Повторно Нагорно Карабах ?

Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Пакс Америка ти е проблем ?

Абе таа америка, каква таква, од нејзини причиние се разбира, не дозволи да се распадниме како држава во овие 30 и кусур години на постоење. И се разбира дека директно учествуваше во сите наши преговори да ги поминиме помирно.

И со оглед на нашата способност, јас сум задоволен каква држава имаме во моментов. Европа има прична зошто се плаши да останат сами на себе, без репресијата од САД.

Иначе нема Албанците да бидат тие кои ќе не надвладеат, туку тоа ќе бидат тие кои ќе сакаат да живеаат во државава.

И те советувам да не се нервираш, затоа што и Бугарите ќе ги внесиме во уставот и ќе го затвориме и тој дел во иднина, само нема да биде тоа сега во моментов.
Така де, треба жртвите на мафијата да им бидат благодарни на мафијашите бидејќи не им ги уништиле продавниците и домовите, и бидејќи не им ги смениле личните описи, а можеби и животните векови со датуми на смрт која не настапила по природен пат, додека за возврат им наплаќат дневна, неделна или месечна рекет такса.

Отприлика ова е наједноставниот опис на твојот став, им велиш на Чехословаците да им ја предадат Судетската област на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија во замена за долготраен мир.

А откако помалку од 6 (ШЕСТ) месеци подоцна Хитлер и нацистите ја окупираат цела Чехословачка, велиш дека не смееме да си дозволиме таквиот развој на настаните да не одвлече од нашата најголема цел: долготраен мир.

Каква и да е способноста на Македонците, треба да бидат оставени самостојно да си ја изградат или уништат сопствената држава, а не со помош од надвор.

Тие кои сакаат да останат да живеат во Македонија ќе останат или доколку државата им овозможи пристојни и достоинствени услови за живот, или доколку имаат дебел капитал на сопствено лично конто кој ќе им овозможи да ги заобиколуваат законите или да си поигруваат со законите за своја лична корист. Останатите на кои ќе им пукне филмот бидејќи без разлика колку и да се трудат да ги почитуваат законите и да придонесат за понатамошен опстанок на државата, на крајот повторно се третирани како непосакуван нус производ и/или заменливи корисни идиоти/топовско месо од страна на државата за чиј што опстанок придонесуваат лично и директно, ќе си ги соберат парталите и ќе си фатат џаде во странство, без разлика што рекле САД, НАТО, ЕУ, Русија, Кина или било кој друг.

И што ако ги внесеме балканските татари во Уставот, тоа ќе биде крај на анти-македонизмот и на анти-македонските барања од останатите држави членки на ЕУ, почнувајќи од балкански татарстан ?

Ова е исто како да го прашуваш Хитлер после 15 март 1939 дали сега е дефинитивно задоволен откако ја окупираше цела Чехословачка, или повторно ќе бара туѓи територии.

Одговорот ќе го добиеш за помалку од 6 (ШЕСТ) месеци подоцна, на 1 септември 1939, па потоа повели чешај се.

Не знам за тебе, но јас лично мислам дека не можеме повеќе да си дозволиме луксузи од типот на понатамошно удоволување на анти-македонските соседи со кои Македонија се граничи.

Прашање на време е кога ќе мора да се избере ужасен крај - зависи за кого како, или ужас без крај - повторно зависи за кого како.

Но најважно е во таквиот избор да не ни помага никој од надвор, почнувајќи од нашите таканаречени пријатели и сојузници, а завршувајќи со нашите анти-македонски соседи.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431

Ова се патетики.

Јас сум само реален, за тоа кај се најдувам и каква е состојбата кај нас и во светот.

Иначе да се вратиме на муабетот. Ерменија е во послична ситуација со Чехословачка во 1939 отколку ние.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Јас лично сум оптимист, не затоа што имам некои заблуди од аспект на тоа дека кога САД ќе ги снема автоматски за нас Македонците ќе биде подобро. Но сметам дека после САД ќе имаме можност да направиме да биде подобро - можност каква сега немаме, и не можеме да имаме се додека САД е хегемон и како таков ги држи УЧК како сатрапи (не само во Македонија, туку и пошироко во регионов).

