Вработување во Hi Tech Corp

Член од
20 февруари 2024
Мислења
3
Поени од реакции
6
Mene mi e misterija kako posle tolku godini use zaglavuva nekoj kaj Savo.
Mozhe poise da napises okulu toa, kako uspea da ne procitas ili cues bar edno od milionite vakvi iskustva prethodno?
Има доста заглавени. Тоа се, пред се, луѓе со фамилии или со станбени кредити кои не можат да си дозволат да останат еден или два месеца без плата и мораат да трпат. Во таква ситуација бев и јас, се додека еден ден не ми дојде преку глава и решив да ризикувам и да се преселам во странство, затоа што, да бидеме реални, 90 посто од македонските газди ти се слични на Саво. Млади дечки и девојки кои што не зависат од плата, остануваат кај Саво месец-два, толку. А, искрено, пред да аплицирам во Хајтек, изгледа бев еден од ретките што немал слушнато за тоа во какви услови се работи таму.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.395

Mozda bile u 90ti, sea, koa vekje razmisluvaat pakistanci da uvezuvaat, nema potreba da se trpat vakvi sranja.
 
Член од
20 февруари 2024
Мислења
3
Поени од реакции
6
Здраво, еве уште еднаш накратко ќе го сумирам моето работно искуство во Хајтек Корпорација. Ги молам модераторите да дозволат демократија и слобода на изразување и да не ги бришат коментарите. Доколку сопствениците имаат други аргументи, слободно нека ги спротивстават тука, наместо да бараат бришење на коментари. Но, знам дека е тешко да се одбрани неодбранливото.
Значи, уште еднаш, станува збор за компанија која е водена од длабоко пореметени луѓе, кои се служат со методи кои прилегаат на 19 век. Како вработен ќе бидете постојано изложен на мобинг, како од сопственикот, така и од неговите двајца неспособни синови, кои немаат ниту интелектуален, ниту пак креативен капацитет да водат компанија во 21 век. Сум бил сведок на безброј гадости направени од овие тројца, дерење на “состаноци”, пцуење, фрлање компјутери и столови. Условите за работа се налик на затвор, на влезната врата има решетка која е отворена само во периодот кога на вработените им е дозволено да прават пауза. Работното време е 8 и пол часа, според сопственикот така треба да биде бидејќи и во Германија било така, паузата од половина час да не се смета во работното време. Платата, инаку, е 10% од германската. Има постојан видео надзор, 8 часа ве снимаат камери од различни агли додека работите. Апсолутно одбегнете ја оваа фирма. Совет до сите, иако и таму не е совршено, странските фирми во Бунарџик ви се далеку подобар избор за работа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Господо! Налетав на овие коментари. Навистина е ужасно да се коментира на ваков начин. Јас работев во оваа фирма, во два наврати, неколку години. Имам право да го дадам моето мислење, кое нема баш да се совпадне со наведените. Бев важна карика во синџирот на работењето на оваа компанија. Напуштив од мои причини. Тоа е компанија, која е ретка од овој вид. Компанија која работи на база на уникатен квалитет, точна испорака и високи побараувања од страна на клиентите. Тоа го постигна Саво! Од таа причина, во компанијата нема место за денгубење, блефирање, нестручност. Јас бев во одржување и често бев нервозен поради „децата" кои ракуваат со машините и кои можеби и до ден денес на научиле како се ракува со нив. Нормално е дека секој што ќе конкурира мора да помине обука. Нема место за седење во канцеларија и работење навидум нешто важно, а без резултати. Од таа причина и доаѓа до напната атмосфера. Голем број од луѓето кои продефилираа таму очекуваа дека денот ќе им помине и платата ќе стигне. Така беше во некогашните фирми во кои работев претходно. Од факултет во конструктивно одделение и као нешто се создава. Замислете личност на 50 годишна возраст, кој кариерата ја поминал цртајќи глупости и останал на тоа ниво, убедувајќи се дека создал нешто, а појма нема. Кај Саво кој ќе помине обука, барем ќе совлада практична работа и ќе научи нешто конкретно. Лошо е што многу често помеѓу вработените се прераскажуваат лоши работи и тоа зема замав, па се добива впечаток дека нешто не чини. На сите кои сакаат да конкурираат нека конкурираат. Таа фирма барем нуди работни места. Видете ги огласите кои се објавуваат. Само глупости. Овдека барем ќе имате прилика да работите во одржување, каде се бара умешност, искуство и огромно знаење, во КАМ станица, каде е потребна креативност брзина и точност или пак на производни линии каде се бара знаење и ангажираност. Се работи нормално. Најнормално како и во секоја фирма и подобро одошто од фирми каде газдите содзале малку, или со туѓ грб, а се однесуваат како да се нешто големо. Оваа компанија има што да понуди, но бара и ангажирање на вработениот. Бара дисциплина и сериозност. Ова ви го велам најискрено. Не сум поткупен од Саво. Дури имам и причина да зборувам лошо, но тогаш не би бил објективен. Навистина сум изненаден од лошите коментари за оваа компанија. Ваква компанија нема во околинава, односно таква идеја и таков развој. Јас одамна не сум таму, но објективноста ме натера да ви ја оставам мојава препорака. Кому не му се допаѓа, нека си замине или нека не конкурира. Но не треба да се пишува сé и сешто. И никаде не е идеално. Светот нема да ве гали. Излезете сами на ветрометината на бизнисот, па вработувајте несериозни луѓе. Да ве видам!
Саво, главом и брадом.
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
69
Поени од реакции
52
Прочитав, дека првите 3 месеци воопшто не ни плаќал, сеуште ли е така ?
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.615
Поени од реакции
3.931

