комшијаTи
Комшија Ти
- Член од
- 21 ноември 2013
- Мислења
- 6.298
- Поени од реакции
- 5.397
Едино не се сложувам со тоа "нема што Покетино да го мешаме дали назначил".Галагер имаше многу јака утакмица. Многу повеќе корисен и продуктивен од Енцо и офанзивно и дефанзивно и диктирање на темпо и игра.
Палмер ни е се во тимот офанзивно фала му што колку толку ја држи сезонава сам.
Густо исто така стандардно добар.
И да Гилхрист е чиста страст за клубов, како го прослави голот неможе да не го сакаш.
За жал и на 6-0 победа кој сака да најде начин за критика и да уништи една убава ретка вечер сезонава ќе си критикува.
Прво јас незнам овие дежурниве критичари дали играле некогаш фудбал во тим и дали знаат како функционираат работите кога се прекини во прашање?
Без да каже тренер играчите се знааат меѓу себе кој најдобро изведува пенали, слободни кој е во форма на изведување кој има лоша вечер не е сигурен и слично.
Стерлинг изведуваше затоа што Палмер само што дојде и искрени да бидеме ретко кој очекуваше дека ќе биде Палмер што ни е оваа сезона.
Стерлинг има поголемо фудбалско реноме и тоа е тоа.
Меѓутоа Палмер моментално е најдобар изведуваш на пенали во Челзи, играч што е со најголема самодоверба и форма и убедливо најдобар играч во Челзи.
И најбитно од се Палмер се бори за најдобар стрелец во лигата и секој гол е битен а како така секој кој е тимски играч нема да се осуди на му земе пенал со тоа да му скине гол од конто.
Ниту на Џексон ниту на Мадуеке им значеше голот како што ќе му значи на Палмер затоа што повторувам се бори за најдобар стрелец во лига
Нема што тука да го мешаме Покетино дали назначил главен изведуваш и секако ние нагодуваме дали назначил или не и пази тоа од песови а сите знаеме дека пресови се мајнд гејмс. Туку треба да збориме колку се тимски играчи циганиве во клубот.
Уште па Џексон се понаша како да му убил некого. Зошто ? Истиот тој Џексон малку да беше поспретен ќе имаше 20 гола без проблем.
А не да бара пенал да шутне. Мадуеке исто арогантно створење, Стерлинг исто.
После оваа вечер се надевам дека сите троица ќе бидат продадени.
Ситуацијава ни откри многу за жал што се случува во клубот какви карактери имаме кога на 6-0 после натпреварот се гледаше дека има поедини играчи кои шират негативност и пази само заради еден пенал што на некој не му значи а на некој му значи многу.
Е сега околу Покетино, прво Покетино ако реагираше како што бараат тука утре медиумите ќе направеа драма и како што знаат да испревртуваат Англичаниве ќе ги подгрее страстите со циганиве, а по фацата им се гледа дека егото им е плафон.
Покетино не е Гвардиола и да си дозволи да има играчи кои ќе му свртат грб на и така веќе длабоки гом** уште толку ќе си ја ископаше дупката.
Покетино е во ситуација што мора да е кул со сите и да ги држи сите среќни и да им биде угодено.
Да беше 3 сезони во клубот да имаше поставено темели и да дојдеше во ситуација ќе кажев да нека ги вади уште истиот момент и правец Б тим.
Но сега е ситуација каде што ни се потребни за жал и едино решавање е по завршуање на сезона.
И да секоја чест за ладноста на Палмер и покрај едно такво нетимско понашање да шутне добро пенал.
Автоматски споено мислење:
Да Каиседо го заборавив, но Галагер многу повеќе му помага дефанзивно и во организација од Енцо.
Енцо скоро па ич не игра одбрана и Каиседо е приморан сам да ја држи цела дефанзивна зона.
Е сега пошто е платен 140м треба да е робот и се да стиза.
Ти текнува дека на почеток еден период Покетино проба да го игра Енцо понапред, најверојатно е баш поради тоа што е слаб дефанзивно.
Апсолутно има и треба да се знае кој е прв, кој е втор и кој трет изведувач на пенали.