Но зошто не ни олесниш и на двајцата, и веднаш не го кажеш твоето worst case сценарио... Пошто очигледно на тоа целиш, дека после САД смак света ќе биде.
Значи само си оптмист дека подобро ќе биде и ништо друго. Толку параграфи за геополитика, моќната Русија треба да победи и дека САД треба да пропадне за ние да се ослободиме за накрај само јас сум оптимист дека ќе биде подобро зашто сега немаме можност. За накрај стандард некаква претпоставка, фанови на сад, северџани, нафо, мафо.
Некако за таков борец за Македонија ми е ептен песимистички. Според мене има многу работи што може(а не ги правиме) да направиме за да ја подобриме ситуацијата кога(ако) дојде тоа време каде и сега ќе влијае. САД нема да пропадне, сакал или неќел ти. Намалувањето на глобалното влијание и те како ќе им се намалува заради други.

Еве да речеме САД се тргне од Македонија, со моменталната ситуација и спремност на нас како народ без надворешна помош најверојатно ќе бидеме етнички исчистени од цела западна Македонија и Скопјемце. Ако ние ко народ не сме спремни и немаме желба и се плашиме сега барем нешто да смениме не гледам што тогаш би било различно кога САД ќе престане да биде хегемон и да престане со подршка на УЧК. Еве и ти очекуваш некако магично наеднаш да се смени ко повеќето.

Инаку Ерменија се надевам нема да те послуша и да им се случи некаков бунт. Тоа ќе биде искористено и ќе им остане можеби само Ереван.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Ова се патетики.

Јас сум само реален, за тоа кај се најдувам и каква е состојбата кај нас и во светот.

Иначе да се вратиме на муабетот. Ерменија е во послична ситуација со Чехословачка во 1939 отколку ние.
Па да, беа патетики во 2001 година, па сепак од САД и ЕУ ни ги испратија таканаречените олеснувачи Џејмс Пердју и Франсоа Леотар за да ни "помогнат" да потпишеме рамковен договор во Охрид.

Слични патетики ги истеравме со "помош" од САД, НАТО и ЕУ во 2004 година со новата територијална организација на локалната самоуправа, па во 2018 година со договорот од Нивици, па еве и сега со фамозниот француски предлог, и бројни други патетики кои за жал се реалност во македонското општество бидејќи се законски правосилни.

Проблемот за жал не е толку многу во патетиките, колку што е во таканаречените пријатели и сојузници кои ни "помагаат" во спроведувањето на таквите патетики на дело.

И да, денес Ерменија е во многу слична ситуација како Чехословачка во 1939 година, а како последица на нивната актуелна влада која практикува патетики многу слични на анти-македонските патетики, на добар пат е да заврши како Чехословачка после 15 март 1939.

Разликата е во тоа што Македонците во 1939 година немале сопствена држава, а Ерменците денес имаат, и поучени од геноцидот извршен врз нивниот народ во 20-от век, како и од чехословачкото сценарио од 1939 година, треба сериозно да размислат во кој правец сакаат да се движи нивната држава, особено со оглед на фактот дека нивната актуелна влада се крсти во сојузниците на потомците на извршителите на геноцидот врз Ерменците во Првата Светска Војна, додека истите тие потомци на истите тие злосторници денес го помагаат Азербејџан.

Како што Евреите од Адолф Хитлер и Нацистичка Германија би можеле да бараат помош единствено за нивно трајно и целосно истребување во облик на Конечното решение, така и Ерменците можат да добијат помош од сојузниците на Турција единствено во облик на чехословачкото конечно решение од 15 март 1939, ако не и полошо.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.726
Поени од реакции
33.971
Пакс Америка ти е проблем ?

Абе таа америка, каква таква, од нејзини причиние се разбира, не дозволи да се распадниме како држава во овие 30 и кусур години на постоење. И се разбира дека директно учествуваше во сите наши преговори да ги поминиме помирно.

И со оглед на нашата способност, јас сум задоволен каква држава имаме во моментов. Европа има прична зошто се плаши да останат сами на себе, без репресијата од САД.

Иначе нема Албанците да бидат тие кои ќе не надвладеат, туку тоа ќе бидат тие кои ќе сакаат да живеаат во државава.

И те советувам да не се нервираш, затоа што и Бугарите ќе ги внесиме во уставот и ќе го затвориме и тој дел во иднина, само нема да биде тоа сега во моментов.
Хаха, а како тоа САД не „заштити да не се распаднеме“?
Ваљда затоа ни ги држат УЧК како сатрапи и управители? Од што многу не сакаат и не дозволуваат да се распаднеме. Така размислуваш, а?

Jaс па мислев не постираш на геополитичките теми пошто ти дошол паметот и не сакаш да ретерираш... Колку само сум згрешил. :)
Инаку да ги прашаш Европјаните - доморотците, не доселените црнци цигани и арапи - дали би сакале да „останат“ без САД а со изобилството што имаа пред САД да им ја сjeбe економијата - повеќето со функционален мозок секако би одговориле ДА (освен лгбтп култот се разбира, и корисните идиоти).
 
