Мене ме интересира нешто.
Во една хуманитарна организација каде сум член, имаше една акција за една жена самохрана мајка на три деца со многу лоша судбина, беше објавено по портали, шернато од многу луѓе и еден тип сакаше да и донира 30 000 денари. Таа ги зела парите, ама биле на нотар и потпишала дека кога ќе може во рок од 2 години, дали топтан или на рати да му ги врати парите, во спротивно ќе ја тужи. Таа не ни кажа за нотарот и поминаа време, кога и текна дека кај и да е ќе дојдат тие две години е тогаш ни кажа, ајде собравме нешто за една третина да му уплатиме на типот и тој рече не сакам пари да ми се враќаат, тоа од срце е од мене за неа. И во ред се заблагодари секој и тоа е тоа. Ова кога беа собрани парите беше пред три месеци.
И сега, типот пиша на меил до каде е жената со враќање на парите, зошто кој ќе се влече по судови.
Беда и мизерија.
На суд, ако стигне до тоа, може ли пораката кај што кажува дека е подарок да биде некоја олеснителна околност или да не чекаме да дојде до таму за џабе ако само е битен нотарскиот договор, па да му уплатиме на дебилот и да се спаси женава?
Не сум имала ни сум слушнала за ваков или сличен случај, не можам да најдам податоци, па ако знае некој нешто...