- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.952
- Поени од реакции
- 12.362
Така де, треба жртвите на мафијата да им бидат благодарни на мафијашите бидејќи не им ги уништиле продавниците и домовите, и бидејќи не им ги смениле личните описи, а можеби и животните векови со датуми на смрт која не настапила по природен пат, додека за возврат им наплаќат дневна, неделна или месечна рекет такса.Пакс Америка ти е проблем ?
Абе таа америка, каква таква, од нејзини причиние се разбира, не дозволи да се распадниме како држава во овие 30 и кусур години на постоење. И се разбира дека директно учествуваше во сите наши преговори да ги поминиме помирно.
И со оглед на нашата способност, јас сум задоволен каква држава имаме во моментов. Европа има прична зошто се плаши да останат сами на себе, без репресијата од САД.
Иначе нема Албанците да бидат тие кои ќе не надвладеат, туку тоа ќе бидат тие кои ќе сакаат да живеаат во државава.
И те советувам да не се нервираш, затоа што и Бугарите ќе ги внесиме во уставот и ќе го затвориме и тој дел во иднина, само нема да биде тоа сега во моментов.
Отприлика ова е наједноставниот опис на твојот став, им велиш на Чехословаците да им ја предадат Судетската област на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија во замена за долготраен мир.
А откако помалку од 6 (ШЕСТ) месеци подоцна Хитлер и нацистите ја окупираат цела Чехословачка, велиш дека не смееме да си дозволиме таквиот развој на настаните да не одвлече од нашата најголема цел: долготраен мир.
Каква и да е способноста на Македонците, треба да бидат оставени самостојно да си ја изградат или уништат сопствената држава, а не со помош од надвор.
Тие кои сакаат да останат да живеат во Македонија ќе останат или доколку државата им овозможи пристојни и достоинствени услови за живот, или доколку имаат дебел капитал на сопствено лично конто кој ќе им овозможи да ги заобиколуваат законите или да си поигруваат со законите за своја лична корист. Останатите на кои ќе им пукне филмот бидејќи без разлика колку и да се трудат да ги почитуваат законите и да придонесат за понатамошен опстанок на државата, на крајот повторно се третирани како непосакуван нус производ и/или заменливи корисни идиоти/топовско месо од страна на државата за чиј што опстанок придонесуваат лично и директно, ќе си ги соберат парталите и ќе си фатат џаде во странство, без разлика што рекле САД, НАТО, ЕУ, Русија, Кина или било кој друг.
И што ако ги внесеме балканските татари во Уставот, тоа ќе биде крај на анти-македонизмот и на анти-македонските барања од останатите држави членки на ЕУ, почнувајќи од балкански татарстан ?
Ова е исто како да го прашуваш Хитлер после 15 март 1939 дали сега е дефинитивно задоволен откако ја окупираше цела Чехословачка, или повторно ќе бара туѓи територии.
Одговорот ќе го добиеш за помалку од 6 (ШЕСТ) месеци подоцна, на 1 септември 1939, па потоа повели чешај се.
Не знам за тебе, но јас лично мислам дека не можеме повеќе да си дозволиме луксузи од типот на понатамошно удоволување на анти-македонските соседи со кои Македонија се граничи.
Прашање на време е кога ќе мора да се избере ужасен крај - зависи за кого како, или ужас без крај - повторно зависи за кого како.
Но најважно е во таквиот избор да не ни помага никој од надвор, почнувајќи од нашите таканаречени пријатели и сојузници, а завршувајќи со нашите анти-македонски соседи.
Последно уредено: