Марихуана во Македонија
...дали ние воопшто знаеме дека легализација на растот на марихуаната за медицински цели кај нас од 2016 год, со законски регулирано право на одгледување и извоз на медицински канабис, но не и производство под државна капа под изговор (многу лабав според мое мислење) дека ќе се придонесе приватните компании да се залагаат поради конкурентноста за изработка на подобар производ од марихуана, а со тоа и поквалитетно лечење со видлив ефект, но дали е тоа така?
...легализацијата на канабисот за медицински цели од инвеститори во приватните компании, според моменталниот донесен закон кај нас, дозволено е да се одгледува марихуаната, да се обработува и да се дистрибуира потоа САМО КАКО ГОТОВ ФИНАЛЕН ПРОИЗВОД, дали тоа ќе биде во вид на тинктура, екстракт или масло, но не смее да ја извезуваат марихуаната во било која форма свежа, сушена или смрзната.
...кај нас финалниот производ на марихуана како медицински лек се класифицира според содржината THC, ај да видиме што беше тоа?
марихуаната, конопот, тревата, канабисот како сакаме да ја наречеме содржи стотина соединенија наречени канабиноиди, за нас интересни CBD (без психоактивни својства) и THC (со психоактивни својства), кои предизвикуваат реакции слични на дрога во организмот.
...
THC е делта-9-тетрахидроканабинол, главната психоактивна состојка во растението канабис и тоа е тоа „хај фај стерео високо чувство“ кога се пуши марихуана, американската агенција за борба против дрогата (DEA) стои позади факт дека марихуаната се злоупотребува и дека нема моментална медицинска употреба, и покрај тоа што марихуаната е легална во некои градови и држави, вклучително и за медицински цели,
THC доаѓа во три вообичаени форми, билки, хаш/хашиш и хаш масло, но билната сорта е најпопуларна и е направена е од сушени листови и цветови од канабис, или пупки, кои се пуши или може да се додаде во храната или пијалоците, додека Хаш е цврста супстанца слична на паста која се прави со компресирање или прочистување на смолата од пупките, а најсилна форма е маслото од хаш која се добива кога смолата во хашот се екстрахира во нејзината најчиста форма.
...
CBD (без психоактивни својства) освен во класичните форми што ги спомнав го има во лепенки, локални лосиони, а и како активната состојка во првиот лек направен од состојка на марихуана одобрена од ФДА (2018 год ) за лекување на епилепсија и детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и синдром на Дравет - лек Epidyolex (просечната цена на шише Епидиолекс од 100 ml е околу 1.235 долари, во Италија, цената на шише Epidyolex од 100 ml е околу 1.500 евра. ова за ориентација за цената што значи марихуана и соединенијата канабиноиди во неа).
...
CBD и THC во комбинација, во лек Sativex за примена во хемотерапија против рекурентен глиобластом, со што се покренала и понуда за финансирање на медицинско испитување на спреј за уста базирана на канабис за третман на најагресивната форма на тумор на мозокот со просечно преживување помало од десет месеци, така да добротворната организација за тумор на мозокот покренала апел да се соберат 450.000 фунти за финансирање на тригодишната шема со што Sativex, кој содржи мешавина од THC и канабидиол (CBD) беше одобрен за употреба во NHS во 2019 год за лекување на мускулни грчеви поврзани со мултиплекс склероза.
...кај нас според Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) како официјална институција под ингиренции на влада дава дозвола за готови препарати од марихуана кои можат да се извезат (продаваат) во три вида, во зависност од содржината на ТHC во производот:
- како храна – под 0,001% THC,
- граничен производ – помеѓу 0,001% и 0,2% THC (исто така производи од канабис кои имаат малку THC, но содржат други канабиноиди, како што е CBD, спаѓаат во оваа група),
- медицински препарат– над 0,2% THC,
Агенција за лекови и медицински помагала е официјално тело што дава дозвола за извоз на производи и лекови од граничната линија.
...Канобил Канц, како лек издаден само со препорака на рецепт (кое содржи поголема концентрација на
THC ) , може да се употребува кај возрасни пациенти како дополнителна терапија на стандардната терапија за малигни заболувања, за подобрување на симптоми на:
-болка
-гадење и повраќање предизвикани од промена на хемотерапија кај пациенти кај кои стандардната терапија со други лекови против повраќање не ги дава очекуваните резултати.
- малигни заболувања како : карцином на дојка, глиом, леукемија и лимфом, белодробен карцином, карцином на колон.
@Bafra ,
сега како поента на цело ова објаснување, сите овие податоци и препарати кај нас применети од 2016, ако направиме така рандом улична анкета, па и низ здраствените ординации, дали сме запознати и има некои резултати или задоволство од пациенти или дали си слушнал кражба на истите (како готови препарати од марихуана) доколку цената е висока ?
си слушнал ли? јас мислам НЕ,
...ама затоа сме слушнале разни кражби ненајдени во големи количини со висок износ на сторена штета на растението како такво сушено ли свежо ли, како марихуана, затоа што таа концетрација од овие сите препарати не е доволна што напишав во предходен коментар, за разлика од појаката концентрација која ја прават нелегално од токму таа ненајдено исчезната марихуана за која не сум слушнала дека има одговорност или да се дигне голема фама околу тоа, нели приватни фирми се ангажирани околу тоа, дали ги знаеме „тие фирми“ кои имаат дозволи за раст/одгледување/дистрибуирање на марихуана?
и не е проблем во контролата, туку во имање „редовни консументи“ намерно не пишувам пациенти, зошто не знам тука колку е присутна хуманоста со цел за оздравување на пациентите под капа на државата или само терање на бизнис на приватни фирмите со лиценци, тешки зборови знам, тоа не е веќе медицина, но тоа е тоа, тешка пара се врти!
...до тука, нема да продолжам тоа ќе треба во подфорум за политика за тоа кои политичари на која власт и во кое време и кои пари вртат во тие бизниси со марихуана во Македонија.
уф, се уморив!