуација, од една страна ако влезат во влада со ДПМНЕ ќе падне митот непоткупливи, не сме исти, од друга ако останат во опозиција, ВМРО ДПМНЕ такво насоколено и моќно нема да бира средства да ги распадне, а тоа реално може тоа да го стори за 48 часа, но мислам тој процес ќе го тераат бавно и ќе ги вратат на бројот на гласови од 2016 и помал, сега Левица ќе осетат што е реална политика и како таа се води, а не со пеење борбени песнички, сечење глави по статуси, малата фб/форум партија ќе исчезне од сцената, освен ако ептен не се смилуваат овие од ДПМНЕ, а не гледам зошто тоа би го правиле после се што Левица направи изминатиов период.
ДУИ-Вреди битката може да биде и крвава, сега се гледа дека влезот на помаливе турски партии е добра инекција за ДУИ да направи разлика, но ако ВМРО ДПМНЕ стварно се држи до тоа да прави коалиција со Вреди по секоја сцена, ќе биде уште толку посилна битката таму, ќе се разгори уште повеќе.
Тоа е се народе за првиот круг, го чекаме вториот па да видиме каде ќе оди Македонија после 8ми мај.