Уште еднаш докажавме дека сме класа тим во лигата и полесно од очекувањата славиме два пати во Охрид.
Незгоден противник Охрид и симпатична екипа, ама со тие најавите пред утакмица, како ден за чекор кон титула, паѓал шампионот и други работи се сеир на рангот од страната на ohrigani без ѓ
реално далеку моментално од шампиони.
Во салата очекувано 50-50, во поголемиот дел од мечот како ние да бевме домаќини, како не теренот така и на трибините доминација, во вакви мали сали проблем е капацитетот, па бев во последните шо влегоја и ги затворија вратите и пуштаја дел по дел, првиот пат ко затворија, па можам да речам слободно дека имаше уште 200 души надвор и изговори од типот преполна е салата нема место
Пелистер е бренд во ракометот, мислам сите влегоја дури ко беше полувремето, без врска беше, одиш 30 мин пред утакмица, не смејш да влезиш дури не влезат домакините, почнува мечот и уште се чека....
Најбитно е шо победивме и речиси 99,9% е јасен шампионот сезонава, викендот пак незгодно гостување кај Пролет, има време нека се спремат не велам дека ќе изгубиме, ама да не дозволиме да играме егал таму, не знам дали ќе славиме убедливо, домашна екипа се, најубо нека му фрлат една гајба Скопско на Јовиќ и пола работа е завршена
Мило ми е шо после постот одма се напрај подбуда за најава за ова утакмица, во вистински момент и место излезе се како шо треба, нека дозволат сега гостување во Борис, па да одиме двојно од ова денес...
Фитиљ прав лидер, водењето на трибина и прославата со останатите играчи БЕСЦЕНЕТО, штета шо некои играчи го напуштат Пелистер кој и самите знаат дека на друго место ова нема да го имаат....
После изборите на готовс е потписот со платформата и скопјаништата на апарати следните 5 години...
п.с. Штета со превозниците шо се заеба работата, друго е гостување сите на едно место, ама и вака испадна се топ, сигурно имаше околу 70-80 коли шо тргнаа кон Охрид.