Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
25 март 2024
Мислења
2
Поени од реакции
0
а дали сепак треба да го пријавиме тој прилив во УЈП? или во случајот едноставно си ги повлекуваме на сметка и тие ќе ни бараат докази доколку е навистина поседуван над 2 години?
Ова е многу добро прашање! И мене ме интересира истово.
Дали ако продадеме акции кои сме ги чувале повеќе од 2 год. би требало да пријавиме во УЈП, да прикачиме доказ/извештај од IBKR дека сме ги поседувале повеќе од 2 год, и во полето за плаќање данок да ставиме 0ден?
Има некој веќе пробано па да сподели искуство?
 
Член од
10 мај 2014
Мислења
7
Поени од реакции
1
Да, исто е како за секоја друга капитална добивка. Само ги прикачуваш извештаите во кои се гледа кога си купувал и продавал и по која цена.
@SuperTrader и за crypto си пријвавувал добивка од Skrill во УЈП и не си имал никаков проблем? Ги пишува кратенките во извештајот (како пр. тргување со BTC) и со тоа немаат никаков проблем?

Некој друг, што пријавувал добивка од crypto, да го потврди или негира ова?
 
Член од
2 јануари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво на сите

Користам IBKR за тргување и деновиве сакав да направам wire transfer за депозит на мојот акаунт. Стопанска банка меѓудругото бара и "потпишан" договор, што во делот на Other reports - Supplemental на IBKR тоа е Account confirmation letter with Costumer agreement. Oваа опција ја немам повеќе, а знам дека ја имав затоа што не ми е прв пат да правам депозит преку wire. IBKR потенцираат дека овој документ е достапен за руски клиенти. Преку комуникација со costumer service тие ми кажаа дека неможат да ми го достават тој документ и покрај тоа што им кажав конкретно дека ми треба формата на документот која му ја доставуваат на нивните руски клиенти. Како опција ми предложија "потпишан" извештај од моето тргување на платформата, која јас им ја предложив на Стопанска на што одбија бидејќи праксата секогаш била со потпишани договори.

Ме интересира вие кои правите трансфери со wire преку Стопанска дали во последно се имате соочено со овој проблем и дали некој знае зошто таа опција која во минатото сум ја имал - да генерирам Account confirmation letter with Costumer agreement веќе ја немам?

Ви благодарам
 
Член од
31 март 2024
Мислења
22
Поени од реакции
4
Ова е многу добро прашање! И мене ме интересира истово.
Дали ако продадеме акции кои сме ги чувале повеќе од 2 год. би требало да пријавиме во УЈП, да прикачиме доказ/извештај од IBKR дека сме ги поседувале повеќе од 2 год, и во полето за плаќање данок да ставиме 0ден?
Има некој веќе пробано па да сподели искуство?
Звучи како добро прашање за финансиски советник или да се консултирате со финансиски експерт.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
Знам дека има тема македонска берза, но тука е поактивно.
Дали македонски акции имат излез на некоја странска берза?
Кој е најлесен начин за мене ( живеам странство ) да тргувам со мк акции? Физички не сум во можност да посетам филјали, дали имаме некое онлајн решение кај што можам да тргувам самостојно, без брокери?
Доколку не, опција би ми било да купувам од странски берзи, доколку има можност нели.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.646
Поени од реакции
5.357

Ne e odgovor na tvoeto prasanje ama imam drugo prasanje za tebe. Ako ne se lazam vo ista drzava sme kade dvata najgolemi brokeri sto gi znam ne davaat trguvanje nadvor od rabotno vreme na berzite

Znaes nekoj broker sto go ovozmozuva ova?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
Ne e odgovor na tvoeto prasanje ama imam drugo prasanje za tebe. Ako ne se lazam vo ista drzava sme kade dvata najgolemi brokeri sto gi znam ne davaat trguvanje nadvor od rabotno vreme na berzite

Znaes nekoj broker sto go ovozmozuva ova?
Ние бараме намалување на работното време, не зголемување:P
Пробај тука, не ги знам лично ама добив инфо само за овој брокер.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.646
Поени од реакции
5.357

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали некој од вас го фати бранот за ImmunityBio, Inc. (IBRX)?

Гледам е апла "жешка" по интернет, некои се оптимисти дека ќе оди уште многу нагоре, други дека е прашање на ден да отиде надоле. Мислења?

Бтв, еве го тригерот за раст:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
На неколку наврати беше побарано од мене да ја ажурирам мојата првична анализа на странски акции: Како работи Endava и како котира нејзината акција $DAVA?

Post | Feed | LinkedIn
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Анализа на странски акции: InMode $INMD

InMode е израелскa комапанија, производител на минимално инвазивни уреди за естетски третмани на лицето и телото.

Во анализата се презентирани силните и слабите страни на компанијата, очекувањата за нејзината иднина, финансиските податоци и можниот катализаторот за иден раст на цената.

Акцијата на $INMD e дел од портфолиото на Opfolio.

Акциите на InMode сè уште се тргуваат за 80% пониско од максималната вредност која ја достигнаа кон крајот на 2021 година.

Ова драстично намалување на цената треба да е добредојдено кај долгорочните инвеститори бидејќи нуди значителна маргина за безбедност.

Post | Feed | LinkedIn
 
Член од
10 мај 2024
Мислења
2
Поени од реакции
1
Јас секогаш депонирам средства од кредитна картичка (издадена од НЛБ), никогаш преку банкарски трансфер. Т212 наплаќа провизија 0.7%, но и банката би наплатила сигурно, а на овој начин нема чекање и средствата ги имаш веднаш на располагање.
Може да ми кажеш дали си депонирал во последно време? Јас уплаќав до минатиот месец преку дебитна картичка од Шпаркасе без проблем но сега ми ја одбива трансакцијата. Пробав со картичка од Комерцијална, исто.
 
Член од
26 јули 2023
Мислења
42
Поени од реакции
24

Немам депонирано во последно време. Ми се чини дека повеќето акции се преценети, па чекам корекција. Не знаж зошто одеднаш би имало проблем со уплата со картичка, да не е проблемот кај нашите банки? Да не треба евентуално да ажурираш податоци?
 
Член од
5 април 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1
Може да ми кажеш дали си депонирал во последно време? Јас уплаќав до минатиот месец преку дебитна картичка од Шпаркасе без проблем но сега ми ја одбива трансакцијата. Пробав со картичка од Комерцијална, исто.
И јас претходните месеци успешно уплаќав со дебитна на Комерцијална, но вчера пробав и ми ја одбива трансакцијата, најверојатно ќе треба да се јавиме во банките да прашаме каде е проблемот.
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Мислам дека е проблемот кај Trading212. Вчера имав проблем со мојата картичка од НЛБ сабајле, потоа пробав пак накај 19:30 и трансакцијата беше успешна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom