Нема давање на гласови во Левица, зошто нема никаква директна контрола врз членовите и огромен дел имаат проблем и со двете партии. Да дадам чисто пример, после првиот круг локални избори, имаше неофицијално пуштено дека "треба да се подржат опозициските кандидати зошто целта е да се симне СДС во моментот". Истото скоро веднаш, почна внатрешна кавга.Ова беше во ситуацијата каде што во тој момент односите со ДПНЕ беа на далеку, далеку подобро ниво.
А и ова е за активните членови, на гласачите е невозможно да им сугерираат како да гласаат.
Ако не излезат Гордана и Мицко, јавно да прифатат одредени точки од програмата на Левица да бидат имплементирани, ниту внатрешно не па јавно ќе можат од раководството да пуштат подршка за Силјановска.