Како е можно законски да се изведе тоа, и зарем има будали што сеуште би прифатиле да работат 3 месеци без плата :eek:
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
69
Поени од реакции
52
Како е можно законски да се изведе тоа, и зарем има будали што сеуште би прифатиле да работат 3 месеци без плата :eek:
Незнам, јас на темава што прочитав на назад некоја страна затоа прашувам,иначе исто мислење имам како тебе не верувам дека може законски тоа да се изведе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.232
Поени од реакции
84.218
Господо! Налетав на овие коментари. Навистина е ужасно да се коментира на ваков начин. Јас работев во оваа фирма, во два наврати, неколку години. Имам право да го дадам моето мислење, кое нема баш да се совпадне со наведените. Бев важна карика во синџирот на работењето на оваа компанија. Напуштив од мои причини. Тоа е компанија, која е ретка од овој вид. Компанија која работи на база на уникатен квалитет, точна испорака и високи побараувања од страна на клиентите. Тоа го постигна Саво! Од таа причина, во компанијата нема место за денгубење, блефирање, нестручност. Јас бев во одржување и често бев нервозен поради „децата" кои ракуваат со машините и кои можеби и до ден денес на научиле како се ракува со нив. Нормално е дека секој што ќе конкурира мора да помине обука. Нема место за седење во канцеларија и работење навидум нешто важно, а без резултати. Од таа причина и доаѓа до напната атмосфера. Голем број од луѓето кои продефилираа таму очекуваа дека денот ќе им помине и платата ќе стигне. Така беше во некогашните фирми во кои работев претходно. Од факултет во конструктивно одделение и као нешто се создава. Замислете личност на 50 годишна возраст, кој кариерата ја поминал цртајќи глупости и останал на тоа ниво, убедувајќи се дека создал нешто, а појма нема. Кај Саво кој ќе помине обука, барем ќе совлада практична работа и ќе научи нешто конкретно. Лошо е што многу често помеѓу вработените се прераскажуваат лоши работи и тоа зема замав, па се добива впечаток дека нешто не чини. На сите кои сакаат да конкурираат нека конкурираат. Таа фирма барем нуди работни места. Видете ги огласите кои се објавуваат. Само глупости. Овдека барем ќе имате прилика да работите во одржување, каде се бара умешност, искуство и огромно знаење, во КАМ станица, каде е потребна креативност брзина и точност или пак на производни линии каде се бара знаење и ангажираност. Се работи нормално. Најнормално како и во секоја фирма и подобро одошто од фирми каде газдите содзале малку, или со туѓ грб, а се однесуваат како да се нешто големо. Оваа компанија има што да понуди, но бара и ангажирање на вработениот. Бара дисциплина и сериозност. Ова ви го велам најискрено. Не сум поткупен од Саво. Дури имам и причина да зборувам лошо, но тогаш не би бил објективен. Навистина сум изненаден од лошите коментари за оваа компанија. Ваква компанија нема во околинава, односно таква идеја и таков развој. Јас одамна не сум таму, но објективноста ме натера да ви ја оставам мојава препорака. Кому не му се допаѓа, нека си замине или нека не конкурира. Но не треба да се пишува сé и сешто. И никаде не е идеално. Светот нема да ве гали. Излезете сами на ветрометината на бизнисот, па вработувајте несериозни луѓе. Да ве видам!
не сум го прочитал овој пост

нема везе кажаново

Додатно на се, некои што работеле таму тврдат дека истураат хемиски срања у река, скришно. Ако си вработен ќе знаеш.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.615
Поени од реакции
3.931
Незнам, јас на темава што прочитав на назад некоја страна затоа прашувам,иначе исто мислење имам како тебе не верувам дека може законски тоа да се изведе.
Било може тоа некогаш, сега нема работници ете ги хај тек цело време објавуваат огласи за оператори
 
Kajgana Shop

На врв Bottom