Убаво е вака да си фантазираме на темата геоплитика и за тоа каков битен фактор сме на глобалната сцена.

Еве последно вести од Европа:
- Постирав пред некое време за тоа која е трета најпопуларна партија во Франција, мислам и дека коментираше на тоа. Целосно про американски. Така да нема во Франција ниту една позначајна партија која е против САД, а уште помалце против ЕУ.
- Вилдерс во Холандија се откажа од идејата за излегување од ЕУ, затоа што заклучиле дека од економска гледна точка е премногу исплатливо да останата во ЕУ и да ја реформираат одвнатре.

Mожеме ние да одиме контра, има држави кои функционираат успешно долги години така. На пример што и фали на Венецуела, или пак Куба која е во таква ситуација повеќе од 70 години.

Иако се сомневам дека ќе дојдиме во таква ситуација, затоа и не коментирам многу политика, затоа што кај нас се е стабилно и детерминирано. Еве на овие избори има една партија која е ЦЕЛОСНО против сите наши договори и против НАТО. Ќе видиме колку гласови ќе собери на изборите, па ќе знаеме колку луѓе стварно се против.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989

Слично е и во Германија. ЦДУ е уште повеќе проамерички настроена отколку нс пример Зелните.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.726
Поени од реакции
33.971
Состојбата ја знаеме, муабетот е дали тоа вам ви личи на „демократско уредување“. Со други зборови, дали навистина народот (Германците) се за ропство под САД? И тоа што некоја маргинална партија во МКД е антиамериканска, тоа што таа партија нема да ги добие изборите - дали тоа е некаков показател за волјата на народот? Или е показател за моќта на САД да наметна целосно контрола врз структурата на власт на своите вазали (робови, во нашиот случај).

И @teneke не ми одговори како тоа САД не „заштити да не се распаднеме“ со држење на УЧК како сатрапи и управители овде?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
И @teneke не ми одговори како тоа САД не „заштити да не се распаднеме“ со држење на УЧК како сатрапи и управители овде?
Не знам зошто ме прашуваш ова, затоа што ако одиш со тој поглед на работите, тоа е ептен наивно од тебе.

Ај да направам паралела и да се вратиме на темата.

Одоговорот е затоа што во геополитиката нема 'другарство' туку има интереси, затоа и Русија жонглира (балансира) меѓу Ерменија и Азербеџан и гледа да не си ги наруши односите со едната или другата држава.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.726
Поени од реакции
33.971
Не знам зошто ме прашуваш ова, затоа што ако одиш со тој поглед на работите, тоа е ептен наивно од тебе.
На крај ќе испадне дека уствари јас кажувам инфантилни наивности како „САД не заштити да не се распаднеме“.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.376
Поени од реакции
6.513
Пакс Американа да не ја предложи Сан Стефанска Бугарија можда? Или тоа пу пу не се десило. Ама не, кога ќе дошле русите да го водат светот, ќе ни искочеле у пресрет за све, или у најмала рака немало да ни се мешаат.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.179
Поени од реакции
22.779
Зошто останувате на Сан Стефанска Бугарија, дали се сеќавате Рим кога не освои и не подели пред ~2000 години?? И сега тука гледам наивни луѓе во Италија гледаат пријател, да бевте нормални ќе прекиневте секакви односи со наследниците на нашиот крвен непријател.

Па и Иранците не ги заборавајте, колку пати Персија има доаѓано тука со аскер?

Кога спомнав аскер, се што е турско да се забрани, секаков прекин на односи со Туркије, 500 години под ропство бевме ало.

А да и Австрија никако не смее да се заборави, па кој го запали Скопје во 1594 година? Путин, Бајден или Пиколомини?

Доста со полумерки, време е да расчистиме со нашите историски непријатели еднаш засекогаш!
 
Абе све супер тоа, само што не го порекнува историскиот факт и геополитичкиот интерес на големите сили. Секогаш на русите побитни ќе им бидат Бугарите, Грците и Албанците. Како што истото важи за западот. Тоа ако несакаш/неможеш да го сфатиш, не е мој проблем.
 
Не знам, времињата се менуваат, којзнае како ќе изгледа наредниот век но да се спамува за настан пред 150 години и тој да e водич за надворешната политика на Македонија е ретардирано според мене али секој си има право на свое мислење.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.726
Поени од реакции
33.971
Интересно би било да се види, ако во Македонија се донесат вакви мерки како ова подолу - колку од the usual suspects (и нивните бројни дупликат акаунти) ќе останат активни на форумов и општо било каде.

Kajgana Shop

На врв Bottom